Мене многу ми легна Soft Glam Filter флуидот на Catrice, имам и стик. Дава убав glow boost, не е нешто покривна, ама изедначува тен. Не се познава баш дека имаш пудра, а кожата има сјај. Ако има тестери би ти препорачала да пробаш. Не мислам дека е за мрсна кожа, ама за комбинирана, нормална и можеби сува кожа, би била ок. За нијанси, има само три, барем кај нас толку видов, светла, средна и темна нијанса. Јас ја имам средната и ми е таман, а не сум нешто темна на лик. За секојдневна шминка ми е супер.
Јас се самоцитирам ама ја пронајдов совршената пудра и ја препорачувам на оние со масна кожа - NYX Cant stop wont stop
Женски дали ќе може да ми направите споредба помеѓу пудриве: Јас имам нормална кожа со доста масна Т-зона. Која ја препорачувате? Сакам да инвестирам во квалитетна пудра што ќе ја користам за посебни прилики, знам дека се прилично тешки. И дали има избор на нијанси? Имам прилично светол тен, која е најнеутрална нијанса?
Првата, ја имам користено многу пати, не е тешка како таа во туба, супер е за мрсна кожа. Има многу нијанси, јас за мојот тен ја земам 1n1 и 1n2 зависи кога како Таа во тубата има многу чудни нијанси.
Double wear, ти е тешка пудра, премногу пигментирана текстура, покривна (maximum cover), не би ја земала за секојдневна употреба во никој случај. Првата (double wear stay in place) ти е полесна, средно покривна, имаш многу нијанси и под тонови за избор, подобра за секојдневна употреба.
Дали има уште некој што ја користи оваа пудра? Ја имам користено одамна и знам дека ми беше супер ама сега гледам сменето пакувањето, дали пудрата е уште добра или да не си фрлам џабе пари?
Мене пудрата на Tir Tir воопшто не ми се допаѓа. Ај што тешко и споро се нанесува, има лоша текстура. Се познаваат сите пори и дупчиња на лицето и брзо светнува, не знам зошто имаше толкав хајп
Не знам дали е сменета, мнооогу многу одамна ја немам користено. Ама ја помнам како слабо покривна, па некако не знам. Онаа другата во тенко шишенце со пумпица беше поубава и многу покривна, а доста пријатна на лице. Natural velvet мислам дека се викаше, не знам дали сè уште ја има.
Не знам за пудрава. Мојот пост се однесуваше на членката што ја цитирав. За скроз други пудри збориме.
Time plus, seventeen, не нешто многу покривна, како бб крема би рекла. Ако имаш чисто лице ќе ти биде супер
И јас се согласувам со тебе, дури и јас не можам нијанса да си погодам, сите ми се некако светли, ептек како дух изгледам.
Девојки помош. Цел живот имам комбинирана кожа, периодов е посува, ама се трпи, нека е комбинирана. Последно земав најсветлите нијанси на Ревлон Колорстеј, како безживотна ме прави, бела. Другата на Дебора 24 оре и таа не ми одговара. Пред тоа користев бб кремата на Пурито, супер беше, откако ја сменија и таа ми двои многу и веќе не ми се допаѓа формулата. Друга пудра имам користено на Лореал во туба и bourjois healthy mix ама првата исто не ми беше нај нај, а другата не ми беше нешто покривна, имам акни. Ја пробав и новата на maybelline, таа многу убаво ми стоеше на лице, ама темна ми е најсветлата. Е сега, дали остана некоја да ми предложите со средна покривност за моево лице?
Јас од ова Тир тир сум позадоволна него ли од тоа во црвената опаковка. Ова што го имам јас е пудра без спф фактор и може и навечер да се користи. Јас го нанесувам во сосема мала количина, и не изгледа лицето вештачко или како да има премногу пудра. Со сунѓерчето лесно притискам , исто и на пластичното капаче , па дури потоа нанесувам на лице.
Пудрата е многу фалена за сува кожа, но мене и на комбинирана супер ми одговараше. Покривност средна кон пониска, многу е лесна и пријатна. Добра е за секојдневна шминка.
Оддамна им е сменета амбалажата на овие пудри, ја имам тестирано, ич не ми се допаѓа, јас не би ја купила.