НЕ се разбирам нешто многу со пудриве, користам течна на мaybeline, ама после час-два од кога ке ја ставам,почнува да ми свети челото,носот итн. Не знам дали треба да земам МАТ ко што читав или? Не знам каква е таа МАТ, ако може некоја да ми кажее..
Точно е дека не содржи масла и кажав да дека добро прекрива.Јас имам сува кожа и мене ептен ми одговара,не знам дали е за масна или сува,кажав за Ревлонот дека ја користев таа за сува кожа.И мислам дека не е ограничена дали е за сува или масна Буржоа...сепак најдобро е да се проба,некогаш нема врска тоа со сува или масна,има неколку видови и на масната а и на сувата кожа,критериумите се различни...и степените на масност и сувост исто така Поздрав.
Леле имате право. Утре у една визита по парфимерииве ќе направам и секој ден различна ќе си ставам,да видам како ќе ми трпи лицето.До лани со коректорче преку ден,шлак,шлук,сега ми треба нешто секојдневно,не толку тешко,да ми диши,а да трае. Ај да не ве замарам тогаш! Ќе земам и од мејбилин и од сите бе сите!Тамам месец дена да не купувам нова,со тестери! Се зезам!
и мене ми кажаа дека е многу добра и дека покрива а и баш за секој буџет е само не можам да ја најдам, мислев и дека ја нема веќе ти од кај ја зема, инаку сега зедов Deline демек убава била словенска ама не ме бендисува баш ич не покрива
На сестра ми и подарија Менхетен пудра и многу е убава. И јас си ставам од неа некогаш, не се ни осеќа дека имаш ставено. Додека Импала покриваат ама како цемент да имаш на лицето ставено, мене не ми се допаѓа така
Импалата е за жени над 30 години. Има вештачки колаген во неа,и кога младата кожа го впива,престанува да го лачи природниот колаген. У превод,ќе бидете како баби ако ја ставате постојано пудрава. А многу ја ставаат залажувајќи се со тоа дека е покривна,а ефтина.
Пред да ја купам пудрата се распрашав во сите поголеми парфимерии како Cosmo,Unique,Kim,Shatci,Eliksir значи скоро секаде ми рекоја дека пудрата е за комбинирана,нормална и сува кожа но не и за мрсна,освен во Шатци каде ми рекоја дека исклучиво е за сува кожа,и исто така ми кажаја дека е полесен вид на пудра која не е многу покривна сепак е за почиста кожа. Јас бидејќи имам нормален тип на кожа ни сува ни мрсна се одлучив токму за овој вид,и моето искуство со неа е стварно задоволително пудрата не е баш покривна но е многу хидратантна и што е најважно делува многу природно и не ја иритира кожата,има мирис на овошје.Цената се движи од 780 до 840 додека healthy mix serum -----е исклучиво за сува кожа и покривната моќ и е уште помала и од обичната healthy mix,но серумот повеќе ја храни кожата. и Bourjois bio detox----е органска на природна база за масна,проблематична кожа со проширени пори.
маца многу ме интересира каде е ова докажано? мене ми прие пудрава исто како лорал да ставам зборувам за новата на импала( таа со пумпичка што е) Спојлер мислам нова,јас пред некој месец ја видов
Си ја купив оваа,во комплет со маскара,продавачката во Космо ми ја испофали,па ке ги видиме резултатите.На прв поглед не беше лоша.
Сестра ми ја купи Bourjois Healty Mix со овошни киселини и серум и е премногу задоволна од пудрава. Има сува кожа, дури и премногу што од некои пудри и се лупеше лицето и и се појавуваа лишаи. Со оваа вика цел дел сум на раат и можам на раат да се насмевнам без да чувствувам затегнатост на лицето. А мирисот на пудрава е.... да ја изедеш Јас не сум пробала да видам како би одговарала на мојата кожа, која ни јас не знам веќе каква е, на лето ми е многу мрсна, како заладува времево како се посува и посува ја чувствувам, ама баш ќе пробам некогаш. Иначе за мене до сега најидеална пудра е онаа на Манхаттан сината, натурал мат, а во иднина планирам за вечерно излегување да ја пробам и онаа во црната тубичка.
Имаш над 200 страни за пудри од кои повеќето се за мрсно лице,односно мат пудри.Прочитај и види која ти одговара има повеќе од кои феминките се задоволни,еве ќе ти пишам некоја па ти прочитај за нив што пишуваат,на пример Ревлон колорстеј за комбинирана и мрсна кожа мене ми е одлична ми одговара,мислев дека ја утнав нијансата ама не е ок ми е и ако имаш уште помрсна кожа пробај ја Менхетен црната,исто така и на Дебора мислам ги фалеа,разгледај по темава има милион коментари
Значи-поевтина варијанта ти е на менхетен-околу 420 ден Потоа Дебора Колор Копи-600-650 И Ревлон Колор Стеј-800-900 ден Сите три ги имам користено,зошто и јас имам комбинирана кожа-и сите се добри.Само Мeнхетенот ме правеше малку како зацементирана,па затоа си ги користам Дебора и Ревлон-подобри (за мене) нема.Нема да згрешиш ако купиш некоја од овие
Јас ја немам пробано,бидејќи имам сува кожа,а оваа ти е за комбинирана и масна кожа.Јас ја користам другата со овошни компоненти и е супер!!!