Јас сеуште си останувам лојална на мојата за секој ден инаку заљубена во koја ја потрошив, и сега си собирам пари за нова....
Немам проблеми со лицето, чисто ми е ама имам проблеми со подочници што никако неможам да ги покријам. Сега се мислам дал да земам пудра или коректор, и ако коректор каков. А за пудрава, да биде лесна и не многу мрсна, прилагодена за оваа возраст. Се мислев дали да земам од Импала или Мис Спорти ама ми имаат кажано дека ич не биле квалитетни, како само крема обична да си ставила на лице.
Земи си жолт или зелен коректор (подобро е жолт ама кај нас потешко ќе го најдеш, а го има зелениот на Гош) стави неколку точки на оделот на подочниците и надолу по носот формирајки триаголник. Натапкај (не размачкувај премногу) и остави да се исуши. Потоа врз него стави обичен коректор за подочници, Па на крај финиширај со пудра и пудра во прав или камена.
Ме интересира дали некој има искуство со пудрава?За каква кожа е (сува,Мрсна,нормална) и дали добро покрива во план сум да ја порачам па најнапред да се информирам
Aу, тука морам да те поправам! Ако ставиш зелен коректор на сини подочници каша попара ќе направиш. На подочници се става само жолт коректор. Зелениот е за покривање на црвенило бидејќи зелената ја неутрализира црвената.
Пеперутке, на возраст мислам исти сме, нели? Епа Виши не е баш (читај воопшто) за млада кожа, попогодна е за позрела, барем 25+ како што имам слушано, доколку грешам нека ме поправи некоја поинформирана, нема да се лутам - напротив. Ама сепак мислам дека е за позрела кожа. Прекрасна пудра е оваа која ја имаш спомнато, ама мене ми е троа тешкичка, а на мајка ми таманска и' е.
^ Jaс користам Виши , мене ми е погодена оти е многу течна а во истовреме и покривна .. Ја мешам со мaybelline оти брзо ми се бриши Виши ( тоа дека не ставам камена пудра )
Жолт коректор има во Oriflame, има еден течен а има и еден како кремаст тој многу покрива и е многу убав јас го користам само лошото е шо оди заедно со зелен коректор и пудра и има по малце од сите. Цената е околу 170, не се сеќавам точно.
http://eleven.se/en/deborah-24ore-perfect-foundation-6423.html Јас ја користам оваа пудра на Дебора веќе 2 месеци и многу ми се погоди, до сега најубава од сите што сум ги користела. 600 ден ја зедов од Меркур од Битола Од сликата 3 ја имам Caramel beige
има некоја пробано true match од лореал нова им е сакам да ја испробам посо до сеа користев од боржоа детох и за тие пари не вредеше тешка пудра и теско се размачкува па ај кажете ми за оваа од лореал пошо при кај ми е па сакам да ја пробам оваа од лореал ама ако некоја од вас била задоволна ај нека писе
Maxim Cover од Estee Lauder не сум ја сретнала кај нас, единствено да провериш во Космо да не ја добиле. Јас ја купив во Сефора во Солун. Цената беше 36-38 евра, не се сеќавам точно. Мене лично не ми се погоди. Имам 2 линии на челото, мимички брчки и по една линија кај подочниците кои се скоро неприметни. Kога ке ставев од пудрава, целата се собираше во тие тенки линии, ги потенцираше и ме правеше 10 горини постара. А не е ни толку покривна како што ја рекламираат, незнам за белези после операции и слично, нема шанса. Има жени кои се задоволни, ете како Heidi, исто така и на вебсајтот на Estee Lauder имам прочитано позитивни коментари. Vichy може да се користи после 20та година (како и сите други пудри), нормално соодветната која одговара на типот на кожата. Сигурно на 20 нема да земеш пудра за лифтинг и против брчки. И да почнеш да ја користиш Normaderm или Aera Teint на 18, мислам дека нема да е проблем бидејки ако треба да бираш помеѓу други комерцијални марки, сепак Vichy се со водена основа и полу медицински. Не се само шминка туку и “работат“ на кожата. Јас моментално ја користам Aera Teint Pure за нормална до мешана кожа преку ден и задоволна сум. Цената е околу 1100 денари, зависно од аптеката. http://www.vichyconsult.com.hr/ProductSearchResults.aspx
Имам едно прашање .. Сакам да купим пудра ама да не биде мн скупа .. до кај 400 денари.. Како што гледав од претходни коментари која е најдобра од Мисс Спорти, Тајм плус севентин , голден роус ? ако може некој да ми каже... =) мислим дека овја пудре са до 400 барем според што читав... плиз ако може некој да ми каже.. Инаку имам мрсна , проблематична кожа ...
