Јас ја земав 119 ама не ми се допаѓа, нијансата оксидира кон некој портокалов тон, а 117 таму ми личеше многу светла , Ако ја земеш 117ка сподели
која нијанса ја зеде? се сеќавам јас и ти тука бевме со нијансите, јас ја зедов 112 мене ми е ем портокалова ем темна..и формулата не ми се свиѓа, деф е за посува кожа, во 3 часот како мрсна топка сум....ќе ја проследам на некоја другарка, џабе фрлени 500 ден
Ти благодарам, неможам да го најдам онлине на космо тинекс може веќе не го држат... кога ќе идам накај Скопје ќе проверам
Дали некоја ја приметила најсветлата нијанса (100) од Silky blur пудрата на Essence? Баш ми се допадна формулата на пудрава, ама имаше само тестерче од нијансава, пудрата беше разграбана во неколку ДМ маркети.
Нешто како полумат, брашнеста на допир. Пробав малку на дланка и ми се допадна каков впечаток ми остави. Дали е трајна и покривна, навистина не знам. Ама гледам дека низ групиве за козметика на фб е вирална, доста ја фалат. Плус цената е скроз пристојна, 350 денари. Ептен сум намерачена да ја земам, ама никако да ја начекам нијансата.
Предложете ми квалитетна пудра до 1000 ден за свечени прилики. Имам неколку свадби периодов и сакам да си се нашминкам сама. Имам комбинирано/мрсно лице и прилично сум со светол тен. Би сакала пудрата да е со сјаен финиш, мат пудрите ми се тешки на лице и осеќам како да сум намачкана со паштета. Исто да напоменам да е пудра шо можам да ја најдам во Шатци, имам ваучер од таму па да се искористи.
На Loreal пудрите се солидни според тоа колку ги фалат. Јас само Infallible Fresh Wear ја имам пробано и не е баш мат и не е тешка. Има и други посјајни мислам, но имаа и едно lumi glotion нешто како течен хајлајтер го мешаат со пудра и доаѓа како сјаен финиш провери.
Апдејт - ја начекав, веќе два дена ја ставам на лице и што знам, просек. Потрагата по пудрава ми беше историска, се утепав од одење во ДМ додека ја начекам нијансата. Не е лоша, фино покрива - средно, но се надградува. Лесна, "тенка" формула има на допир и не тежи на лице. Ефектот баш ми се допаѓа, за секој ден ќе ја биде. Ама за скроз мрсна кожа мислам дека не е добар избор. За комбинирана кожа - онака. Ниту сум воодушевена, ниту разочарана. Единствено не ми се допаѓа тоа што кога ќе почне да сјае Т-зоната, малку имам чувство ко да се топи. Ќе видам како ќе се покаже на подолг рок. Засега навистина ми е просечна, ама не е нешто скроз лоша како за budget friendly опција.
Единствена мат пудра што ја имам користено е Мејбелин црната Fit me! ама воопшто не е како паштета, баш е доста течна, со многу поводлеста структура од повеќето пудри кои сум ги пробала и идеална е за мрсно лице. Единствено не знам колкава покривност ти треба, јас имам нормален тен и не можам да проценам колку е навистина покривна. Цената не знам колку е, последната ја купив во Италија, ама отприлика како ценовен ранг упола од буџетот твој. Колку е квалитетна и за свечени прилики исто не можам да проценам, не сум тип што се шминка свадбарски, никогаш и не сум била фул нашминкана, така да дали ќе ти одговара зависи од тоа каква замисла имаш за шминката.
Женски, дајте предлог за некоја добра течна пудра за нормална кожа со масна т-зона? Пробани на Мејбилајн, Катриз, Лореал, моментално Аура (мислам и @koritsaki пишуваше за неа), ама оксидира за два часа на лицето и ми свети лицето, катастрофа изгледа.