Многу жолта најсветлава нијанса на Maybelline Lifter. Денес ја пробав и дефинитивно не е за мене. Штета, формулата баш ми се допадна ама тоа е.
Од Maybelline lifter ја земав 123 и баш ја утнав нијансата, а пудрата многу ми се допаѓа. Нијансата на лице делува многу портокалово плус оксидира. Денес ја проследив на золва ми, она е потемна од мене и добро и стои нијансава. Се мислам дали да ја купам повторно ама нијансата 117 или 119. BB кремата ми е одлична. Ја имам нијансата 40 и баш си ја погодив. Многу убаво се носи и на мојата кожа која е комбинирана со масна т- зона е супер.
Пудрава ја нема веќе никаде. Знаете ли каде да ја барам? Што се случи, ја укинаа ли? Преефтина, околу 450 денари а предобра ми беше за секој ден. Плус нијансата совршена. Следно ќе ја земам новата. Ја пробав онака само , ми се виде убава и гледам тука сте ја изнафалиле.
Која нијанса? Еве ги според табелата и ако мислиш за 112, не ми личи мене на жолтеникава? Мислам дека таа е најсветла кај нас?
дали е можно истата пудра поточно лореал инфеибл да биди различна купена во дм,шатци од пудрата купена во локална парфимерија?
Дефинитивно не оксидира. Ова се нијанси за друга пудра. Оваа пудра има помалку нијанси. Имав 220, и сега зедов 129 и позадоволна сум од 220. 129 некако не ми е доволно покривна Како го гледате подтонот? Како да знам која каков подтон има и кој поттон е за моето лице?
Не би требало ама можно е ако ја зимаат од различен дистрибутер. Денес ја земав од ДМ јас не забележувам дека е лоша пудрата.
Дали некаде може да се најдат онлајн swatches за 117 и 119? И јас се мислам меѓу нив, баш вчера ги гледав во ДМ, но онлајн буквално не постојат тие нијанси за да прочитам каков подтон имаат... Буквално ги нема на свочовите на Мејбилин сајтот, ко да не постојат тие нијанси
Каде има најмногу нијанси од пудрава? Или секаде кај нас се истите 5 нијанси што ги има во ДМ? На нет има толку многу нијанси од пудрава, штета ако донеле само 5 кај нас.
Дали ви оксидира maybelline superstay тинтот со пумпица? Не знам дали до толку сум ја утнала нијансата или ми оксидира на лице...
Оффф... никако да си погодам некоја лесна пудра за секој ден... @koritsaki мислам дека ти ја користеше на Heimish таа во кутивче. Океј ли се светлите нијанси, ти оксидираше ли? Или да не имаш некоја препорака за некој тинт, бб, цц... Да не е покривен нешто многу, само да изеднаува тен.
Не ми се допаѓа Maybelline lifter , можеби за ладно време ќе помине, за топло никако. Нијансата ја погодив 119. Не е баш покривна, светиш за брзо , можеби е добра за многу сува кожа,не ми се допадна, очекував повеќе.
Кремата иако и со неа има сјај. Јас некако иако имам комбинира кожа во последен период преферирам сјаен изглед наместо мат. Многу ми се допадна и пудрата ама проблем ми се нијансите. @Avery нијансите не ги најдов на некој сајт ама ги гледам на тик ток и инста, па затоа и се двоумам меѓу 117 и 119.