Пудра во прав најубава е на аура. 280 денари е не е многу скапа но многу е убава. ја има во сите аптеки.
да не е во стаклено коцкасто шишенце со пластична лажичка? и мене ми е така, некогаш лупешки кај носот и кај веѓите,мене Kетрин Aрли ми е спасот за ова 130-140, што знам до сега таа ми се има погодено и оваа на Aура ако е таа-таа во стаклено шипенце што вика црепичка, како лепак е, одма се лепи, се суши, и нема шанса мрдање Mногу е добра, јас оваа така ја купив во јуник ни тестирано нит ништо, 315 ми се лини беше, а и јас имам некоја шлакната кожа, и оваа ми се погоди, ама мораш брзо да ја размачкуваш одма се впива не знам чудна ама добра пудра Pосонерка не сум ги користела старите, ама оваа беше лошо, баш се чудев зашто многу имаше што ја фалеа на форумот па затоа и ја земав
леле сега видов дека пишува во прав Mоже ќе ја пробам, јас прав камени такви не користам, ама ајде ќе експериментирам малце, убава марка се Aура
А колку е тоа малку поскапо, на оваа во прав минералната мислам, од Артдеко? И за оваа што ќе кажете?? Ја видов јас во Космо, нешто малку поскапа од другата на Лореал, ама кога видов у тегла дека е и треба да брцам прсти па да шлапам на лице, гадно ми беше и во тестерот да пикам раце.
А колку од прилика кошта пудрата , ке може да ми кажете, во потрага сум по пудра , сакам да сменам малце ...
Во 5-6 парфимерии што прашав за Bourjois Bio Detox ми кажаја дека била за изразито мрсна кожа со проширени пори,а сега читам дека некој вели била за сува кожа баш ме зачуди,а и од тестер што пробав на раката ми делуваше многу суво.
Епа ете и на сува прија,шо да ти кажам?! Што значи нема правило кога ќе размислиш освен оние со мат финиш затоа што навистина се посуви за да го има тој ефект.
Јас баш B.Detox сакав да ја купам но еве продавачките ме зезнаја поради тоа што ми велеја дека прија исклучиво на мрсна кожа,па затоа ја купив B.Healthy Mix но среќа добра ми се погоди и ова,па за неколку месеци можеби ќе ја пробам и ова,и така многу пати консултирајќи се со продавачките од парфимериите сум купила ужасни пудри што воопшто не ми одговараат на кожата.
Значи пудрава е минерална пудра и се користи без течна(можеш ти и течна ама нема потреба)само ти треба крем за лице и ништо друго.Не е обична пудра во прав врз течна што се става.Кога ја нанесуваш таа се впива во кожата и после некои 10-15 мин лицето ти е како свиленкасто,не се познава како обична пудра во прав или камена пудра.Инаку за цена некој ме праша артдекото е 1000 ден без четка а 1300 со четка.Инаку трае 5-6 месеци со секојдневно нанесување,а пудрата на лице држи цел ден.
Искрено, прв пат ја гледам оваа пудра на Дебора - ја има некаде? Ме заинтересира она MAT, ваљда ќе и прија на мојата троа мрсничка кожа. Ако ја забележите некаде, било каде, пишете овде, или пишете ми ЛП со пропратни елементи (цена, нијанси, вамте тамте...).
Је меркав пред некое време оваа од Артдеко, ама што читав рецензии повеќе се жалеа него што ја фалеа па се откажав.
Јас си порачав течна пудра за лице од Орифлејм се вика oxygen boost foundation Ми одговара на типот на кожата и презадоволна сум ..
Каков тип на кожа имаш? Мене најубава пудра до сега ми беше оваа подоле,од Vichy бројче 25 -nude,совршено ми лежеше на кожата,ама сега си немам буџетче за неа,па барам некоја замена Тешко ми оди,купив Debby ама не ми се свиѓа веќе,ко маска да сум ставила на лице се чуствувам,па сега барам друга..Инаку имам комбинирана,повеќе оди накај мрсна но и осетлива,не сешто ми одговра.Не само пудри туку и креми и млеко за чистење на лице,доколку не ми е погодено ми се ствараат ситни бублички на челото Може ова не е вистниската тема,ама не знам кај да се обратам,за овој проблем,што повеќето производи ми ствараат бубулици
Денеска бев во космо и ми ја предложија bourjois пудрата со четка,кажаа дека била добра и велам ајде ке ја земам за тие пари каква сака нека е.Имаше 40% попуст и ме чинеше околу 320 денари.ја пробав веднаш, не ми изгледа лошо. Ја користел ли некој од вас,како ви се допаѓа.......позззз