Течна пудра за лице

Дискусија во 'Лице' започната од angel, 23 ноември 2009.

  1. lola-86

    lola-86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    729
    Допаѓања:
    198
    Значи стварно си експерт за Ревлон пудрава,читав наназад твои постови,и стварно добро ја имаш изучено ;) и тестирано,алал да ти е,и така треба не само да се шлапаме што ќе ни текне,треба да си најдеме соодветни производи од кои сме задоволни и да знаеме како се однесуваат на нашата кожа со цел за подобра примена.
     
  2. vaga95

    vaga95 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    915
    Допаѓања:
    2.038
    јас ја користам Deline веќе подолго време и сум задоволна, лицето не свети и не изгледа вештачки, незнам зошто многумина од вас велат дека ништо не покрива мене ми е баш супер :)
     
  3. jarec6

    jarec6 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    2.794
    Допаѓања:
    18.542
    Пол:
    Женски
    ПА да ти кажам имам комплицирано лице и морам да се замарам вака со пудриве,а и плус се разочарав на почетокот мислев дека е светла многу,а тоа ми изгледала така зошто ми ги покри подочњаците(за прв пат нешто да ми ги покрие) и так аси дојдов чудна,другарка ми ми вика не с есекирај чудна си дека немаш подочњаци и стварно,а после пола саат саат стварно ептен станува убаво лицето.
    Јас на пример имам проблем со мрсна т зона,која пред да ставам пудра е сува и кога ставам пудра ми се лупи и ми с епознава пудрата и затоа треба да помине половина час за да ми се среди тоа,да си почне лицето да лачи и да се направи лицето стакло.
    КАко и да е ја препорачувам,затоа што за разлика од Менхетен не се познава дека имаш кило пудра,а и не се вади и да го намокриш лицето
     
  4. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    Јарец, за Ревлонот - Кога сакаш да ја иставиш пудрава, да ја измиеш се вади лесно или мора да триеш, да се мачиш? :?:
     
  5. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.100
    ^
    Не се вади баш лесно, јас се мијам со вода а после се бришам (тријам) со крпа...
     
    На girl.23 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. jarec6

    jarec6 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    2.794
    Допаѓања:
    18.542
    Пол:
    Женски
     
    На girl.23 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    Тоа не ми се допаѓа. :^)
    Јас имам од Макс фактор, ама прелесно се вади, не треба никакво триење, и потоа лицето ми е свежо, како и да немало пудра пред тоа. Не е изморено. :?: Убаво објаснав? :)
     
  8. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.100
    ^
    Немој да мислиш дека е тешка во смисол да мораш со шпакла да ја вадиш :D
    Дали со влажни марамици, тоник некој или само вода сапун и крпа, исто како било која шминка да отстрануваш, само малку појако... ;)
     
    На jarec6 и girl.23 им се допаѓа ова.
  9. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Девојки, ја гледав Ревлон колор стеј на нивниот сајт ама многу нијанси има и многу слично да не речам исто ми делуваат и во ваков случај голема е веројатноста да ја утнам вистинската, :| .

    Инаку имам комбинирана накај мрсна кожа, тенот ми е некоја средина обично ми одговараат средните нијанси оние што маваат накај окер отприлика, да не речам жолтеникави, да се добие впечаток азијатски тен, ама па да немаат розевкасти примеси, ама објаснив :^) .

    Инаку Макс Фактор (истото го тврдам и за новата Икспирианс) за мене се врвно разочарување и џабе фрлени пари лоша покривност (луксузно покривање :^) жими мајка) и ефектот на сјаење кај мене се и натаму присутни, |( .
     
