Грл ја има и во Зегин баш вчера ја видов. Имаат повеќе пудри на Manhattan. Инаку ако имаш акни тогаш оваа е за тебе, затоа што содржи цинк. Инаку не е нова, ако оваа плавава ја нарекуваш нова. Јас ја користев во 8мо одд значи пред 6 години, само малце поинакво паковање имаше. Црната е за мрсна кожа, оваа е баш за млада кожа и кожа со акни. Инаку е околу 400 денари. Само јас кога ја користев мене ми беше и оваа некако тешка пудра, малце ми го направи лицето флекаво ама јас имам доста чувствителна кожа така да за мене дефинитивно се многу полесни пудри
Цурки, ај препорачајте ми некоја пудра, меѓутоа да биде потрајна, лесна (за секој ден), а покривноста да биде некаде средна накај посолидна. Имам многу мрсна кожа во Т-зоната, нормална на образите. Немам некое исфрлено лице, повремено ми излегуваат акнички тука-таму. Не сум многу расположена за поскапи пудри, ми се даваат некаде до 400, 500 денари преку сила. Користам Менхетн, онаа во црната тубичка за мрсна кожа, и одлична ми е за вечерни излегувања, ама претешка некако за секојдневна употреба и чувствувам дека морам под итно да ја сменам. Ајде, ќе ве молам фино лепо, предлогче ако имате да се изјасните. Спојлер Јас се двоумам меѓу оваа на Менхетн, ама се плашам да не пак е претешка за секој ден. и оваа на Есенс, демек била за мрсна кожа.
Чим ти одговара црната Менхетен ти ја препорачувам оваа Полесно се размачкува,похидратантна е полесна многу во секој случај,а исто не мрда кога ќе ја ставиш и не свети лицето ич,за тоа е мн слична со црната ама е далеку полесна.Чини 510 денари во Јуник,ама ова пред едно 6=7 месеци сигурно.
^ пробај да ставиш посветла камена пудра одозгора, или пак евентуално ако имаш друга посветла пудра да ја мешаш со потемната. Или, повеќе крем, а маало количество од пудрата и не би требало да доаѓа толку до израз, меѓутоа кремот и пудрата нема да ги ставаш одделно, туку ќе направиш смесичка од нив и ќе ја нанесеш на лицето - му доаѓа како еден вид на тонирана крема. Благодарност до јарец, ама мене сепак ми треба некоја мат пудра, бидејќи од сите други ми светнуваат критичните делови од лицето, па би било џабе инвестиција. Ако знаете некоја друга таква освен тие на Менхетн, бујрум - пуцајте.
ја има некој користено течната пудрата Bourjois Bio Detox? имам сознание дека била на природна база и била за мрсна коза.
Па пудрата е мат исто како црната,само што не е како паштета да си ставила како црната.Инаку е мат ептен,нема шанси да светнеш
Пудрата на Боржуа Ја има некој? Се наоѓа тука? Пари? Закаква кожа е? Ми се допаѓа, при крај сум со камена пудра, сакам да сменам, и онака не користам нон стоп, барем ќе ми трае, а и дека органска
Си ја купив Ревлон пудрата за комбинирана/мрсна кожа,еднаш ставив за проба мислам дека е добра,да ја покористам малку па ќе кажам впечатоци
Да, ги видов во Cosmo а колку пари се незнам ама нема да е под 700-800 денари. На касата имаше тестери Bio Detox од течната и Healthy Mix. Bio Detox воопшто не ми одговара! Имам мешана кожа и кога ставав од пудрата воопшто не се впиваше како лицето да ми е пластично ниту пак покрива. Healthy Mix е добра, слична со L'Oreal Infallible. Мириса на овошје, средна покривност но го изедначува тенот и неколку часа лицето е стакло. Цената на Healthy Mix е 800 денари. Спојлер Сепак Revlon ColorStay ми е незаменлива
Ja имам користено црната пудра од менхетан и ми одговараше на лицето . Ја купив и по втор пат , ја потрошив но сега сакам да сменам оти лицето ми се презасити од таа пудра. Сакав ревлон да ја земам ама да не е претешка а? Знам дека добро покрива иако јас нема потреба за тоа , само да не свети многу па да треба и камена да ставам ..препорачајте некоја за комбинирана кожа
Од досегашното мое искуство, за комбинирана/мрсна кожа едни од подобрите пудри кои вреди да ги спомнам се Deborah nude perfection (штета што лицето ми се презасити, ама пак ќе ја купам, бидејќи ми даваше некој природен ефект на лицето ко да немам ништо ставено, а сепак одлична покривност), прочуената Менхетн во црната тубичка, која за чудо се покажа како единствена пудра од која потешко ми светнуваат критичните делови од лицето, ама претешка е за секој ден. Хелти миксот на Буржуа немам поима за каква кожа е, ама мене за чудо ми беше убава секојдневна пудра, ја утнав нијансата за жал, па ќе си седи така недотрошена. Од камените пудри веќе подолг период ја користам онаа на Менхетн и не планирам да ја менувам, задоволителна ми е. Топло ви ги препорачувам горенаведениве пудри, нема утка со нив.
Revlon ColorStay е потешка пудра. Јас имам комбинирана кожа и ја користам таа за мрсна / комбинирана кожа веке со години. Нема потреба од коректор бидејки покрива одлично, ниту од камена бидејки не свети лицето (ептен ако се испотиш или после 6-8 часа носење). Во тие случаеви ако имаш потреба уште да ја носиш а не си дома, доволно е само да го потапкаш лицето со палома. Сјајот (себумот или потта) ке се упие а пудрата не се брише. Исто важи и за солзите, ама дозволено е само радосници Самата пудра е густа и не трпи камена одозгора, како маска се прави. Пишав порано дека е потешка за бришење. L'Oreal Infallible или Healthy Mix ги отстранувам со ракавица, миење со гел па млеко тоник 3во1 и памукчето е чисто; додека со ColorStay мора уште едно миење и млеко. Ова може и до мене да е, признавам дека си имам бубачки кога е во прашање лицето :?
Мислам дека никогаш нема да ги сменам-Дебора колор копи за комбинирана-преку ден,и Ревлон колор стеј,за навечер.Ми одговараат на мојата комбинирана кожа и препорачувам!Плус преубаво покриваат.
од течна пудра користам Oxygen Boost од орифлеим и сум задоволна, лесна е а и не ми предизвикува иритации и акни на лицето, како што ми се случуваше со претходната пудра (импала) од која ми се појавија и лишаи... а камена пудра имам од Deborah, навистина е добра, само што јас сум ја утнала бојата па ќе морам да купам нова која ќе ми одговара
Оваа ја користам моментално и воопшто не ми одговара на кожата, катастрофа ми се напрај лицето, цело со мозолки.