Абе да ама како може да си ги вадат не ми е јасно кога е со најнов весник зар после го лепат најлонов бе
Да си се пофалам, и јас си купив од боржуа flower perfection,па се надевам дека ке е добра како хелти миксот (ако не и подобра)
За мрсна кожа можам да ти го препорачам сапунот од Doctor's од масло од еукалиптус. Одличен е и ти го држи лицето без маснотија.Миј го два до три пати дневно.
Јас од кога знам за мене ја користам seventeen,и презадоволна сум од пудрата. И не е нешто посебно скапа околку 410 денари е.
Си купив денес Флор-мар стик пудра. Порано кога ја користев ми одговараше многу. Сега ќе видиме како ќе поминам овој пат.
По препорака од Гордана10 си ја купив пудрава и сум многу задоволна. Доволно е густа, покрива убаво, а сепак лицето не изгледа како гипсирано.
Јас ја имам,ама некако на розево и е нијансата (мислам сите нијанси) така да....јас сакам да е со жолт тон,и е тешка,мислам дека е за мрсна кожа,ептем е густа....мене не ми се допадна имам комбинирана и не ми се допаѓа
Си имаат финти они Ај да ве прашам нешто.. Овие минералните пудри ги ставате само на крем подлога? Пофалби нешто, какви се, кои се така подобри
Бидејќи не знам како да го поставам прашањево, а е поврзано за лице затоа и тука ќе го поставам! како се вика ова белово со што е нашминкана Натали, и дали можам да најдам низ парфимериите?
Мислам дека сакаше да каже, дека ваквиот ефект можеш да го постигнеш со таа пудра. Ако веќе пробуваш, пробај со обична бебешка пудра - стави си најнормално течна пудра и одозгора тапкај од онаа бебешката, ма да не ми е јасно зошто би се правела бело платно во лицето. Ако е за маскенбал, океј е тогаш - и јас лани вака правев.
Имав и јас дома тестер од Bourjois flower perfection и воопшто не ми одговараше! Лицево ми беше буквално како обоено со креда,ми го исуши,изгледав како гипсирана,дури и оние ситни,мали,светли влакнецна на лицето ми беа обоени. Не ми се случило тоа со пудра до сега. А баш се мислев да ја купам или таа или healthy mix, ама сега ми е страв и healthy mix да не не ми одговара.. Е малце полесна хелти миксот?
Тоа што е за сипаници е обична течна бела пудра, оди во аптека и прашај мислам дека ќе ти заврши работа
^^ Хелти миксот е полесна. Има бои за лице. Како обични дрвени боици се само подебели, но мислам дека не се продаваат поединечно туку во пакетче повеќе бои. Ги има најверојатно по маркетите.