Со космо картичката не важи веке тоа, туку на крајот на месецот зависно од тоа колку си потрошил а треба да е минимум 1500 ден. одиш и ти даваат ваучер, и си земаш што сакаш со него.
Си ја купив од Буржоа таа со минерали или што и да беа нештата што ги има, и мноооогу ми прави мерак! Јас и немам многу користено пудри, порано имав некаков отпор, како да му правам зулум на лицето, и сите ме чешаа, веројатно потсвесна реакција. А сега со новата пудра а бе се самозаљубив, од пред огледало не можам да се тргнам
Ја купив пудрава и морам да кажам никогаш не сум имала подобра пудра, дури ни макс фактор не ми прават мерак колку оваа. Прекрива ненормално добро, не сакам да ставам камена и уште триста чуда, а само пудрава ми го прави лицето совршено. И многу е лесна, не ни чувствуваш дека имаш ставено пудра. Осеќам дека ке се дружиме долго време Marchesa девојко фала ти.
Во сите парфимерии е на промотивна цена од 660..Космо,Шатци,Јуник.. И ја ќе ја пофалам..Предобра е.Долго ја користев Буржоа Хелти Микс-от,ама дефинитвно оваа е уште подобра замена! И што ми е мене многу битно,мириса прекрасно!
Знае некој цена на пудрава? За моето лице ова е перфекција. До сега имав неколку примероци, оние во кесички и сум презадоволна
^ 650 денари. Преубава пудра, ја користев подолго време и кога ќе ја потрошам оваа планирам пак да си ја земам за понатака - заљубена сум во мирисот. Инаку, алал да ви е, ме настрвивте по онаа од Боржуа, а пред месец ипол ја купив Bio Detox-от, а еве, не ми седи гзот мирен, сакам да ја пробам и оваа. Тестери нешто има низ Космо, Шатци од пудрава? Морам, едноставно морам да ја пробам, ако не, штом ја дотрошам мојата, знам која ќе ми биде следна.
Девојки ќе ве прашам нешто ама не ми се смејте, признавам мутава сум Сакам да купам пудра ама глупо ми е да дадам повеќе пари а да не знам дали ќе ми одговара. А читам овде дека зимате тестери, како иде тоа бе ?
И јас се чудам како зимаат тестери, обично има ставено така да пробаш, ама не и да си земеш тестерче...
Па тоа а како што се сеќавам нигде до сега не ми понудиле, а ни другарки мои не зимале, баш прашував. Добра работа е тоа ама не знам како да си земеме
И јас знам дека не даваат тестери, освен ако смениле нешто,па даваат тестери а ако е така, би си зела тестер, па после ќе мислам дали да земам пудра или не
Душице, јас сите тестери до сега си ги имам земено од Шатци и Еликсир, во Космо не сум баш сигурна дали имаат - немам прашано. Фино лепо ќе си побараш тестерче од пудрата и дома асално си пробуваш дали ти одговара некоја. Мислам дека се бесплатни, ама ич не сум сигурна, бидејќи моите ги земам од Шатци, а имам пријателка која работи таму, па ме услужува. Инаку, не мислев на тестерите во малите шишенца, има едни во ќесички, ко за една употреба. Би требало од сите фирми да имаат такви тестери. Ги ставам во спојлер. Спојлер
Кога купвам од Шатци или Меркур секогаш ми даваат по неколку тестерчиња ама имам забележано кога ќе влезам да разгледам не ми даваат. Кога ќе бараш за пудра можиш и таму да си испробаш на раката и да видиш кое ти се бендисува, си имаат и тие тестери барем од таму каде што си земам.