Ако имаш мрсна кожа тогаш ти ја препорачувам Manhattan mat make up , цената се движи од 400-460 Од Севентин повеќето не се задоволни.
Јас се мислев меѓу Дитоксот на Буржуа и плавата пудра на Менхетн, ама читав коментари кои не ми се допаднаа за Менхетнот - многумина ја едначат со онаа во црната тубичка, па некако не ми се ризикува и се одлучив да ја земам првата горенаведена, а и Лилит чинам многу ја фалеше. Си најдов и дополнителни информации (ги ставам доле во спојлерот, која ја интересира ќе си прочита) и уште повеќе се заинтересирав, така да, оддвојувам од фондот и шибам во Шатци. Ме интересира само, дали располагаат со посветлите нијанси, бледичка сум. Спојлер Bio Detox претставува органска пудра кај која 98,8% од состојките доаѓаат директно од природата, 21,9% од состојките доаѓаат од органски фарми. Оваа пудра одлично измазнува, го намалува појавувањето на пори и ги покрива сите недостатоци на лицето. Она што е карактеристично е што нејзините состојки како збогатување со хлорофил овозможува детоксикација на кожата со секое нанедување на пудрата. Формулата која овозможува одлично прекривање со помош на вода од органски плантажи овозможуваат пудрата да се топи на лицето без да остави ефект на маска (чувство на маскирана кожа) по нанесувањето. Од извршено тестирање… Пудрата е тестирана од страна на 101 жена при што резултатите од тестот се следниве: Пудрата трае цел ден – 84% од испитаниците се согласуваат Несовршеностите се измазнуваат добро – 77% од испитаниците се согласуваат Формулата овозможува лесно чувство на кожата – 81% од испитаниците се согласуваат. Од лично искуство… Пудрата е перфектна по извршено тестирање на сопствена кожа. Брзо се суши па затоа бара и брзи прсти при нанесување, но кога конечно ќе се исуши создава одличен мазен мат финиш. Оваа карактеристика би можела да ја стави и во категорија на комбинирани пудри бидејќи процесот на трансформација од течна во прашкаста состојба е навистина брз. Во секој случај чувството е навистина интересно и невобичаено кога станува збор за течна пудра. Можеби најпрактична би била за сите оние кои имаат помрсна кожа. Интересно е што во споредба со претходната пудра на Bourjois – Healthy Mix сметам дека Bio Detox има нешто подора прекривна моќ. Кога сме веќе кај Healthy Mix вреди да се напомене дека амбалажата на Bio Detox е стаклено шишенце со пумпа наместо пластична кај Healthy Mix. Сите тестирања и споделувања на искуства за корисноста на оваа пудра кои можев да ги забележам на интернетот се позитивни.
Дали некој знае некоја поубава пудра за мрсно лице, но, да не е штетна, да не ги затвара порите бидејки имам слушнато дека на макс фактор се штетни иако добро изгледаат на лице
^ Па можеш и малку подобро да ја разгледаш темата - има милион наведени пудри погодни за мрсна кожа и не се сомневам дека нема да најдеш некоја која ќе ти фати око барем, ако не друго. Еве, многу форумџики ја фалат Менхетн (во црната тубичка), 400-450 денари, Ревлон Colour Stay, исто имам слушано позитивни коментари и за Л'ореал True Match, исто и Дебора имаат добри пудри. Разгледај си ја темата, сигурна сум дека ќе најдеш нешто.