Па на пудрите од Лореал и не треба баш да се става крем затоа што се доволно мокри(ај така да кажам) за разлика од импала кој се премногу суви.
Без разлика на тоа каква е пудрата - потечна или погуста, задолжително треба да се нанесе барем малку крем или соодветна подлога, првенствено заради заштита на самата кожа од влијанието на пудрата.
Па јас знам дека подобро е да се почека малку за да се впие кремот бидејки вака многу мрсно доага и всушност се мешаат кремот и пудрата и има послаби резултати.Во право сум или погрешно сум разбрала
Епа ако имаш сува кожа и ако ставиш пудра без кремче ќе неможеш ни да се насмееш од затегнатост. Треба подлога на пудрата, не е убаво директно порите со пудра да ги полниш. И интересно ми е што речиси сите од вас квалитетните поскапи пудри за навечер ги чуваат, а ефтини за преку ден. Јас сум спротивност. Преку ден, на факултет, работа, сеедно кога сум искочена и по 10 часа сакам убаво да ми е лицето, покриено со квалитетна пудра, пудра што ќе и дава и кожата да диши. А за тоа треба убава пудра. Јас ако бирам ќе изберам поквалитетна за секој ден, него неквалитетна секој ден,а квалитетна за 2 пати неделно по 4 часа. Не гледајте убави да сте во дискотека само, убавината на лицето е кога се негува секој ден постојано, а за таа нега значајно е и убава секојдневна пудра.
Порано користев Seventeen , а сега ја користам Loreal true match и многу сум позадоволна. Али тоа е , колку пари толку музика
Сосема си во право. За оваа намена има нова крема на Nivea Make up starter-fast absorbing cream. Наменета е за подлога пред нанесување на пудра. Хидрира, а не масти, и после една минута можеш да ја нанесеш пудрата. Има за сите типови на кожа.
Jaс па не знам, што разбирате под квалитетна пудра. Пудра која вреди колку еден пар фармерки, или пудра која совршено му одговара на вашето лице. Јас користам пудра на Есенс, добра ми е сега за сега, и за вечерни излегувања и за дневни, но поретко, бидејќи избегнувам дење да ставам пудра.
Пред три дена ја земав оваа пудра од Бјути Шоп, Pierre Rene - Phenomenal Mat make up 30ml=337 ден. Средно покривна, не е премногу густа, но нема никаков мрсен сјај на лицето и воопшто не се лепи. Кога еднаш веќе е фиксирана, лицето е суво, во смисла не се размачкува. А од друга страна, пишав претходно за пудрата во стик на Голден Роуз, која убаво покрива, но лично кај мене после неколку часа почнува да се разлева и да свети на Т-зоната. Таа без камена врз неа, не. А јас упорно одбегнувам камена пудра во прав, не можам да ја поднесам, чувствувам како лицето ми се гуши.
Јас не купувам скапи течни пудри. Имам чисто лице и ставам минимално па затоа и не се замарам многу каква ќе купам. Најчесто одам од некоја тезга,го проверувам рокот и купувам. Обавезно ставам крема пред пудрата зошто ако не ставам ми се суши кожата и ми излагаат лишаи. Е сега со подочњакот мој си имам проблем. Тука гледам да земам нешто поквалитетно бидејќи ниту една пудра не ги покрива. Користам стик на MaXFactor и сум задоволна. Си земав и камена пудра на MaXFactor од Шатци бидејќи ми ја препорачаа и од неа сум доста задоволна, но не ја користам често.Инаку каква и да ставам течна пудра кога ќе ставам од камената лицето ми е стакло.
Јас денес бев во потрага по dermabled линијата на vichy, ама се разочарав.........Само течната пудра ја имаше во Зегин и во Нарис аптеките и толку.....Нити коректор, ниту таа како крем пудрата што е ниту таа во прав, ништо такво......
Немат сите скоро квалитетно лице па затоа барат квалитетни пудри Би купила и пудра за 2 пара фармерки само да знам дека би била квалитетна и би ми одговарала.
Нема да купам течна пудра никогаш веќе. Си најдов лекот, хидратантен крем, и минерална пудра. Зедов од Буржоа, Минерал мат се вика, измеѓу течна и камена нешто, mousse си пишува и на самата пудра, кремаста. Поубаво матирање амин, нит ми сија челото ни ништо, а јас тргнав течна па камена па не знам што. Фацата џам. Убавини, леле се израдував ко 15 да имам па сум си купила прва пудра.
Пробај во аптеките во Космо, обично добро се снабдени со Vichy. Или краен случај јави се во Септима (увозниците на Vichy за МК) и прашај во кои аптеки ги носат конкретните производи. Бројот можеш да го најдеш на декларацијата доколку веке имаш некој Vichy производ или тука http://zk.com.mk/
Конечно да прочитам дека некој се одлучил да проба минерална пудра Јас течна не сум ставила може 3 години веќе,само минерални користам.Имав макс фактор,артдеко и лореал.Лореал ја нема повеќе,а артдеко е супер.Моментално ја користам од Авон минералната и супер е. Минерална пудра НИКОГАШ не сјае,лицето стакло,природен изглед како да не носите пудра,а трае цел ден. Сакав да те прашам,колку ја зема четкава за пудра на Буржоа?