^^ А ги има низ парфимериите ? Не сум сретнала ниту еден прозвод од оваа марка. Хелти миксот на Боржуа е добра за нормална кожа, лесна пудра е, би требало и Био детоксот да ти одговара, ама не сум сигурна. Исто Колор Копи на Дебора - за неа потпишувам со двете раце, Тајм Плус на Севнтин ми изгледа како најпогодна за млада кожа... разлистај ја темава, има многу предлози, а доколку имаш дилеми - правец парфимерија и тестирај.
Се надевам дека ова ти беше шега дуду пудрата на линкот што си го постирала е за стара кожа... не виде дека пишува age rewind... секако не е за неа сепак фала за линкот сега јас ке дремам цела вечер на сајтот на maybelline Squirrel имаш мноооогу пудри и искрено не знам која да ти ја препорачам може пример deline таа е како тонирана крема или пак young derm... доколку сакаш нешто со поголема моќ на покривање иако еве не ти препорачувам сама си кажа дека имаш чиста кожа може seventeen time plus Се надевам помогнав
е па јас сум згрешила се извинувам , ти бараш за млада кожа и нормална моја другарка и ја препорчаја од оваја фирма паковањето беше исто јас не видов грешка моја ке одиш и ке му кажиш ке ти ја покажат таја со мислам извини уште еднаш
Оние mousse пудрите, како се ставаат? Само со крем подлога, или врз течна? Нит се води нит се тера а многу убави ми се на кожа, одма ко да се топи, мат ефект. И не знам дали оваа или оваа . Стотина денари е разликата, убави ми се и двете али би сакала уште некое мислење ако има.
Девојки,ај која ги има користено нека ми каже,овие Mahattan clearface,има две врсти,едната е Натурал мат,а др. е Перфект мат.Која е подобра?
Јарец, и мене ме интересира дали има и која е разликата, меѓутоа се' си мислам дека едната е старото а другата новото издание на пудрава, само не знам која е која и дали воопшто сум во право. Ако е расположена некоја да не' просветли - бујрум, ќе ни биде од корист, верувам. Не ни заприметив која беше онаа во парфимеријата каде што ја загледав, ама утре ако не заборавам или одложам по којзнае и кој пат, ќе поминам и ќе се распрашам - не можам да се гледам повеќе со 2 нијанси потемната пудра која моментално ја имам (од летото нели, небаре тенот ќе трае до декември ), а и ужасно ми тежи црната Менхетн, морам да ја сменам под итно!
Natural mat е помалку покривна од Perfect mat.Но можи да ја надоградиш со уште еден слој и пак да изгледаш нормално и не е тешка на лицето.Јас ја имав Natural Mat и задоволна сум,не ми сјае лицето,не се појавуваат мозолчиња,единствено што ми смета е што и најсветлата нијанса мене ми е темна.
Епа баш полесна сакав,да си купам за секој ден,ревлонот да си ја чувам за посебни пригоди Ќе размислам Ама битно исто го регулира мрсењето на лицето така?
За преку ден е супер.Мене ми го регулира, ако имаш многу мрсна кожа можиш да ја купиш камената од истата колекција антибатектериската,соврешени би биле А какво мислење имаш за ревлонот,оти планирам да ја купам,имам мрсна кожа склона на акни?
Фала ти многу,ми треба полесна пудра за секој ден.Ревлонот е супер,покрива,не мрда цел ден,а и не се мие лесно,некако како водоотпорна ми е.Имам неколку страни поназад пишувано повеќе пати.И јас си ја имам ама не сакам да ја шлапам за секој ден.
Ги имам користено и двете,перфект мат некако подобро ми покрива но е потешка пудра.Лично мене не ми се допага за преку ден премногу се познава,лицето изгледа многу вештачки. За преку ден користам Loreal True Match и презадоволна сум. Поздрав
Затоа повеќе ме интересира Натурал мат,не сакам да е слична со таа во црна тубичка,тешка е многу,барам полесна пудра,само да не ми свети лицето,а инаку не ми треба за кој знае какво покривање.
Во тој случај Ви ја препорачувам Loreal True Much и Ви препорачувам да користете камена пудра како би го избегнале сјајот на лицето.Исто така има еден ''трик'' кој јас често го употребувам за да го отстранам вишокот на сјај од лицето одкога ќе нанесам пудра.Земате едно хартиено шамивче и со него нежно ќе притиснете на целото ваше вице,насекаде.На тој начин памивчето ќе ја впиие вишокот на марснотија(ако имате мрсна кожа) или во овој случај випокот на сјај на кожата(како би се постигнал мат ефект).
или Која е подобра, по покривна, и подобро го изедначува тенот, а и воедно е добра за комбинирана кожа?
^ Првата ja имам користено пред две години и кога станува збор за покривност - на нашиов пазар нема подобра. Ревлонот е добра ама не се споредува со Дермаблендот во тој поглед. Ако ти треба стварно високо покривање подобар избор ти е Виши. Мат е, добра за комбинирана кожа, ама не би ја препорачала за секојдневна употреба затоа што сепак е тешка пудра.