Ееее едно прашање ми се мота низ глава па тука да се обратам за помош Сигурно некој го има користено пан стикот на макс фактор. Таман се спремав да го купам неделава ама гледам многу другарки го користат како коректор, а некои го користат и наместо пудра. Ме интересира, дали се нанесува само како основа, или може да се користи наместо пудра (нормално не да се нашлакаш цела, нападно). Впечатоци чисто... Спојлер И дали има шанси да сијаш отпосле Стално си користам течна пудра, немам искуство со стикови..
Го користев долго време ама само како коректор. Мислам дека ќе ти биде многу тежок ако го нанесуваш на цело лице како пудра. Ако имаат другарките, земи од некоја пробај еднаш да видиш како ќе ти биде. А како коректор можам да тврдам дека е еден од најдобрите. Да ми се потроши овој од што го имам од Авон и се враќам на Макс факторот :up:
Пан стикот е коректор, дефинитивно како коректор е одличен, многу е тежок за пудра. Ќе се зацементираш така. А за коректор само пофални зборови. Јас го користам година дена и при крај е, кај и да е треба да си земам околу 400 денари е. Мене ме интересира за минералните пудри. Дали се препорачливи за сите видови лице? Читам хидратантен крем да се стави многу и потоа се става од пудрата. Јас кога купувам пудра најбитно ми е да е за сува кожа. Дали има минерална пудра за сува кожа? Мене ме нервира кога ќе ми речат пудрава е одлична за сите видови кожи. Како може да ми одговара мене со многу сува кожа и на некоја со апла мрсна? Неможе! Затоа ме интересира дали минералниве имаат поделби во однос на видот на кожата?
Моментало ја користам оваа пудра на Голден Роуз. Доволно е густа, покрива убаво, а сепак лицето не изгледа како гипсирано. Ептен сум задоволна.
Ја користам оваа :. Не е тешка, како основа е за пудра.Најдобра пудра што сум ја користела до сега.И не е многу скапа 350 ден ја зедов
Ја користев оваа на макс фактор долги години, преубава е, меѓутоа пудрата која што случајно ја пронајдов е Estee Lauder Double Wear, најсовршено нешто, ја препрачувам на сите кои што можат да си ја дозволат и кои имаа проблеми со лицето, како акни, лузни и сл. Јас имам проблеми со акни и црвенила, но кога сум покриена со оваа пудра лицето ми е соврсхено, ја обожавам!
Ја имам користено Golden Rose ...ја купив 240 д , а ја имаше и во помало пакување идеше некаде 15 мил. и беше 120 д
Јас ја земав од продавницата на Голден Роуз на Рекорд за 270 денари, па побарај и на други места може да ја најдеж и поевтино.
Се согласувам за Севнтин единствена пудра која доволно покрива а воедно има и смирувачки ефект, направена е врз база на пчелин восок, а ако сакате попрофесионална а убава пудра Ревлон колор стау, и Лореал.
Девојки, ве молам за мислење. Користам пудра на Есенс, пишував дека ми е убава, ама на почетокот. Сега како крем да ставам. Ништо не ми покрива. Пред неа имав Импала, па оваа беше подобра од неа. Ама со тек на време гледам дека не ми прави разлика дали имам пудра или не на изглед. Лицето исто ми изгледа, а мене пудрата за тоа не ми треба. Ми треба да ми ги покрива мозолчињата. Да напоменам дека Есенсот ја зедов и поради тоа што ја кажуваат како козметика за помлада кожа. Знам дека сите имаме различни видови кожа и ако на една убаво и стои, на друга нема. Ама сепак ве молам за мислење: пудра која покрива за помлада кожа. Не е важно колку пари е, ама ако ја знаете цената наведете ја.
WhiteAngel, пудрите на Есенс намерно се такви, дека се погодни за млада кожа на која не и` требаат екстремни корекции во однос на покривањето на неправилностите. За млада кожа супер е и Manhattan Clearface, само попогодна е за комбинирана до мрсна кожа, а помага и за контролирање на мозолките бидејќи имаше цинк чинам. Цената е до 350, 400 денари максимум. Golden Rose имаат солидни пудри, а и не им се скапи воопшто. Ако ме прашуваш мене, би ти ја препорачала Bourjois - Healthy mix, доколку имаш сува и Bio Detox, доколку ''страдаш'' од комбинирана-мрсна кожа. Малце им се солени цените, ама си вредат - барем по мое мислење. Неколку страни наназад имаше подетално објаснување за оваа и пудрата на Лореал со црвеното капаче. Повеќето беа задоволни, ама најдобро да си пробаш во парфимерија пред да ја купиш, оти и не е баш ефтина. А во Космо имаше некаква понуда со пудрава, ако ја купиш добиваш гратис кармин, ама не ме фаќај за збор, не сум сигурна дали беше со оваа пудра.
Јас не користам многу пудра, но кога ќе имам потреба употребувам пудра на Севнтин и сум задоволна бидеjки се покрива.
WhiteAngel се сложувам со Мишела, јас ја земав хелти миксот. Цената е солена ама јас ја начекав во Шатци заедно со маскара за 800 .Можеби уште ја има, можеш да си провериш
A нели поназад зборуваа дека хелти мискот и био детоксот не се многу покривни, попогодни се за израмнување на тенот? Или јас сум грешка И уште едно прашање.. seventeen natural velvet е за сува кожа?