Да, и јас сум ја користела и сум задоволна. Само би додала дека е лесна пудра повеќе за преку ден и за во лето и не покрива кој знае колку. Јас немам потреба од многу покривна пудра ама ако некој има проблематично лице и сака да скрие некои недостатоци тогаш не би му ја препорачала Делине туку Макс Фактор, тие се малку појаки
Користам Менхетн 9 и сега за сега не планирам нешто да ја менувам, иначе почнав да користам пудра од некаде прва година факс иако не сум многу по пудри ама некад стварно е потребно да се стави иако е поздраво да се остави лицето такво какво што е за негово добро ...
ПОрано многу пудра користев па купував поевтини Импала, делине, Кетрин Арлеј а последнава најарна ми беше. ВО последно време слабо ставама пудра не е ко порано да се шлакам секој ден. Одамна неам купено на Менхетн колку им е цената сега? Знам дека беше нешто повеќе од 400 денари , незнам сега колку е. А читајки од вас и оваа Есенс (за која прв пат слушам) мислам оти ке ми одговара. Имам комбинирана кожа која би ми одговарала пудра ама да не е поскапа од 500-600 денари оти не ми се дава пари за нешто што ретко го користам.
Пследна купена течна пудра ми е оваа..ми беше доста фалена па ја зедов да ја пробам..пишува за осетлива кожа,а јас имам комбинирана кожа и без крема за лице лицето го прави одлично,само малку нијансата ме зезна ја зедов првата NUDE ама знам дека за мојов тен нема никаде пудра морам да мешам..Па, сакав да ве прашам пофалби/критики за оваа пудра од тие што ја користеле (многу се мислев пред да ја земам)
400-500 денари е пудрата, инаку цената варира, зависи од каде ќе ја купиш. (мојата ја зедов од Шатци 450 и си добив и камена , инаку земена ми е од пред 1-2 месеци, ама скоро почнав да ја користам и само пофални зборови за пудрава.)
јас ја користам моментално оваа пудра бидејки е полесна за лицето и да мојата нијанса е иста како твојата и јас ја зафркнав работата иначе нуде е жолтеникава и не ми одговараше многу сега бидејки имам добиено потемен тен е ок а мислам дека неутрална е фавн (fawn) и таа е за оние со светол тен инаку за пудрата немам некои поплаки само што не е многу трајна додека со камена пудра стои повеке време и најбитно лесна е не се ни познава на лицето дека имаш пудра ставено.
јас ја користам моментално оваа пудра бидејки е полесна за лицето и да мојата нијанса е иста како твојата и јас ја зафркнав работата иначе нуде е жолтеникава и не ми одговараше многу сега бидејки имам добиено потемен тен е ок а мислам дека неутрална е фавн (fawn) и таа е за оние со светол тен инаку за пудрата немам некои поплаки само што не е многу трајна додека со камена пудра стои повеке време и најбитно лесна е не се ни познава на лицето дека имаш пудра ставено.[/quo Која е цената на пудрата?
Manhattan natural mat. Доволно покрива, матира, не свети лицето одпосле, за преку ден ми е совршена. Воопшто не се ни приметува дека имаш пудра на тебе. Ја земав од Јуник - 400 и нешто беше. Нијансата е 70 - Ванила. Ја барав префектот ама ја немаше, па ја земав оваа да пробам. Колку што можев да разгледам вака на интернет пишуваше раазликата е тоа што оваа е со блага до средна покривност, а перфектот од средна до голема покривност. Како што кажав за ден ми е совршена, за навечер плус камена одозгора. Имам мрсна кожа, со малку флекички од акни, ги покрива доволно, не изгледам како восочна фигура. Кога ќе ми се потроши сакам да ја земам перфектот колку да видам каква разлика има, но се на се - пудрава е супер.
оваа ја користам од мене многу ми е добра ама планирам да ја сменам затоа што многу ми викаат дека била за постари а не за тинејџери
Јас ја користам Буржоа пудрата и сум многу задоволна, многу убаво мириса и ја прави кожата мека, еве оваа
Јас ја користам најсветлата од Лореал и можам слободна да ја препорачам на сите, покрива, не е тешка, не свети.. прекрасна е!!
Си ја сменив пудрата и сум многу позадоволна како изгледа на лице. Есенс софт енд натурал, двојче, најсветло...што да правам кога такво ми е лицулето... 255 денари беше мислам или тука негде цената. Не прескапо, не преефтино, а добро.
Прв пат пудра почнав да користам во втора година средно, ради реда, бидејќи почнав почесто да излегувам,(не дека имав потреба), па затоа како за почеток, користев Deline. Искрено јас сум многу задоволна, иако е лесна, крем пудра. Често добивав прашања каква пудра користам и дали е многу скапа. Лицето ми беше доста чисто и мазно. Потоа за роденден за подарок добив Giordani gold. Не ме бендиса, многу чудна ми беше, па и уште бојата ми ја утнале Многу грубо стоеше на мојата кожа. Сега користам Time Plus - Seventeen и задоволна сум. Соодветна за годините. Достапна за секого. А некогаш знам да ставам и камена пудра, за финален изглед. Сакав колку да пробам, па затоа зедов Catherine Arley. Ја зедов за 150 денари и се покажа многу подобро отколку што очекував.