За течната не знам, а камената јас ја купив 100 денари на пазар. Мене ми е мноооогу лоша, а на повеќето мои другарки им одговара. Можеш да ја пробаш со оглед на ниската цена, можеби ќе ти се погоди.
Ја купив еднаш течната пошто ми требаше итно а не бев при пари и не ми се допадна ич, џабе фрлени пари. -.-
Фала ви женски, мене за тело ми треба, почна да ми паѓа бојава од одмори па сакав да најдам некоја поефтина варијанта да ги прекриам глупавите бели кругови. Инаку за лице не би ја користела
Делам исто мислење за импалата. Многу не се разбирам во тоа со колагенот, ама пудрава е поприлично штетна за млада кожа. Пс. Спојлер За таа со пумичка прв пат слушам, не знам каква е
имам сува кожа и ја користев импала до пред некое време..но слушнав дека не е за млада кожа па сега сакам да ја сменам и незнам која да купам...што мислите за голден роус ?
Прочитај во претходните постови, ќе најдеш и за Голден Роус што е пишувано. За сува кожа добри се од Ревлон (таа за сува кожа, околу 650ден.), некои од Макс Фактор и од Буржуа, хелти микс. На нив ми текна сега.
Пудрите на Ревлон и Макс Фактор никако не се препорачуваат за млада кожа - претешки се, и дополнително ќе ја оптоваруваат! Добра е за сува кожа пудрата на Голден Роуз, ама за млада кожа, посебно пак за сува, најпогодна е Тајм плус на Севнтиин.
Ревлон е потешка, да, но не знам зошто и за Макс Фактор важи истото (сум слушнала и од други) . Макс Фактор не е претешка пудра, посебно ја истакнувам најновата `М.Фактор Експириенс`. Содржи додатни состојки кои ја негуваат и заштитуваат кожата, а другиот ден кожата е преубава, ич не делува уморно и испиено од пудрата. (само што е поскапа, околу 850ден.) Тајм Плус од Севентин е околу 450ден., поскапена е сега, порано беше околу 350ден. Не е лоша. Кој не знае каква пудра да користи, Севентин е добар избор.
Една за 250 денари од обична продавница, супер ми се најде. Е ваква. http://www.google.com/imgres?q=deline&h ... wAQ&zoom=1
девојки, многу ми ја фалат пудрава.Имам сува кожа и ми треба покривна и лесна пудра без колаген .. Очекувам ваши мислења.. П.С. Се двоумам меѓу оваа и Time Plus од seventeen
оваа пудра е за мрсна кожа јас ја имам пробано во парфимерија ставив малку на лицето покривна е но многу е сува ги изразува сувите делови на лицето ( иначе имам нормална кон сува кожа ) за сува кожа добра е афинитон минерал ама мислам дека не покрива многу ако сакаш поголема покриеност тогаш ревлон,а Time Plus ја немам пробано прочитај неколку страни назад има девојки што имат кажувано за оваа пудра на севантин позз
Женски колку сте задоволни од течните пудри од Авон? Јас деновиве порачав една ( не и го знам името ) во туба е ама не онаа од Колор Тренд. Прв пат земам од Авон и затоа и прашувам
A jaс да прашам дали ја имате користено новата пудра од Авон течна пудра со мат ефект ? Минатиот каталог излезе прв пат пудрава, не е скапа, на 47 страна е http://www.avon.com.mk/brosura.htm
Ми треба помош од некоја љубезна девојка. Сакам да купам нова пудра, гледав Ревлон многу течни бе А овде прочитав дека густи биле. Значи дали некој пронајде убава, квалитетна и ПОКРИВНА пудра, за комбинирана кожа? Цената не е битна. Нејќам Менхетен, нејќам Макс Фактор, е сега Артдеко ми го привлече малку вниманието, ама нема врска, секоја предлог е добредојден.