Ja имам оваа ама многу ми е тешка и го дава тој маска изглед Бидејќи имам сува, а чиста кожа сега скоро си ја купив оваа и многу повеќе ми се погоди зошто е доста лесна, така да на првава гледам и се смешка кантата.
ја користам камената привремено, и не сум баш задоволна .. тешка е некако а и многу остава.. некаде е потемно некаде посветло .. види ти можи ќе ти се погоди
Јас ја користам скоро 3 години, бројче 5,5 во зима и 6,5 во лето, мене ептен ми се погоди, не е течка, зависи до кожата, на секој различно. Еве на ани22 не и била убава а мене пак ми е супер ја користам со години така да останува ти да си одлучиш!
Ако ти изгледа многу тешка да ти препорачам,да не ја нанесуваш со тоа како сунѓерче што е со пудрата,туку со четка и нема да изгледаш како зациментирана
Јас следно планирам да ја купам оваа пудра. Ако може некој малку да напише дали е лесна, прекривна...? Спојлер Имав во одамнешните постови читано, ама ми е мака да ги барам
^ Girl,мене лично оваа пудра ич не ми се допаѓа.Ептен е лесна,не ми покрива ништо и ја дадов на сестра ми ама и нејзе не и е добра.Имам комбинирана кожа,и одма ми светнуваше лицето.Јас сакам покривни пудри-за на работа и навечер,а не вакви ко кремички. Ако имаш комбинирана кожа-најдобра солуција ти е Ревлон или евентуално Дебора копи колор
значи иам чисто лице...и ниту мрсно ниту суво xax како и да е пред да речеме помалце од 1 недела делеа флаери од шатци за пудра од bourjois со четка намалена од 880 на 360.Како и да е јас пудра никад не сум користела на цело лице...само околу очите ставам и на носот малце бидејки ко што кажав иам чисто лице..како и да е...ми треба помош?нејќам скапа пудра бидејќи не ни користам мн...ама сепак ми треба
^170 денари пудра во стик од Golden rose. Мене ми се погоди Иначе ја има некој користено оваа пудра? Колку пари е?
Ја ја имав користено али не ми беше по кеф искрено, па преминав на менхетен ... Сеа сакам др да пробам мене мн мрсна ми беше и ја заебав .. Пробај кај тебе како ке ти договара , зависи и до лицето.
Пудрата е убава, за младешка кожа, ама не е за мрсна кожа бидејќи лицето после некое време свети. Мислам дека е околу 350 денари. И цело време истите општи прашања се вртат, истите пудри, навистина се многу 250 страни да барате, ама многу лесно е со пребарувачот, го пишуваш името на пудрата и излегува не 1 одговор туку над 10 страници.
не е 350.,туку 450 ..одамна е качена цената. А пудрата е убава,јас ја немам користено,но другарка ми ја користи и убаво и го прави лицето.
Јас оваа пудра ја користам, 650 ден ја купив и сум многу задоволна. Плус тоа, пудрава не памтам кога ја купив, сигурно пред повеќе од 7 месеци и уште не ми е потрошена.
Дали некој ја има сретнато пудрава низ Македонија ..... ?Читав многу позитивни коментари за пудрава па некако ми влезе в очи......
Оваа пудра е фина и лесна, но не е со голема покривност, па би ја препорачала за лице кое нема проблеми со акни. Ако имате акни ќе може да ја користите со плус коректор. Одлична е затоа што дава многу убав, свеж тен на лицето, не е мат, па ако имате мрсно лице ќе свети. За преку ден е идеална, и лесна. Но може и навечер да се користи, со тоа што јас и ставам и камена одозгора. Не ја суши кожата, ниту пак ја мрсни. Јас имам нормална (а можеби и комбинирана) кожа, и одлично ми одговара. Значи ако ви треба лесна пудра за секој ден (па може и за навечер) - ја препорачувам. А ако барате исклучиво за навечер потешка со поголема покривност, тогаш барајте нешто друго