Loreal True Mаtch дефинитивно нема замена,ама не ја купувам од МК имам приметено дека воопшто не е ист квалитетот Така иде тоа кај нас за жал...
Мене утре треба да ми стигне порачката од Авон, ја порачав Ideal Shade камената. Решив да си се подновам со нова камена пудра, оваа претходнава некои добри 2 години ја користам. Доста и беше. За Ideal Shade прочитав дека повеќето се задоволни, а откако ќе ја пробам ќе пишам и јас критика
Е бас сакав да ви пишам дека обично се даваат тестери. Пошто тие во парфимериите мораат да имаат тестери, како инаку ке купиш пудра ако не ја пробаш убаво , посебно некоја поскапа. Барајте си тестерчиња ваше право си е а и не смеат да ги наплакаат. Имам другарка која работи во аптека и знам дека ако не си побараш не нудат си ги земаат за нив или ги раздаваат по другарки и блиски.
Една од подобрите камени за мене е на Менхетн. Имаат голем избор на нијанси, а и супер фиксираат. Цените се движат од 400 до 500 денари максимум. Исто, ми се допаѓа и оваа на Боржуа, а немам поим колку чини - ја добив на поклон. Добри камени пудри имаат и Авон и Орифлејм, од Орифлејм ја имам оваа и задоволна сум, најмерак ми беше дека ја фатив на попуст, а одделно беше околу 300 до 400 денари. Спојлер
И јас ја купив сега ... од пробата видов дека е ептен добра. Покривна е доста и лесна. Па ќе видиме. Инаку е 660 денари.
Баш денес барав тестери и во шатци и еликсир и јокк нема ништо...има само за на лице место да си пробаш а ја пробав и убава е ама сакав тестерче такво бар едно
Ме замисливте сега со оваа пудрава над мене, јас ја купувам Натурал велвет на Севентин, а отприлика исто пари се, може и ќе ја купам. Се надевам дека покрива добро, сакам да ми се изедначува лицето, а не да биде како да мачкам помада. И не знам зошто сите користите камена, гоу бек то бејсис бре пипл, мене па ми е многу, како да речам.... чудна камената пудра. Стопати подобро на мрсно/комбинирано лице е да ставате пудро во прав, мене ми се прави совршено лицето од течна плус пудра во прав. А полошо нешто од девојка со мрсна кожа како шлака камена пудра, и и се прават точкички и груткички, нема.
Во декемврискиот број на Unique (списанието) има тестерче од Flower perfection пудрата на Bourjois, ако некој сака да ја проба пред да ја купи
пудрава ја имам купено уште одма кога излезе, имам мрсно лице и сите препорачуваат да се става камена пудра да ја впие мрснотијата, ама искрено пудрава ми е никаква. Мислам дека само две нијанси се, нијансата ја погодив ама многу грдо ми делува кога ке се стави на лице, зациментирано ми изгледа лицето без разлика дали малку или многу ке ставиш, иако општо не користам камена пудра, за овие пари имаш многу други поквалитетни пудри пример онаа на менхетен за 400 денари
Мислите не отрчав да купам Јуник ?! Е, значи пудрава не е за мене, Буржоа, Буржоис, како и да се чита. Најслична е со таа Ревлон колор стеј, кој ја има пробано, знае за што зборувам. Искрено, јас се ужаснав откако си го видов лицето, јас имам прилично чисто лице, комбинирана кожа, неколку мрсни ткива - од тие белките и моментално една бубуљица.... Ама откако ја ставив пудрата, мајко мила! Како да имав на секое ќоше нестиснати црнки, некои ситни бубуљичиња ми испаднаа од нигде и ми се направија такви грутчиња, топчиња, мислиш не сум се измила лице со години. Мислам дека е за повозрасни жени, на мајка ми би и била совршена затоа што таа ја користи Ревлонот, ама за мене дефинитивно не е. п.с. Го усрале Јуник, само реклами внатре.
Дечки пудрата BOURJOIS FLOWER PERFECTION за сите типови на кожа ли е, дали би одговарала за мрсна кожа ? И пред се дали е за млада кожа,дали има повеќе бројчиња да видам дали ќе ми одговара на тенот ја купив на MAYBILINE не сум задоволна ич џабе пари фрлив фала вии
Имам мрсна кожа и ја користам пудрата на Менхетен во црна тубичка, ама некако ми е многу тешка и многу се познава дека имам ставено, сакам да ми препорачате некоја полесна пудра ама да е полесна и да прекрива
^^ Се сложвам со Дузи! И јас бев во четвртокот во Космо. ја пробав пудрава (мислам на Boujoirs Flower Perfection) и не сум задоволна баш. Имам прилично чисто лице, ретко кога ми се прават акни. Со пудрава како само крем да имав на лицево.
Од неодамна купив пудра од Maxfactor miracle touch две во едно, значи течна и камена пудра во едно.Убаво покрива, воопшто не е тешка и доста сум задоволна. Ја купив 740 ден.
Мене оваа многу ми се погоди, ја користев летото ми ја донесоа од Лондон ама ја потрошив па се мачев со избор, купи пудра не ми прија и тако далје.. Сега ќе си ја порачам пак да ми ја донесат, ама ќе си ја користам само за излегување и слични прилики па си барам некоја дневна пудра. Ете ќе ја пробав оваа на Буржоа сега па ме предомислувате и не знам на што сум..