  10. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    Теодора, најдобро појди во парфимерија, стави тестер на лице, види каква ќе ти е, не мора во истиот момент да ја купиш. Другиот ден пробај друга нијанса ако не ти чинела првата. Сепак не се за џабе тестерите. ;)

    А, за Макс Фактор, баш таа Експериенс ја имам :lol: . Отворено, на сите мои другарки не им чинеше, сите беа разочарани од неа, но мене мнооогу ми се погоди. Ама, и прескапа ми е (860ден.)
    А, за покривноста, зависи кој колкава покривност сака. Јас имам чисто лице и не барам голема покривност. :)
     
  11. jarec6

    jarec6 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    2.794
    Допаѓања:
    18.542
    Пол:
    Женски
    Најдобро во парфимерија да си пробаш малку на лице стави ако треба и гледај да дојде иста боја со лицето,а инаку жолтеникави се не се розеви
     
  12. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Грл23, во ред е да користам тестери за отприлика до три нијанси од средина на палетата, ама овде има 10-тина :o плус Јарец има пишано како за половина час се затемнувала нијансата и требало да се одбере малку посветла. Така да, гарант ќе ја утнам...

    Инаку мене пред циклус знае непријатно да ме изненади лицето сега не баш секогаш ама затоа сакам да сум спремна и сакам пудра со добра покривност, ама па сите со комбинирана накај масна кожа имаат најголем проблем со ефектот на масното сјаење по извесен период нешто ко Бекутан да нашлапаш над пудрата...и затоа кога сум подолго некаде излезена морам да носам пола козметика во ташна и затоа што Макс Фактор ми потфрлила многу никому не ја препорачувам.

    Едит - Јарец не сум сигурна ни дали е тан или карамел вистинската нијанса, а и ворм голден влегува во комбинација, работава луд(а),збуњен(а) ...
     
  13. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.711
    Допаѓања:
    162.334
    Приетно изненаџена од Буржоа дитокс.За чуден тен и кожа ко моите(53чето ептен прија),ма како да ме клесале на мермер сум,до душе немам лице на кое има што да се покрива,освен темно околу очи.
    Поим немам за што кожа е,ваљда за сува и чувстителна.Шо го знам,битно нема лупешки околу носот,а и нема избивање на пудрата,убаво си впива и све тоа.Ако пишува средна покривност,ептен си покрива,ма за мерак!
    Е сега...еуфоријава малку ќе ми потрае.После пак ќе ви пишам не чини,откако ќе ми се засити лицето.
    Ама како и да е,малце да ви направам дигресија.Ревлонот вода може да и носи,а исти се со цена!И ако се решите за ревлон,да ви кажам нема заебанција.Ако не ја чистите убаво,црнки се појавуваат.Со маслен отстранувач,макар имале и мрсна кожа,,влажно марамче,после со гел за миење на лице,лосион,па крема и за секој ден,никако.Јас имам пааа да речеме до пола од неа и ќе си поседи,моментално од ова сум импресионирана,плус не знам како да ја вадам веќе од шишенцето.Капка по капка,многу ме нервира што не смислиле некое подобро решение за вадење од пудрава.Мислев со стапче за уши да вадам,ама не ми е хигиенски,па мислев со мала четка за пудра,ма такоџе,брцкаш у тоа шишето и тамам дур ја дотрошиш,бактерии да се намножат.
     
    На lola-86 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.611
    Тие потешките пудри јас ги вадам постапно
    - со влажни марамчиња
    - со маслиново масло на памукче
    - па нешто за миење на лицето, пилинг, сапун, сеедно
    - па после млеко за лице на памукче

    и кога после овие макотрпни процеси ќе видам уште траги, збеснувам ! :devil:

    Дали се уште ја има оваа пудра кај нас?
    [​IMG]
    На официјалниот сајт не можам да ја најдам.
    Од сите пудри за мрсна и комбинирана досега што ги пробав - севентин, есенс, авон... оваа е измислена.
    Покрива одлично, антибактериска, некако делува прашкасто во формулата, ама на лицето преубаво изгледа, трајна е, мат 100% , а не е воопшто тешка.
     
  15. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.468
    maybelline satin liquid foundation


    :Down: :Down: :Down: Eдно огромно HE!!!
    кетрин арли од 90 денари што е во кутивче поубаво ми го прави лицето
    од оваа пудра сијав као лампион на новогодишната елка |( |(
    жолчка од јајце да ставам, е таква бев боже за 540 денари ќе си купев 6 пудри од кетрин арли од 90 денари и ќе имав за цела година!
    Oваа пудра катастрофа, како и сите производи од таа палета
    Tотално ги отфрлам од употреба!
     
