Јас ја користам Импала италијанска пудра и не е скапа и одлично покрива и убаво се нанесува, порано се занесував те лореал, те максфактор, севентин итн... сите се огин скапи и немааат некој си ефект. Пред Потоа Еве ја пудрата
Артдеко камуфлаж коректорчето добро покрива и се користи само на потребните места, а на остатокот од лицето можеш било која полесна пудра, еве на пример Буржоа Дитокс која е со природни состојки. Или Виши пудрата да ја користиш само на потребните места наместо коректор, а на остатокот обична пудра. Важно е да не го замараш лицето каде што нема потреба, затоа што овие потешки препарати со повисок процент на пигмент ги затвараат порите.
Од пудрата на YoungDerm сум презадоволна.. Неверојатно е со колку малку количество да се покрие лицето, и тоа прекрасно! Се заљубив во чудото, и цената е доста прифатлива, околу 60 денари. Дома уште славам што ја најдов!
Мене па Јанг Дерм ич не ми е покривна,ама ич. И кожата ми е комбинирана,а како сува да ми е...не се размачкува некако,во порите останува бело.
Девојки да не знае некој од страницава погоре какви се всушност овие пудри...кога ќе ја отвориш страницата,па одиш после на Produkte па после на Make up и тука се пудрите...Морав вака да објаснам зашто несака директно пудрите да ги покаже...ај ако знае некоја да ми каже, дечко ми е во германија па да му порачам ми се гледаат некако убави а ефтини...и секако ако знаете и за другите производи нема да е на одмет да пренесете искуство
Јас морам да кажам дека си купив пудра. Ми требаше за на свадба, нели посвадбарски е кога имаш пудра на лицето, не сакав да бидам единствената без грамче пудра. И за чудо успеав некако сама да се поднашминкам. Арно ама ја изгубив пудрата, ни сама не знам каде. Инаку на голден роуз беше, добра беше не беше лоша. Ај здравје пак за некоја свадба ќе купам.
^^^ А да не знаеш тоа првото што е,Mousse што пишува на него И тоа ли е некоја пудра?пишува на него Sunny и Honey? A тоа Oil free make -up за мрсна кожа ли е ? Оваа пудра ја користам подолго време и сум многу задоволна, не е некоја тешка пудра а добро покрива. Ја земав за 449 ден. тогаш беше на попуст а мислам дека се движи околу 600-700 ден.
Го разлистував каталогот на Орифлејм и наидов на пудрава. Во тековниот каталог е око 400 денари, ама мање битно, ме привлече, гледам пишува мат, oil free, па би требало да е за мрсна кожа, така? Ајде ако ја користела некоја нека чкртне некоја пофалба, критика, било што.
За мене пудра, маскара и неутрален кармин се дел од личната хигиена на секоја жена. Ни до колонијалчето не одам без пудра, едноставно ми го изедначува тенот и се чуствувам поубаво. Неколку пати имам пишувано дека се колнам во Revlon Colorstay, ја користам со години бидејки имав проблеми со акните. Нема пудра со подобра покривност од средниот ранг пурди, тешка е но како ке се нанесе, така останува цел ден. Последнава година бидејки кожата ми се среди, во моменти кога не ми требаше голема покривност користев Loreal Infallible бидејки е полесна. Ми се потроши и решив да купам Vichy Aera Tent Pure, бидејки сум презадоволна од сите други Vichy производи. Минерална е, без парабен и има состојки кои работат на подобрување на кожата, наспроти едноставно покривање. До сега се имам намачкано неколку пати и можам да кажам дека сум задоволна. Покривноста е за нијанса послаба од Lorealот но не ми пречи бидејки и така ја купив за преку ден. Ми се погоди нијансата, што со мојот жолтеникав тен ретко се случува. Првин сакав да купам од Dermablend но баш поради нијансите и типот на кожата, се решив за Aera Tent Pure и не се покајав. Пудрата е лесна, останува фиксирана неколку часа, лесно се отстранува и не го суши лицето.
Девојки дали некој од вас ја пробал пудрата од Vichy-Dermablend (cover creme ) ?Тоа мислам дека не е обична пудра туку покрива лузни флеки итн.. Ако има некој искуство пишете ми бидејки сакам да ја купам а не е баш евтина,па да не се излизгам за џабе Благодарам!
Meне оваа пудра како кремче ми е. Убаво стои на лицето кога ќе ја ставиш ама ич не ми беше покривна. Потоа другарки ми зборуваа дека со подлогата заедно ептен добри биле. Се покривала. Пробав и така и немаше никаква разлика. Исто како порано. Ако ти треба пудра за покривност не ја препорачувам Џордани. И напомени прво за каква кожа ти треба, сува, мрсна, нормална.
Мене одлично ми покрива е сега ако имаш бубулици коишто сакаш да ги прекриеш, пудрата е лесна па не верувам дека ќе успее да ги покрие...инаку мене ми е прекрасна немам многу што да покривам, а пред се кога ќе ја нанесам на лицето кожата делува сосема природно...па сега секој со својте потреби
Ади јас не ти препорачувам да даваш над 400 денари за орифлејм и авон.како прво скоро сите пудри им се како крем,а ти бараш да покрива. Второ,не знаеш дали сигурно ќе си ја погодиш нијансата,ако прв пат порачуваш. Вака најубаво,отиди во Јуник,Космо,каде што има повеќе фирми и пробај си на лице место.Имаш до кај 400,на Менхетен тие против акни,имаш на Дебби и за мрсна и за сува,имаш на Мејбилајн исто цената е таа отприлика,Севентин исто така. Најубаво да си пробаш со тестерче,ем за нијанса ем можеш да ставиш малку па да видиш за пола саат-саат каква реаkција ќе има,да не поtемни и било што. Ова за да не си ги фрлиш парите за џабе па да не ти одговара.