Здраво, ми треба ваша помош и совет. Имам проблем со лицето и нанесувањето пудра. По 2–3 часа од нанесувањето, пудрата почнува да се собира, да се лупи и да се одвојува од кожата, како да се прават дамки и да се распаѓа на лицето. На почетокот кожата ми е сува, а по некое време почнува да се сјае. Пробав различни пудри (Estée Lauder, L’Oréal, Essence, Max Factor, Note), но со сите се случува истото. Исто така, менував и креми за лице – La Roche-Posay, Bioderma, Mixa, Becutan, користев и хидратантен спреј од Essence, но проблемот останува. Веќе не знам дали проблемот е во состојбата на кожата, недоволната хидратација, нарушена кожна бариера или можеби во подготовката на лицето пред шминкање. Што би ми препорачале да земам и како правилно да ја подготвувам кожата пред нанесување пудра? Дали можеби ми е потребна некоја посебна хидратантна крема, серум или прајмер? Би ми значел секој совет, бидејќи навистина пробав многу производи, а проблемот е секогаш ист. Ви благодарам! ❤️
Од мое лично искуство, многу поубаво ми стои пудрата кога почнав да се грижам повеќе за правилна нега на кожата на лицето. Треба да видиш каков тип на кожа си, дали повеќе ти одговараат пудри на база на вода или на база на масло. Јас си ставам овие производи подоле што ќе ги ставам, и во една друга група ги ставив и малку кога ќе отстои ставам Catrice Aqua Splash Grip Primer. И дури после ја ставам пудрата. Мене ми одговара Miracle Pure Skin Reset 2-in-1 Serum Foundation.
Имам комбинирана кожа. Мрсна во T-зоната. Премногу сум задоволна од кремата. Не ја поти кожата, лесна е. Не ти го прави лицето да ти свети. Буквално како ништо да немаш ставено после е чувството.