Мислам дека четката си оде заедно со пудрата или грешка сум и мене ме заентересира оваа пудра јас сакав да ја купам healiti mix serumot ама ја немаа бројката што ми требаше оваа на мајбелине што ја имам ич нее трајна после 3-4 саата ја однемува од лицето а несакам камена и пудра во прав да ставам затоа незнам каква да си земам или да си ја пробам среката со ревлон некој мислам пишуваше дека оксидирала бојата на ревлонот
Нема четка во кутијата, нема воопшто четки на Буржоа кај нас. Во странство најверојатно да, и онака имаат уште пеесе производи што овде ќе ги дочекаме некогаш. Ја имав течната на Буржоа што е со вградена четка, шприцаш и во четката протекува, ја истрошив ама четката е совршена и си продолжив да ја користам. Инаку има на Лореал нова од тој тип, сто пати прашав на темава ама слабо е позната пудрата. Стотина денари е разлика со другава, убава ми се виде и оваа ама сепак, следна прилика.
Девојки колку чини пудрава? Јас сум малце скептична затоа што немам баш чисто лице, па каква и е покривноста
Прашуваш за пудрата на Лореал Ако е за неа тогаш кошта 840 ден а за оваа поновата не знам точно еве штом goddess.Of.chaos вели дека е 100 денари поскапа тогаш близу 1000 денари излегува Квалитетот кошта но барем знаеш дека не ставаш пазарски глупости на лицето.
Незнам најверојатно зависи од каде ја купуваш.Еве на мојата уште ценичката и стои 840 само што јас си ја зедов за 415 (се пофалив и претходно ).
Ту бре, кај ја најде упола! Има акција True Match во Космо, со кармин заедно иде, има и со сенка... Ама не беа бе по 400. Иии, мојата нијанса ја немаше, на жалост. А оваа другата што ја исфалив на темава, течната од Буржоа, таа е уште на акција, 370 денри мислам беше. Ама морав да одберам, шта чеш.
И јас ја имам оваа минералната од Буржоа,ја си ја викам пудра во пена . Прекрасно го прави лицето и прекрива одлично стварно. Е мене ми е проблемот што ми е премногу тешка.Преку ден неможам да ја трпам па не ни ја користам,само за вечерни искачања.Исто и мирисот не ми се свиѓа,ама за лепота ќе се истрпи нели . Така да јас им ја препорачувам на тие што имаат по проблематична мрсна кожа. Оние на кои не им требаат или не сакаат тешки пудри,ондак нек си ја купат за ноќни искачања .
ја замолувам јарец да се јави на рецепција барав по мислењата мислам дека пишуваше за ревлон пудрата како оксидирала бојата јас ја пробав 180 на раката малку ми изгледаше по светла од мојот тен но после неколку минути како да се совпагаше неможев да ја пробам на лицето немаа тестери па ја замолувам јарец ако таа пишуваше за ревлонот да ми казе дали вистина оксидира позз
пудрите на mabyeline се закон,малку попскапецки се ама..за квалитетот без коментар.Ниту пудрите на avon i oriflame не се принесени покрај овие.Пробајте па уверете се!
јас баш и несум задоволна од maybeline pudrata ја имам dream satin добра е за луге со чисто лице и со сува кожа и јас имам сува кожа но после 2-3 саата полека ја снемува на почетокот ми беше добра но сега не ( или си замислувам јас оти сакам нова пудра ) инако цената им се движи до 560 за dream satin,а за минералната околу 460 до 500
Добро се е индивидуално,во зависност од типот на кожата.Мене afinitone ми одговара и ја користам веќе 3 месеци.Засега немам намера да ја менувам,за понатака здравје ќе видиме.Сакав да кажам дека можат да се најдат многу поубави и поефтини пудри од оние по каталозите...
Еве ме да потемнува пудрата сега не многу ама сепак.Значи јас кога ја ставив на лице си бев како бледа,значи не ми с еразликуваше од вратот да изгледа бела,ама сепак бев како бледа и после некоја минута(15-20)ми е одлична,така да ако земеш малку потемна после некое време ќе се познава различна нијанса.Во секој случај не очекувај ако ти е премногу светла ептен да потемни,ама една нијанса сигурно потемнува
јасно мие дека нема многу да потемни знам дека се пишуваше дека оксидирала бојата па за да неја утнам да си мислам бела е а после кога ке легне на лицето да ми е потемна затоа прашав ( почнувам на работа па кеми биде потребна за секој ден) затоа прашував а богами сум неодлучна мегу healiti mix na bourjois i revlonot ја имам на мајбелин дреам сатин но ја однемува после неколку часа на почетокот ми беше одлична не жалам пари за добра пудра знам дека менхетен е за мрсна кожа и се познава многу на лицето додуше немам што да покривам имам чисто лице и нормална кожа накај сува ај ваљда ке одберам некоја а нема да биде утка како мах фактор ластинг перформансе се познаваше како брашно незнам како да опишам на образите ми ги изразуваше сувите делови на лицето за мене карастрофа беше сепак фала јарец на одговорот имај пријатен ден
Ми треба совер за пудра.. имам некои флеки на челото не се многу малку се од акни од пубертет но се познават.. до сега користев пудри од авон но само црвенилото го тргнаа белезите останува.. ми треба некоја пудра која покрива повеќе и белези и црвенило.. но да не биде ептен нападно и некоја која ногу се познава поради тоа што сум средношколка и не сакам за во школо толку да се познава пудрата.. некоја лесна но сепак со поголема покриеност.. Некој совет од каде може да купам таква и колку чини ?
^^ би ти ја препорачала L'oreal True match.. лесна пудра со доста солидна покривност.. Спојлер мислам дека во космо беше 760 денари со подарок кармин