Не сум по пудрите, многу ретко ставам, значи само на посебни настани, ама сеа ме фаќаат бубачките и сакам и јас да си ставам почесто. Ја земав пудрата на Golden Rose - Mineral Foundation откако го пробав тестерот и сум презадоволна. Совршено покрива, не е ташка пудрата и има пристапна цена (ја земав од продавницата на Golden Rose на рекорд за 280).
Ја има сонце во Космо дрогериите, ама во поинакво пакување и не е истата Ја си пукнав 50тина и нешто плус евра за пудрата и сериозно ми идеше да се вратам и да и ја истурам врз глава на таа продавачката (ни крива ни дужна).... Јас си ја зимам од Грција или ја нарачувам кога некој оди...Ем за малце поефтино, ем докажан квалитет. Лицето го фотошопира. Не остава траги. Стои 24 часа со гаранција. Покрива апсолутно СЕ! Кога јас првпат ја нанесов, неможев да верувам дека лицето може да ми биде толку мазно, чисто, гламурозно и прирадно. Без маска ефект! Ако си ја користела веројатно знаеш....Вреди за секој цент!
Дечки, да прашам нешто - ова коректор е? И добар ли е, го користела некоја? Ме интересира (дали и ) колку ги покpива подочниците, и колку чини? Спојлер И пак да прашам уште за камената од истата линија, Спојлер како сте задоволни од неа? Трајна е? Ми изгледа солидна, па кога ќе ја дотрошам мојата камена во план сум да ја земам, па ме интересира и цената. Инаку задоволна сум од трајноста на течната Био-Дитокс, не се брише после 2 саати (мене ми издржа 8 денеска), нема ефект на маска, ниту пак чувствував ефект на маска, а богами и се смеев без да го имам тоа чувство на затегнатост преку целото лице. Ме разочара малце дека ми просјае пределот кај носот, ама планирам да го средам со камената, плус - уште немам најдено соодветен крем за подлога соодветен за мојата кожа.
Девојки, ве молам за помош... Денеска гледав по парфимериите за тие пудри што ми ги препорачавте... Ги најдов Bourjois Healthy mix и Loreal true match... за пристапни цени околу 700-750 ден. се движеа... Кожата ми е нормална и чувствителна... според вас која да си ја земам? ги пробав , ама со едно тестерче буквално ништо не забележав... е сеа во едната парфимерија дали пошто не држеа производи на Bourjois , ми кажаа демек никој до сеа не бил задоволен од таа пудра... И ако некој од вас ми препорачува за од Bourjois ќе ве молам кажете ми дали со црвено или црно капаче? Ви благодарам однапред...
Пред една година ја користев пудрата на Loreal True match и бев задоволна мислам дека е добра за нормален тип на кожа и има добра покривност,а сега моментално ја користам на Bourjois Healthy mix и исто така сум задоволна и од неа,само што ова пудра некако по природно и по лесно ми делува на кожата,а и покривноста и е средна помала покривност има од Loreal True Match,но по неколку часа од ова пудра ми просјајува кожата,значи подобра е за нормална кон сува кожа.Но од овие двете која и да ја купиш нема да згрешиш и двете се многу квалитетни пудри.
Водолија, таа со црно капаче е подобра, бидејќи како што знам, онаа другата е серум и не е толку покривна - ако грешам нека ме поправи некоја.
Значи најдобро да си ги тертирам и двете, па да видам на која како ќе ми делува кожата... Фала ти најмногу... Мхм, епа баш како што читав тука по интернетот, гледам дека за таа со црвено што е сите пишуваат како серум, а таа во парфимеријата ништо посебна разлика не ми кажа меѓу нив, освен тоа дека таа со црно била на база на јаболко, а онаа другото мислам дека спомна калинка и јаболко... шо мене исто ми се фаќа тоа, најбитно да не ми направи проблеми на лицето... Во секој случај фала ти мноооогу...
Пудри од ревлон мислам дека има во Супермарио, Шатци и Меркур. Е сега цената мислам дека е околу 820-860. Најевтина е во супермаио ама да знаеш декаможе да биде и отварана. Мислам дека за потазе пудра можеш да си видиш во Меркур, ако сеуште има бидејќи во Бт немам појдено повеќе од пола година па не сум баш во тек. Се надевам помогнав малку
^ Ја немам користено, но моја пријателка-да, и вели дека е најлоша пудра што некогаш ја купила за тие пари...Немала трајност и лесно се 'распаѓала' за кратко време...Не беше воопшто задоволна...
Јас ја имам користено и сметам дека ова е една од полошите пудри на кои сум налетала сепак зависи за кој како. Мене ми оксидираше, бојата потемнуваше брзо на лицето од како ке ја ставиш. Се брише многу брзо без камена инаку е за нормална до сува кожа и многу ми ги изразуваше порите на лицето. Заклучок: За тие пари пудрата не вреди воопшто
Утре сакам да си купам пудра.Барам некоја солидно да покрива,да биди за мрсна кожа и да е негде 300 ден.Ако ја има некој користено од аура пудрата во прав сакам да знам како сте задоволни
Јас ви ја препорачувам оваа пудра. Веке втор пат ја користам и многу ми е убава. За секаква кожа е и покрива многу. Инаку од орифлејм ми е само не се сеќавам колку пари беше.
Jа видов пудрата во стик на Голден Роуз што ја има Трендафилка постирано, и добра е, само продавачката ми рече дека е за секаква кожа, ама се сомневам...мислам дека ќе светам за некој саат,бидејќи имам комбинирана кожа, накај мрсна... Вие што мислите, за каква кожа е? И отприлика колку трае?
Ја имав оваа пудра, и јас како тебе имам комбинирана кожа. Мене ништо посебно не ми беше пудрава, не би ја купила пак. По некое време ќе ти засјаје малку, нормално бидејќи е за секаква кожа, правена е да одговара и на тие што имаат сува кожа.
Јас ја користам Very Me од Oriflame и сум презадоволна. Не дава нападен изглед затоа што е прилагодлива за повеќе типови кожа и дава природен изглед. Доколку сакаш нешто што има навистина квалитет Max Factor e нешто препознатливо по тоа. Навистина неможе секој да си дозволи таква пудра бидејќи се прилично скапи, но затоа се ефикасни