Eпа сега на чисто лице, секоја пудра ќе биде убава. И самата кажа на тебе не ти била потребна покривност, додека Ади бара покривна пудра. Мене лично ни најмала акна не ми покрива на Џордани. Прочитај си го првиот пост, прочитај го и овој. Баш и нема некоја логика. Ади за сува кожа, не знам да ти препорачам пудри, но еве Јарец ти даде некој совет
Значи јас кажав дека мене ми покрива колку што ми треба, а после кажав дека доколку има бубулици нема да ги покрие...а бидејки јас ги немам истите мене пудрата ми е одлична и со истата преку ден не изгледам нападно како да имам 100 кила пудра ставено туку кожата изгледа сосема природно. А и Ади не спомна никаде дека има бубулици коишто сака да ги прекрие. И крај на дискусијата...реков секој со својте потреби.
Знаеш што не планирам да се расправам за една пудра и јас кога барав пудра барав покривна а немав никаков проблем со лицето и кога ја пробав оваа сватив дека нема потреба да користам некои тешки, густи пудри и затоа и ја препорачав оваа, не сум јас баба ванѓа па да знам дека таа има проблеми со лицето...јас и ја препорачав а нејзино право е дали ќе ја земе или не...на крај краева можеби има милион пудри што се подобри од оваа па која сака таа ќе си ја земе, тоа си е право на избор и секој има различно сфаќање ако тебе не ти се допаѓа мене ми се допаѓа и крај...таа ќе одлучи која пудра ќе ја користи, ко божем одма ќе се залета да ја купи само затоа што јас сум и ја препорачала...мислам нема потреба од вакви дискусии.
Eдно сакам да кажам, друго ме разбираш. Јас само кажав искуство од пудрата, ти се залета ми реплицираш цело време. И мислам нормално е кога бараш покривна да бараш пудра за да ти покрива акни и сл. Не е работата за Ванѓа и други баби. Очигледно е. Нека не бришат, офф сме.
Заборајв да напоменам, Имам бубуљици, и заради нив ми е сакам да ги поккрива ,користев Импала неколку со ред, ама сакам да сменам.. фала ви многу, ќе се обидам да побарам ..
http://www.vichyconsult.ie/products...end/dermablend-high-coverage-cover-cream.aspx Ако прашуваш за ова кремче, ова е коректор. Пакувањето е 6 грама и пишува дека е за покривање на витилиго, розацеа, пост оперативни лузни итн. Прочитај си на сајтот. Самата пудра Dermablend е доста покривна но проблемот е што од оваа линија имаат само 4 нијанси: 15, 25, 35 и 45. 15ката е многу светла, додека 25ката на мојот жолтеникав тен дречеше помаранџасто. Ако се одлучиш за оваа линија, не купувај без да ја пробаш бојата.
Еве на ова мислам,незнам дали е исто бидејки тоа не е 6 грама како што напомена ти.А ти ја имаш користено така?Те молам кажи ми дали стварно прекрива лузни и белеци од бубулици,сакам да си најдам вакво нешто бидејки имам флеки од истите.поз http://www.dermablend.com/howtoapply/
Ааааааааааааа, ова е друго, не е Vichy. Ова е од рекламата со тетовираниот што го шминкаат и брендот е DERMABLEND Professional. Mалку ми е чудно како од Vichy дозволиле исто име, нели патентирано им е ама ај они си знаат Мислам дека овој бренд го нема кај нас и дискутабилно е дали ке го донесат во Македонијава. Нарачување преку интернет не ти советувам освен ако не си сигурна 100% која нијанса ти треба, т.е. не си пробала претходно. Dermablend од Vichy немам користено баш поради тоа што немаат нинајса која одговара на мојот тен. Ако имаш проблеми со флекици од бубулици, земи си ја Colorstay од Revlon за комбинирана и масна кожа и не ти треба коректор. Го имам истиот проблем во изминативе 10 години и пудрава покрива одлично. Со коректори се разликуваат нијансите, пак се гледаат бубулиците, со пудрава изгледаш спастерно.
Ааааааааааааа, ова е друго, не е Vichy. Ова е од рекламата со тетовираниот што го шминкаат и брендот е DERMABLEND Professional. Mалку ми е чудно како од Vichy дозволиле исто име, нели патентирано им е ама ај они си знаат Мислам дека овој бренд го нема кај нас и дискутабилно е дали ке го донесат во Македонијава. Нарачување преку интернет не ти советувам освен ако не си сигурна 100% која нијанса ти треба, т.е. не си пробала претходно. Dermablend од Vichy немам користено баш поради тоа што немаат нинајса која одговара на мојот тен. Ако имаш проблеми со флекици од бубулици, земи си ја Colorstay од Revlon за комбинирана и масна кожа и не ти треба коректор. Го имам истиот проблем во изминативе 10 години и пудрава покрива одлично. Со коректори се разликуваат нијансите, пак се гледаат бубулиците, со пудрава изгледаш спастерно.[/quote] Леле фала,јас па ќе тргнав да ја барам овв од Виши Али сепак ке пробам некако да дојдам до оваа од дермабленд а за сега ке си ја земам Ревлон имам и од други слушано дека покрива убаво,фала ти многу
Мене ми треба некоја лесна пудра, али да не биде скапа, 200-300 денари. Некој да ми каже каква да си зеам?
Прво што ми текнува е Импала - најверојатно си ја пробала, таа е од 150-170, цената варира во зависност од каде ќе ја купиш. Но таа не е баш толку лесна, јас порано ја употребував а сега не можам да ја замислам многу ми е мрсна и тешка. Моментално користам само камена пудра (прво ставам помада на лицето) на Golden Rose мислам дека 100 денари ја земав или 150 и сум прилично задоволна затоа што лицето не сјае како да е мрсно.
Импалата е многу тешка пудра, за зрела кожа. Лесна, хм...би можела од Мис Спорти, има повеќе лесни тинејџерски пудри,до 150 највеќе.Покриваат доволно. Е сеа ако имаш повеќе бубулички што сакаш да се покриени,не е за тебе, ама ако ти е воглавно чисто лицето, би требало да се добри.
Користев ревлон ама секој ден е многу тешка навистина прекрива но не е за секој ден, меѓутоа таква ми е работата што морам да се шминкам секој ден па ја прашав продавачката и ми ја препорача на bourjois со четка ја пробав од тестер стварно е убава прекрива и не е толку штетна само е многу малку 16мл ама па лицето не ни е за фрлање мора да се внимава
Има некој искуство со Gosh Natural Touch пудрата? Сакам да ја купам, претходно ја имав од Макс Фактор експириенс и не се покажа добра. Инаку имам сува кожа и не барам од пудрата да покрива многу бидејќи после пудрата секако нанесувам коректор. Најважно ми е да не ги затвара порите и да биде лесна.
Имав многу проблеми со изборот на пудра и имам пробано неколку. Не ми се веруваше, ама на крај најевтината како најдобра ми се покажа. Користам Импала бр.3 и супер ми е дури и ви ја препорачувам
Незнаев каде да прашам па оваа тема ми се виде најпогодна. Една другарка од клас ја видов на четка ставаше бебешка пудра и после на лицето си стави, да не знаете зашто е тоа?