Сум испробала навистина многу пудри, од јанг дерм, голден роуз, макс фактор, менхетан, буржуи, дебора... Е од овие макс фактор ми беше добра, но веројатно кожата се презасити од неа па морав да ја сменам. Последната беше дебора за масна кожа исто морам да кажам дека сум презадоволна, навистина не ми светеше лицето, меѓутоа ефектот е многу краткотраен, некои 3-4ч. Последниве 2-3месеца ставам само камена пудра на кетрин арли и малку руж , кожата нормално повторно се масти, меѓутоа дефинитивно не свети. Се чудам како ги испробав скоро сите поскапи пудри , а на крај завршив со нешто многу економично. Но, не е важно, ете требало така да биде за да сепак на крај јас бидам задоволна и да знам што му одговара на моето лице
ili ... Девојки може да ми кажете што е разликата помеѓу овие две? И која според вас е подобра? Благодарам однапред
Искрено незнам која е разликата,пудрата со црвено околку капачето ја користам веке 3-4 години а претходно беше во шишенце како другата пудра и многу сум задоволна буквално се покрива и си ја користам во комбинација со камената пудра ако имаш нормален тен ти препорачувам да си ја земеш течната со бројче 200,а ако ти треба и камената истата боја е W3 позз
фала за предлогот... не знам само во што им е разликата... пошто имам нормална и чувствителна кожа многу ми ја препорачаа True match, aма гледам дека и од оваа со црвеното мн. се задоволни, па искрено не знам... фала уште еднаш
Дечки значи ја има и кај нас така? Колку чини од прилика?Зошто мене стварно ми треба пудра што покрива,а никако да си погодам,па да ја пробам оваа ? Дали вака изгледа?Бидејки на нивниот официјален сајт ја најдов во вакво пакување..
Имам користено и сменето неколку пудри, кои ми одговарале на буџетот. Почнав со Young derm, која ја купив на мои 14-15 години. Катастрофи. После земав една Catherine Arley мислам беше во црна тубичка, исто така катастрофа, ми се познаваа ко бели грутчиња, а и беше посветла од мојот светол тен. После Импала, прво ја утнав нијансата земав 4, се правев Gipsy girl на сред бел ден. Па ја остаив така. Па 3ката ја земав, ми се допадна. Но тогаш почнаа одусувањата, предвивдувањата дека тоа не одговара на мојата кожа, ми ги затвора порите (а која не ги затвора? ), таа е погодна за кожа во поодминати години. После земав една од Авон, беше скоро 400 ден. и беше онака light. Ништо посебно, слична со мојот тен, ништо апсолутно посебно. И јас пак продужив со Импалата, земав лани летото таа во пластично шишенце, и ми се допадна. Потоа земав онаа класичната. И сега стаклено шишенце Catherine Arley. Барам совет од девојка/жена што се разбира во пудри. Значи, имам нормална кожа, малку мрсна околу носот, барам пудра која ќе биде за нијанса потемна од мојов тен, но добро тоа не е битно, ќе најдам. Барам пудра која ќе ми го измазни лицето, само не некоја ко апла фотошоп. Не верувам дека некој ме сфати, но ако ме сфати некој, бујрум нек изволи. А, и да не заборавам, нека биде до 400 денари, еве и до 500.
Па јас ја користам веќе две години првата и сум задоволна, а таа со црвеното еднаш сакав да ја земам но ми рекоа дека е потешка пудра , но дека трае повеќе време. Сепак одлучи си каква повеќе ти треба, True match e полесна. позз
Пробај ја оваа на Голден Роуз, мислам дека не е повеќе од 350 денари, јас лично ја немам користено бидејќи имам мрсна кожа, меѓутоа имам другарка која си ја користи така подолго време и многу е задоволна. Спојлер Исто, пофалби слушам и од пудрите на Есенс, меѓутоа не сум сигурна колку се покривни кога на пример станува збор за кожа со акни. Моето лице не е толку склоно кон нив, па Есенс мат ми беше одлична, не беше толку мат како што очекував, па можеш и неа да ја пробаш. Спојлер И нивната цена е приступачна, до 300 денари. Меѓутоа ако ме прашуваш мене, би ти ја препорачала пудрата на Дебора со розово капаче - Nude Perfection, чини 650-680 денари, зависи од местото од каде ќе ја земеш, ама поим за совршена пудра е и одговара за секаков тип на лице. Во комбинација со камена ми беше сон! Совршено покрива, а сепак го имаш оној изглед на свежо, природно лице и има солидна трајност. Спојлер А јас сакам да прашам дали некоја ја видела оваа пудра на Нивеа и да ми каже каква е во покривноста, цена ?
Оваа е налинија која кај нас ја нема, скоро ги шетав парфимериите и ја нема во продажба, штета многу убава козметика ама и солени цени имаат.
Море жално е, јас мислев ги има низ парфимериите низ Скопјето. А си најдов и една потенцијална совршена пудра за моево мрсно лице. Изгледа ги има во Србија, Хрватска, посебно многу хрватки имаат пишувано рецензии за истиве, ај да се надеваме дека и овде ќе ни ги донесат.
Да во Хрватска ја има и тоа веќе 10 години како ја има во продажба и многу убава палета на производи имаат, цените им се горе доле како Лореал, Дебора и сл., можно е и Србија и останатите во регионот да ја имаат, а како по обичај ние ја немаме бидејќи нашите дистрибутери спијат, пола од работите што ги има во соседните држави кај нас ги нема, како на пример. Хербал Есенсис толку позната фирма која беше присутна и кај нас, сите ја имаат само ние не , така и Нивеа не разбирам што е проблемот? а претставништво на Нивеа веќе има во Македонија работава е само да ја нарачат.
Фала ти многу... И јас се одлучувам за True match, пошто гледам дека сите ми ја препорачувате неа прво, како за нормална и чувствителна кожа и како за тоа што не сакам да сум како маскирана, па и помалце да трае одлично е..., а и не др. поефтина е... Фала ти! Позз
Јас ја користам пудрата на manhattan-во црна тубичка и е за матирање на кожата и верувајте дека нема подобра пудра за мрсно лице,доволна е мала количина за да ги прекрие сите недостатоци на лицето.Цената е околу 400-450 во парфимерии и мене една пудра ми трае 4 месеци.позз
си купив камена пудра Chtherine Arley, па ќе видиме како ќе се покаже, моја другарка е задоволна од неа
години веќе ја користам на ревлон ,и е многу добра тешка пудра е ,ама за проблематично лице,јас имам мрсна кожа и е многу добра за мрсно лице, многу покрива тоа е многу добра работа за оние кои имаат пеги а не ги сакаат како мене,ја препорачувам