Jaс ја утнав нијансата едно бројче потемна по грешка зедов од Менхетн ( таа во црната амбалажа) наместо 82 јас 83 зедов........... и сега лек.
Крејзи, лек не знам дали има, и мојата Менхетн беше утната. Ставав повеќе крем и помалку пудра и одозгора поминував со посветла камена. Не беше којзнае што, ама пак не изгледаше толку темно лицето. Ејј да, морав да се редактирам. Ако имаш некоја посветла, пробај да ја помешаш со темната - дефинитивно добиваш светла нијанса.
^^ јас имам нормална кожа и супер ми одговараше, братучедка ми има сува кожа и нејзе и одговара .. инаку кога ја купував ми рекоа за сите типови на кожа
Користам 2 едната за преку ден а другата за навечер - Менхетен и Гош Од Менхетен сум скоро задоволна, понекогаш ми го суши многу лицето али ретко се случува... а Гош многу ми го мрси и ја утнав бојата... сум зела потемна. Наредна незнам или само на Менџетен ке си останам ако не можеби од Буржоа ке си купам. А дали некоја од вас девојки користела пудра од МАC? Ако користела некоја да ми каже каква е дали го мрси лицето, и колку пари е.
Некни си купив ваква пудра. Што мислите, дали е добра? Сепак од буржоа козметика никогаш досега не сум користела.
Девојки ги прочитав сите 255 страници и се уште неможам да се одлучам каква пудра да си купам, имам комбинирана кожа повеќе накај мрсна склона на акни, се двоимам за debora color kopi и menheten pervekt mat,сакам некоја убаво покривна ,која ми би ја препорачале вие , а исто и камена ми препорачајте.
И јас имам ко твојата кожа. Инаку менхетен перфект мат сум ја користела и одлична е, супер покрива со години ја користам таа, е сега сакам да ја променам. Eдна девојка од тука ми ја препорача Хемел перфект ковер, малку е поскапа накај 1000 денари, ама ми рече дека покрива ептен добро и дека е за млада кожа. Еве ти линк може да ја видиш и да прочиташ за неа, http://www.hemelshop.com/mk/производи/117/течна-пудра инаку ја има во Зегин аптеките. Aко ја купам деновиве ке ти пишам обавезно! Поздрав
таа со плавото ја користиш или со црна пакофка, и навистина ли била како брашно и тешко се размачкувала, јас имам мрсна кожа и кога ставам пудра по некое време светам како лампион а дали знаеш дали кај нас се продава пудра на neurogena прочитав тука некаде дека таа била за акнеста кожа
^ и јас имав мрсна кожа, ама веќе не. Ти го препорачувам од нивеа тоа што е подлога за пудра и течната пудра на менхетен. Пудрата е мат и стварно е добра.
varsa, за мрсна кожа земи си крем пудра на essence. Со малку хидратантен крем како подлога и цел ден ке може да си фураш без гајле. А и воопшто не е скапа, околу 300 денари е. Течна пудра на масно лице никако. Се собира на мрсните места и ке те направи портокалова ко Snookie. Фрлав и јас огромни суми пари за да најдам саглам пудра што нема да ми прави „грутки“ на лицето и на крај си ја најдов оваа. Исто и Dream Matte беa добри ама ги снема. А за светечите ефекти што се појавуваат, имаше една камена од Орифлејм или Авон, специјално за да не свети лицето, ама не ми текнува името...
Јас би ти ја препорачала пудрава од Дебора. Многу добро прекрива и не свети на лицето. Чини околу 600ден. Пробај тестер во парфимерија, па одлучи се....
Прекрасна е !!! Јас сега ја користа. Лесна е како помада да си ставила на лице а не пудра. Прекрасно несто!!
Скоро година ја користев Bourjois Healthy mix, ама некако многу ми е лесна за во зима... Денес ја најдов новата омилена пудра и нема да ја менувам до лето, додека ептен не фатат горештини па да се вратам на Healthy mix-oт. Тадааам Поубава не сум имала!!! Преубаво мириса, full coverage e, а не осеќам дека имам пудра на себе Не менувам Bourjois за ништо на светов!
Во Шатци е на попуст, промотивна понуда веројатно... 660 ден. ја земав, а обично се околу 800-900 денари... Така некако им се движат цените на течните пудри