Пудрава ептен ми е погодена, ми се допаѓа многу. Е сега како и секогаш, не баш ми е погодена нијансата, стандардно од мене. Ми беше посветла малку, ама не се забележуваше, ама дека знаев јас, па знаете како е. Сега ќе си земам таман нијанса, си ја погодив значи, и сега за сега оваа е идеалната за мене. Ја користам во комбинација со камена пудра на Кетрин Арли (немам потреба за камена, ама понекогаш сакам ептен да си се измазнам. Си имам свои моменти )
Јас си ја утнав нијансата на Ревлонот и светла ми е а таа таму ме убеди дека ми е добра,ама дома кога дојдов дух,и сега не знам сто да правам си собирав пари си фрлив 700 денари за џабе
Потемна камена нема да врши работа или .. сепак не ми е испробано ова, онака по некаква си логика реков. Или пак, пробај да ставиш малку повеќе руменило, освен на јаболчниците, со четката помини низ челото, носот, брадата, ама најмногу да ги истакнеш јаболчниците и мислам дека ќе се неутрализира ''Каспер''- изгледот. Јас така правев на времето кога не ми одговараше ниту 2ка ниту 3ка од прочуената Импала и упорно ја користев 2ката, иако ми беше пресветла, ставав руменило како што објаснив.
Не е страшно ако е посветла, да не е потемна! Стави на тебе потемна нијанса на камена пудра или потемен бронзер и толку....
Камена пудра до сега најпогодена со нијанса и леснотија за кожата ми е оваа И планирам пак ваква да нарачам
Јас кај нас немам видено ваква... Имам користено сенки за очи од CoverGirl ама ми ги донесоа од САД мои роднини и беа одлични. Кажи ми од каде ги нарачуваш ако не е тајна?
Да, тука нема ништо од Кавр грл ... мене од Америкине ми носат. Воопшто не се скапи, а се навистина убави.
И јас планирам да земам на Ревлон, а не сакам многу светла нијанса, туку баш за нијанса потемна од мојот тен. Кажи ми ко е бројчето, да не го утнам... Фала.
Не издржа срцето јуначко, отиде да ја проба оваа на Essence. Убаво е да се прочитаат коментари, ама додека не си пробате на своја кожа, ништо. Густината е средна, покривноста средна накај добра. Повеќе е за изедначување на тенот и прикривање на ситни недостатоци. Мириса неутрално, со мат ефект и делува многу лесно и природно. Јас земав бр. 6 natural beige и нијансата легна супер на мојот тен (конечно!). Не би ја препорачала за оние со покомплицирана кожа и поголеми недостатоци, како акни или црвенило. Ви треба сепак малку потешка, погуста и попокривна пудра. За останатите е сосем ОК. Цената е 255 ден. значи не губите ништо, ја има во РИ-МА (Бисер), Јуник, Космо итн. Секаде каде што има козметика на Essence.
Моментално ја користам пудрата Bourjois healthy mix и сум задоволна делува природно и лесно на кожата но има послаба покривна моќ и е одлична за нормална кон сува кожа затоа што е доста хидратантна,на лицето без никаков проблем од разлевање и слично се задржува најмалку 4-5 часа а можеби и повеќе.
Моментално ја користам на авон - ideal shade за разлика од другите што сум ги користела прилично сум задоволна од оваа
impala од кога почнав да ставам пудра па до ден денешен ја користам супер ми е, ми одговара на лицето
Жал ми е за лицево веќе...Остатокот не ми бара покривање,проблемот ми е околу очите и сега,никако не сум значи.Еве мина време и од Ревлонот и Менхетенот истиот проблем.Ем се лупи,ем плива на површина,не легнува на кожата убаво и изгледа крајно неприродно. Не знам каде веќе да обратам,па на фемина пак да си поплачам! Онаа,на буржоа,нешто со овошја врагови,па имаше и една со некој биокомплекс ли шо ли беше,што ќе ми кажете за нив?!
Мене Буржоа ми е подобра од Ревлонот...последно пишав искуство со Ревлонот а не сум задоволна како што очекував а цената е тука некаде поскапа е 100 ден од Буржоа. Буржоа со овошен комплекс ми е супер,мене ептен ми одговара на мојата кожа.Ја препорачувам.Сепак има средна прекривност да знаеш,али за мене е тамам.Ревлонот не покрива ништо повеќе од оваа,зборам за таа Ревлон за сува кожа.БАЦКИ...
Јас кога прашав во продавницата за тие пудри конкретно, ми рекоа дека покривноста е многу солидна, ги пробав на рака и густичко ми делуваа, и ми нагласија дека се за комбинирана накај мрсна кожа, воедно и проблематична, бидејќи не содржи масло, туку овошните киселини помагаат во неутрализирање на акни, црвенило, црнки итн. Тука сега читам дека е за сува кожа и дека покривноста и не била преголема, туку само го матирала лицето. Да не знае човек што да помисли. Тестер му е мајката. Спојлер