Јас таа во црвената амбалажа ја користев, супер е одлична за комбинирана, масна кожа барем на мене ми одговара многу. Таа во розевата е мат и би требало да биде стрикно за мрсна кожа само. Црвената не е мат 100% А другата сребрената, можеби е за по сува кожа.
Да, но да знаеш за разлика од др пудри што се во шишенце, овие побрзо се трошат таа е единствената маана
Предлог пудра за масна кожа особено во т зоната? Не ми е битна цената, битно ми е да чини,залудно фрлам пари за да изгледам како зејтин да имам на лице. Ја купив последно на Кико милано 2in1, ми ја пофалија таму како најдобра за масна кожа ама пудрата ми е ужас, после ја купив на аура новата hydra matte, ист резултат како со кико милано, после 2h со се сетирање ми се лизга од лице и ужасно свети.Исто и на корејски бб креми изнадавав пари ама ич не ми одговараат, мрсни ми се многу. Најдобра пудра ми била на LLUMS true skin, за смешни пари топ пудра само им се темни нијансите, летото ја пројдов со неа ама сега ми е темна. Оние што сте со масна кожа, понудете ми добра пудра
Таа стварно е супер, ја користев пред 2 години само си ја згрешив нијансата, бев бледа. Можеби ќе ја земам бидејќи ми одговараат такви пудри со "побрашнест" мат финиш.
Дали е финишот баш сув и мат или онака похидратантно делува? Овие од вториот тип не ми одговараат, а посувите да
Јас со мрсна кожа истата би ја препорачала, летово ја користев не светнував. Исто и погоре ја спомнале на Bourjois Air mat ама ја немало во Мкд скроз сув и мат финиш. Сега ќе ја купам евтина е на Голден роуз мат една, па ќе пишам како е.
Не е воопшто хидратантна, не знам зошто пишале луми. Не знам каква би била после неколку часа ако не пројдеш со камена/пудра во прав, бидејќи јас секогаш ставам.
Девојки, ве молам некоја што ги има пробано catrice HD i wet and wild photo focus да ми каже која е поубава и попрекривна? Исто така која нијанса од w&w одговара на catrice 10 нијансата? Мене катрис ми е убава ама гледам доста ја фалат другава па сакам да слушнам искуства, компарација на двете пудри. Благодарам
Ја користев оваа и исто така од Голден Роуз 2во1 пудра-коректор, немав потреба од сетирање одлично си ја вршат работата и се е доста покривни
Каква покривност има? Следно планирав да ја земам, пошто сите ја споредуваат со Армани luminous silk. Не сум имала време искрено да и се посветам и да си најдам соодветна нијанса.
Catrice е поубава, доколку не ти ствара акни како мене. WnW е многу полесна, помалку покривна и има чуден мирис. Мене лично не ми е ништо посебно. Ако сакаш покривна и трајна ти ја препорачувам на Мејбилин таа поназад што ја ставив.
На катрис ја користам последниве неколку месеци, баш таа нијанса. Наменета е за масна кожа, па ми одговара. Покривната моќ е солидна, ми ги покрива подочњаците, покрива и поситни акни и црвенила. Задоволна сум, сѐ зависи каков тип на кожа имаш, ако имаш сува можно е да не ти одговара. Вторава ја немам користено, ама да, доста ја фалат. Во ДМ ја пробав на рака, мислам дека најсветлата нијанса би одговарала на катрис 010. Најубаво е да ги пробаш па да споредиш, прашај некоја вработена во ДМ, повеќе ќе ти помогне. Штета што не даваат мали тестерчиња/samples за дома, како во други земји.
Можеш да ставиш тенок слој и да биде средна бидејќи е баш течна, но можеш и два слоја и да добиеш баш добра покривност, а нема да се изгледа cakey.
Фала ти, инаку и таа на мејбилин ја имам пробано ништо подобра не ми е од катрис искрено.. Инаку имам нормална кожа, зависи каква крема ставам. Ми требаше совет чисто од некој што ги има пробано двете пудри и катрис и в&в за да направиме компарација во однос ма прекривност и трајност зошто не знам дали да сменам.. Само испробувам нешто и се враќам пак на катрис, ама оваа на в&в доста ја фалат па ради тоа се решив да прашам највеќе.
Девојки ако не е глупо прашањево што е тоа што го користат како пудра за контуинирање на личето таа потемната нијанса? И таа е некоја пудра или руменило мекое?