Може да ми препорачате пудра за мрсна проблематична кожа, и сакам да има убава покривност. Цената да биде околу 500 денари. Иначе Belieber, ја имам користено пудрава. Мене лично ми ја прави кожата сува (барем така да изгледа) и не е за мрсна кожа, се губи после неколку часа.
^ Debi mat solution. Матира, супер покрива и стои долго време. Јас имам комбинирана кожа( многу проблематична, акни, црвенило). Ја користам подолго време и задоволна сум. Околу 360 ден. е. Инаку, за мрсна кожа камена пудра или пудра во прав е неизбежна. Џабе какви и да било течна пудра ако не ја фиксирате со камена.
Јас имам еден проблем,кога ќе ставам пудра после некое време ми ја менува бојата...незнам зошто и доаѓа како да е потемна од она што треба да е....дали и некоја од вас има ваков пробем,и доколку има како го решава...поззз
И мене ми се случува и мислев дека сум единствена. Правам пилинг на лицето 2-3 пати неделно, после тоа ставам обавезно хидратанткна крема и исто така кога ставам пудра ја мешам со малце крема и некако подобар ефект добивам. Пробај еднаш, може ќе ти успее и тебе
Meне Деби мат солушн ми беше како водичка, тотално бев разочарана од неа - ниту покривност, ниту бутур. Без прво да си пробате на чисто лице од тестерче не купувајте, најдобронамерен совет, пошто гледате, на некоја една пудра и` е одлична, а на друга истата да не речам сра*е. Менхетн во црната тубичка е најдобра пудра за мрсна и проблематична кожа, сташно добра покривност и трајност, меѓутоа, за сметка на тоа добиваш дехидрирано, уморно лице и страшно е неподнослива на повисоки температури - многу тешка пудра, дури се прашувам дали е за млада кожа, а сепак не се каам што ја купив - трпи бабо за гиздус. А понекогаш дури и камена не помага - сум имала и такви ситуации, се прашувам каде и до кога вака со таа мрсна и проблематична кожа.
^ Незнам, мене ми е добра бидејќи не е густа, а тоа значи дека не е тешка. Башка си вреди за парите. Тешко да најдеш поевтина пудра за млада кожа. Пред неа ја користев Импала, ама мнооооогу е штетна, така да, се е подобро од неа, веруј.
Не верувам дека има девојка која не се дружела со прочуената Импала. Мене ми беше прва ''љубов'' цели две години, ама ја шутнав кога мајка ми ми одржа лекција. Сепак лице е, не треба да ставаме секакви пудри, посебно на млада, нежна и осетлива кожа. Сегашната пудра ми е добра, уште поголем плус би било ако е мааалку погуста, ама иако е лесна, задоволна сум од покривноста. А добри пудри за млада кожа се и оние на Нивеа, ама штета што ги нема кај нас - како и обично, не` лишуваат од можноста да си ја најдеме потенцијалната совршена пудра погодна за нашата кожа, барем засега.
Јас имам комбинирана кожа и ја употребувам Менхетен (таа со црната амбалажа). Точно дека е малку потешка пудра, ама за мрсна кожа е и мора таква да биде. Ја нанесувам со четка, убаво и рамномерно, ама не ставам премногу. Потоа ја фиксирам со камена и ми трае цел ден. Имало денови кога сум била од сабајле до вечер со шминката на мене и не мрднала. Сосема малку на т-зоната правам корекции.
јас порано имав комбинирана до мрсна кожа, сега фала богу се среди ... Мој совет е мат течна пудра која ви одговара на лицето ама обавезно послем тоа пудра у прав и нема шанса да имате сјај, гарантирам
Giordani Gold -Oriflame..Незнам како да ја опишам во најдобро светло Како нова боја,кожа да имам на лицето од кога ќе ја ставам,значи преубава е ! Зависи и до која цена сакаш.. Оваа е малце поскапичка ама затоа вреди ептен. На попуст е понекогаш,500или 600,а редовна цена е накај 800..ама скоро секогаш е на попуст како што ја гледам Ако сакаш поефтина би ти препорачала пак од орифлејм,оваа: Добра е,покрива,лесно лежи..ама не е ништо спешл.или никако во споредба со оваа горе . 200 ден.е Позз
Јас ја користам од Caterine Aerly камената пудра неможев да најдам слика , презадоволна сум . Воопшто не е скапа некои 110 денари е ама многу е убава. Јас би препорачала кога ја нанесуваш да не биде со тоа сунѓерчето што оди заедно со пудрата туку со четка за нанесување на руж. Поприродно изгледа и не се познава дека имаш ставено и камена, а мрсната кожа не се познава
Да ве прашам, која течна пудра да ја земам? Ја имам Импала (2) и сакам друга и незнам како без да пробувам да си ја одредам нијансата? И од која фирма? Имам ни сува ни мрсна кожа, средина некоја ми е, а бојата на кожата ми одговара точно со Импалата 2, таа нијанса. Предлог?
Конкретно, ако бараш нијанси низ Орифлејм, Авон или пак на нет, најубав показател за дали одредена пудра ти одговара или не е дланката од надворешната страна. Јас секогаш така си бирам, делот после зглобот го споредувам со посакувана нијанса и компарирам колку и дали се совпаѓаат нијансите - нема утка, барем јас до сега сум немала, повеќе грешки правам ако директно одам во парфимерија и пробувам она што ќе ми го тутнат продавачките.