Јас одамна ја имам купувано и беше некаде 600 и нешто ден. Сега не знам колку се.[/quote] А од каде ја купуваш,јас од одамна сакам да си ја купам ама никогаш немаат тестери во Зегин и незнам која нијанса би ми одговарала.[/quote] Од Реплек ја земав, не знам дека ја има и во Зегин ... Кажав дека одамна ја имам толку земано, сега не знам колку им е цената на овие пудри. А за нијанса ја користам 23 clair ivory
Ги прочиитав сите 200 и нешто страни и неможев да се одлучам која пудра да ја купам зашто имам мрсна кожа,накрај се решив за Ревлон и таа продавачката во космо ми вика дека ревлон уште поише ја мрсела кожата ја купив на Менхетен таа мат што е,вака убава е ама многу ми е густа,треба да ставам крема како подлога за полесно да се размачкува или??? зашто избегавам пред пудра да ставам крема зашто поише ми се мрси лицето.
Дечки едно прашање за тие што повеќе се во тек со цениве во козметичкиве продавници. Ми требаат повеќе козметички производи (пудра за лице included ).. Што викате, да завршам цел шопинг сега или има шанси да има некој поприфатни попусти после празнициве? До сега немам обрнато многу внимание, ама кога фино ќе те повлече за џебот приметуваш и тоа како
па имаш сега предново годишни промоции на доста козметички марки на пример пудра плус маскара,сенка плус сенка,маскара плус моливче иди во шатци,космо ( можда има и на други места незнам)
Еве пак јас вчера ја тестирав пудрата ја ставив околу 5ипол ја носев до 12 и си беше на место мислам не растечена е сега не беше баш исто како кога ја ставив но јас не ставам камена пудра можеби така би издржала и повеке и си стоам на горе напишаното дека е прекрасна убаво легнува на кожата не дава чуство како да носите маска,не дава брашнилав изглед напротив некоја свежина абе незнам како да објаснам (можеби требаше да го земам серумот зошто е баш за сува кожа али нареден пат него ке го пробам) за постојаност и давам од 10\8 зашто не верувам дека баш 16 саати се задржува на кожата како што и пише лесна,преубаво мириса,лесно се размачкува за нијансите од 10\9 и давам зошто сите се со жолтеникав под тон (само 1 нијанса е неутрална 55ката) али верувам дека секој би си ја нашол идеалната за себе и пак ке напоменам healiti mix е за комбинирана кожа healiti mix serum е за сува кожа Flower Perfection е за мрсна кожа иако пише на нет или некои викаат дека е за сите типови на кожа не би се баш сложила зошто е по густ,мат и по тежок ( кој сака поголема покриеност тогаш ова е прав избор се разбира ако сака да одвои 800ден за пудра) еве можеби на некој ке му биде од помош ова позз
^ Па и не би се согласила баш дека Хелти миксот е за комбинирана кожа, мене дури и со финиширање со камена пудра, пак ми светнуваше лицето за половина до еден час максимум. Исто и другарки кои ја користат се жалат на ова проблемче, а и девојките низ парфимериите ја препорачуваат за сува или нормална кожа, за комбинирана до мрсна подобри се Био-дитокс и новата со цветичи.
добро мишела јас го пишав мојот впечаток јас имам сува кожа имам неколку лишаи на лицето па ги истакнува и добив впечаток дека е за комбинирана кожа можеби сум грешка се извинувам на ширење дезинформација но и таа во шатци продавачката реце дека е за комбинирана кожа а серумот за сува
Ондак, ја би повторно да ја ставам пудрава на тест, бидејќи е многу лесна и скоро не се чувствува, а периодов секаква пудра ми тежи на лицево и ужасно ми треба нешто екстра лесно како Хелти миксот. И имам прашање до оние кои ја користат новата на Боржуа - flower perfeciton - има ли од пудрава светли нијанси? Мислам на нијансата Vanilla.
mishela јас не ја користам но ај ке се обидам да ти кажам колку што успеав да ја тестирам на рака ако користиш 52 од healiti mix тогаш една бројка разлика треба да земеш од оваа по светли се а има посветли мислам valila како што бараш 51 и 52 се позз
Значи вака, имам чисто лице и не сакам мн мн да го оптоварувам со пудра...Предходно ја имав таа на Макс фактор ама прететрано тешка ми беше и не ја користев, е сега сакав да ве прашам дали знаете која пудра е лесна и дава сјај??
Јас ја имам таа нијанса, светла ванила 51. И искрено е светла доста отпосле приметив. Ама др пак темни некако ... мислам на мојов тен тешко да одговараат. Ако си бела на тен земи ја ванила нијансата,бр 51. Само откако убаво ставив дома од пудрава некако не бев задоволна. Не е толку добра како што ја зборуваа. Ако сакаш пак Макс фактор да земеш полесна, земи ја Xperience
Ако сте ја користеле Хелти миксот ондак едно бројче потемна од таа земете од новата.Јас се заебав мислев исти се,дека исти бројчињата нели,ја 54 користам,ама посветла е таа новата. Иии пак ќе си ја купам Хелти Миксот,оваа новава убава е ама потешка ми е неможам да ја трпам јас. Иначе комбнирана кожа имам,и ми одговара ама сепак мислам дека повеќе е наменета за сува кожа. Мене ми се свиѓа сјајот кој го дава,го прави лицето свежо,здраво,убаво,абе ја сакам Како и да е ,мубаетот ми беше кој има комбинирана/мрсна кожа а не сака сјај,сака мат ефект ондак дефинитивно Буржоа Хелти миксот-ЈОК! Или фловер перфекшн,или таа со минералите или евентуално БиоДетокс(ја немам пробано,ама чим вие викате ја ви верувам ).
Го купив списанието Јуник и во него имаше тестерче на Flower perfection Light beige,имам мрсна кожа и пудрава е преубава лицето го прави стакло и онака лесна пудра е покривна,што е најбитно не ми светеше на т-зоната, а иначе пред 5дена ја купив на менхеттен таа мат што е и таа е добра ама оваа дефинитивно е 100 пати поубава,и сеа идам денеска да си ја купам flower perfection додека е на попуст
јас сега само што го купив списанието јуник и нема тестер? Најновиот број од декември, во тој ли број го има тестерот? Ау сега видов на првата страна го скинале само не ми е јасно како оти весников бесе со најлонце јас го скинав. Оф леле