  16. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.152
    Допаѓања:
    81.660
    Пол:
    Женски
    Ја има Трендафилке, во Космо ја здогледав, исто и во маалски парфимерии кај мене, па би требало и низ Космо-то во Скопје да ја има, ако не се лажам. :)
    Е сега, само изумив да прашам за цената, не е повеќе од 300 денарчиња, или ? :)
    Следна ми е на список.

    И постот на Лилит ме примами да ве прашам за што кожа е Буржуа Detox? ^_^
    Како да ми е останато во глава дека е за комбинирана до мрсна, или се лажам? :D
     
  17. jarec6

    jarec6 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    2.794
    Допаѓања:
    18.542
    Пол:
    Женски
    Ја има во јуник баш завчера ја гледав.
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  18. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    5.018
    Пол:
    Женски
    Баш ми е чудно што скоро никоја не користи минерална пудра во прав.Ни затвара пори ни исфрла лице ни лушпи прави(ако правилно ја нанесеш).Јас одкако користам еве веќе 2 години лицето ми е многу поубаво и не ми излегуваат мозолчиња освен 1-2 пред добивање.Поскапи се ама траат бе 5-6 месеци.Лесни за употреба само треба многу хидратантен крем,значи ептен мокро лицето од кремата и пудрата се нанесува со четката со која што си оди самата пудра.Никогаш немам потемна линија од страна како маска што се случува со течна ако не се размачка убаво.Лореал беше најубава ама ја нема веќе кај нас,така да добра замена и е Артдеко само малку е посува и треба убаво да се стави крема или па Макс фактор но таа има помала покривност од ардекото.Јас зимно време ставам артдеко летно макс фактор.И трае цел ден,дава мн природен изглед како да немаш пудра а лицето чисто.И никогаш ама никогаш не свети лицето и летно време не се размачкува на лието со ефект како испотена да си .Јас сум презадоволна.За подочници користам макс фактор пан стик и тоа е тоа лицето стакло.[​IMG]
    [​IMG]
     
  19. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Лилит за каква кожа е детоксот од Боржуа?

    Jaс ја имам користено на 3 пати пудрава. Првите 2 ми беа со старото кутивче, а третата зимово што ја купив со променето кутивче а очигледно и формула. За ништо не ја бива. Купив исто бројче а нема благе везе жолтеникава ми беше последниов пат нијансата и не ми беше ни толку покривна и плус претходно ако ме фати сонце пудрава си стои убаво и си ја прави хидратантка кожава, последново светев како лампион а имам сува кожа :^)

    Ја користиш место течна пудра? Јас пудра во прав користам исклучиво после нанесување на течната пудра за да стои пудрата поцврсто.
    Плус овие пудри во прав колку се хидратантни за да ја ставам директно на сува кожа? Содржат хидратантни состојки како течниве пудри?
     
    На ludoto19 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.711
    Допаѓања:
    162.334
    Поим немам Росоњерка,зошто не пишува на неа,пишува за уморна кожа или нешто такво,ме мрзи да станувам да видам.Тука некои ја пишувале дека е за мрсна,а во парфимерија кажуваат за сува,така што не знам.
    Во секој случај,имам чудна кожа.Екстремно сува и склона на лупење,вака на прв поглед,а штом ставам пудра како да не впива добро и испливува ко масен слој на површината,а од друга страна лупешки.Со делови во кои е нормална кон сува.Немам потреба ни од камена,ни од пудра во прав со оваа,супер си легнува и го освежува тенот.Значи не можам да ни ја опишам соодветно од што е чудна,а и имам чуден тен.А од други пудри,еве последно од менхетенот,лупешки цел нос и помеѓу веѓите,ревлонот почна да сјае и да не впива.
     
    На ludoto19 му/ѝ се допаѓа ова.