И јас размислував да ја купам ова пудра но кога прочитав многу негативни коментари за Bio Detox на еден србски форум се откажав,таму имаше страници со коментари за оваа пудра и буквално се беше негативно,пудрата имала многу лош мирис,тешко се нанесувала на лицето веднаш се сушела,оксидирала бојата,била многу тешка на лицето,иако била наменета за мат ефект сепак за неколку часа просјајувала,ако на лицето се имало проширени пори или ситни брчки наместо да ги сокрие уште повеќе ги нагласувала и сите овие негативности ме предомислија.
Немој жити се', не ме разубедувај! И јас наидов на истиве критики, ама сума-сумарум, повеќето беа позитивни, па ќе ризикувам, а и без ризик нема шизик, па одам на се' или ништо овој пат, а деталите ќе ги добиете откако ќе ја тестирам. Исто ми ја препорачаа и Макс Фактор - експириенс, иако не сум сигурна колку е добра за комбинирана, мрсна кожа, ама по многуте прочитани коментари дека нивната козметика содржи олово се откажав, шубе ме фати.
Таа на експириенс мене ми се покажа како една од најлошите пудри на лицето ми беше како да сум ставила брашно а не пудра цела ми се разлеваше. Па ај чекаме коментар за Bio Detox
За сува кожа би препопрачала Oriflame Beauty Matte Control Foundation.Ја користам моментално ,навистина ми се допаѓа..
Не фрлај пари без да пробаш!!! Во сите Космо продавници имаат тестери. Појди со чисто лице подготвено за шминка и намачкај се па ке видиш дали ти одговара. Зошто да не кога веке ја имате оваа можност, сепак 800-900 денари не се за фрлање. Мене Bio Detoxот не ми одговараше, воопшто не сакаше да ми се размачка на лицето. Наспроти оваа, Helthy Mix со црвеното капаче е од Bourjois е прекрасна пудра, убаво покрива и мириса на овошје. Пробај ја и неа
Detoxот стварно лошо мириса, и јас ја пробав и на мене ама ич не ми одговараше. Од друга страна Healthy mix ко што пишале и погоре е топ пудра, следна таа ја земам. Никогаш не користам иста пудра два пати по ред, имам 3-4 кои ми се погодени и ги менувам една по друга, зашто се заситува кожата. Менхетн црната ми е перфектна пудра, ставам многу малку, и пегите да ми се познаваат, така што не ми пречи што е потешка, не ставам три слоја. Лореал ја користам, и Буржоа. Од Буржоа ја пишав поназад во темава, онаа со четка што е црната... Пудрата си е супер ама испадна неубава работа тоа четката, дерматологот ми рече се` што ќе намачкаш/собереш од лице, следното ставање пудра пак си го враќаш, рај биле таквите четки за бактерии. Овие другиве што се во шишенце/туба со прсти или сунгерче за една употреба ги нанесувам. Изглеа толку од убавата пудра.
Пишав и претходно и јас ја користам таа пудра 3ката ептен ми се погоди, од Битола од Меркур ја земав 600 денари, а пртходно беше 700 имало намаление на оваа пудра и сега стално ќе биди 600.
Денес мама ме израдува со Vichy пудри и тоа 2,не можела да се одлучи па ми зела две Првата е што си ја користев и порано,ама ај демек поевтино,земав Деби и поштено се заебав.Виши си е незаменлива. 35-ка,таман ми е погодена. И една што ми ја земала демек повеќе покривала,за вечерни излегувања на пример.. исто 35-ка. Веќе не експериментирам со пудри,овие се моите пудри.
Дефинитивно за мрсна кожа најдобра пудра до сега што ја имам користено е antibacterial manhattan, за мене незаменлива.
Девојки, ве молам за помош околу изборот за пудра... Не сум некој љубител на шминкање, но понекогаш ме фаќа некој мерак и мене, сепак во крвта ни е на нас женските... Имам нормална, но чувствителна кожа, па ве молам за предлог пудра којашто нема да ме прави како да носам маска или да светам како лампион , само за израмнување на тенот на лицето! Ви благодарам однапред...
Девојки ај пофалби или критики за пудрава. За каква кожа е, колку е покривна, како стои на лице (мислам од авион се познава дека имаш пудра стаено или природно изгледа) и дали вреди за парите?
По препорака на Теди Мечето , ја купив оваа пудра и ја испробав. Значи солидно покривна, нема сјај на лицето, еве ја стои како што е ставена, после 6 часа и се' уште ефектот е добар. Јас сум скептик за пудри во стик, не сум навикната ако не се течни, ама пудрава е супер. Плус, цената е смешно пристапна (170 ден.) ја имате во продавницата на Голден Роуз на Рекорд. Ја земав нијансата бр.5 Caramel и прилега одлично на тенот. Од сите испробани пудри до кај 400 ден. меѓу кои Тајм + на Севентин, Мат на Есенс, Мат на Дебби, Кетрин Арли во стаклено шишенце, оваа на Голден Роуз е измислена за сите, за тие пари.
ја користам со години и ми е незаменлива, иако сега размислувам да сменам за некоја на ланком ама незнам дали ми се даваат толку пари за пудра...
незнам која се не пудра ја имам пробано, и неможам и немоажам да најдам адекватна....уффф мн се нервирам
^ 800-900 денари, зависи од каде ќе ја земеш. Шана, така и направив - си отидов директно во Космо и пробав од тестерче. Ми се допадна пудрата, т.е. баш му одговара на моето лице, не ми е тешка како Менхетнот, не се ни осеќа дека имам ставено нешто на лицето и баш напротив - мене прекрасно ми мириса, на нешто свежо. Покривноста хм, имам прилично чисто лице, периодично знае да ми се нафрли некоја бубуличка, па мене ми е одлична. Ама мислам дека пак утнав нешто со нијансите , светла ми е, т.е. иста е како мојот тен, меѓутоа ми дава свежина, нема траги од уморно лице и темни подочници, инаку ако не ми се презасити лицето од неа, следниот пат ќе си ја земам маалце потемната (зедов Ванила 32 беше мислам), ама како и да е, ми се допаѓа и оваа. Не ми светна лицето, а ја носев цел ден, само со обичен крем како подлога и без финиширање со камена. Еј, да, девојката таму ми кажа дека пудрава е најпогодна за мрсна кожа а пишува и на самото шишенце дека е со мат ефект, меѓутоа читав позитивни коментари од девојки кои имаат сува, чувствителна кожа и ја користат истава.
Добра е препораката од А-ј-а за Helthy Mix бидејки е наводно со состојки од овошје. За чуствителна кожа може да земеш и Vichy Aera Teint Pure. Двете пудри се полу-покривни и лесни. Од аспект на иста цена и покривност, колку за промена ти ја препорачувам Bourjois Helthy Mix со црното капаче. Lancome е веке повисока класа и треба да пробаш пред да купиш. Ако е поскапа не значи дека ке ти одговара на лицето... Јас така се зафркнав со Estee Lauder, и до ден денешен не си ги прежалив 38те евра
Каде да ја најдам revlon colorstay во битола? Мислев на место каде што нема да му биди стоена со месеци и отприлика колку пари е?