Не знам дали до мојава кожа е, ама мене Хелти Микс воопшто не ми се погоди. Имаше тестер во Јуник списанието (го купив со таа намена). Кога ја пробав на ништо не личев, буквално местата кои требаше да ми ги покрие уште повеќе ми ги истакна. И воопшто не беше трајна, 3 саати и толку беше, дали испари дали се стопи не знам, а на факултет бев. Баш се надевав на неа, ми ја утепаа од фалење. Не ми требаше за незнам ти какво покривање, немам толку проблематична кожа ама за мојава мрсна-комбинирана кожа со тек-тук по некое бубуличе не ја биде. И така мојата потрага по соодветна пудра продолжува. Сега се мислам ессенс да ги пробувам...
Имаше еден период кога ги користев само Импала, ама многу ги расипаа, па се префрлив на Manhattan најновата, и многу сум задоволна, не се познава, одлично се распоредува
Јас мислам дека таа пудра е повеќе да го изедначи тенот, а не да покрива кој знае колку,таа е лесна пудра барем според мене,јас ја имам и со оглед на тоа што немам проблематич но лице сметам дека е само за изедначување на тенот,другата е по покривна мислам на flower perfection
Дали некој има искуство со Авен или Др.Хаушка пудрите( течни или компактни)???Гледам дека се на природна база и не создаваат комедони.
Само есенс немој, те молам.Јас ја купив 16-часовната пудра на есенс и ич не ми се погоди.Тешко се размачкува, многу е густа и ништо не покрива.Ако сакаш пробај, ама јас не ти ја препорачувам... Вчера купив пудра од Риммел и излезе дека е супер.Многу покрива, а и навистина е долготрајна.Цената не е многу висока-околу 280-300 денари е.Единствена мана и е што има специфичен мирис, што мене не ми се свиѓа-најверојатно од камилицата што ја содржи.Ја одбрав онаа со матирачки ефект, еве слика-
Јас имам сува кожа и мене ми е супер минералната,само добра хидратантна крема (јас на гарниер користам зелената). Ти најубаво оди во парфимерија и пробај,нанеси на челото на пример и ќе видиш како ти реагира,Јас сум многу задоволна имам веќе кажано дека веќе 2 години а може и 3 само минерална користам не течна,а како коректор Макс фактор пан стикот. За минерална ќе ти ја препорачам Артдеко од макс фактор не сум баш задоволна,ама пак ќе ти речам обавезно прбај ја прво. И да ако не ти смета на лицето да нанесувач павловичева крема(ако не ти е многу мрсна) таа ти е најдобра подлога за минерална пудра,преубаво се нанесува.
За мене Maybeline се идеални. Имам потемен тен и секогаш тешко наоѓав нијанси ама добро е што налетав на оваа. Сите варијанти ми се одлични, прекриваат и даваат многу природен изглед, како да немаш воопшто ставено пудра.
Сега го читам ова, а само што се вратив дома со истава пудра само мојата е 200 Soft Beige. Поминав пола саат пред штандот на Есенс сите пудри ги испробав и некако не ме бендисаа. Отидов во Космо по лак и случајно ја забележав пудрава. Пробав и од прва имав чувство дека This is it. За долготрајност се уште не знам ама за покривање е феноменална. И густината и бојата се ми се погоди. А и цената, 300 денари не е толку многу. Мене мирисот баш ми се допаѓа некако свеж ми е...
Јас ја имам скоро користено оваа пудра и стварно се изненадив , ми даваше навистина изедначен и убав тен, е сега за покривање беше ок ама не совршено, но многу убаво си го чувствував лицето како да немам ништо , воопшто не се познаваше дека има пудра.Па ако немаш проблематична кожа слободно пробаја ја , убаво ги покриваше порите не се познаваа
-Од Буржуа не се премногу покривни. Најпокривна од нив е најновата (Флаувер Тач, мислам се викаше ). Ама убави се и даваат природен изглед. -Од севентин е за младалачка кожа, но јас мислам дека е попогоден за нормална накај сува кожа, затоа што дава сјај, содржи пчелин восок кој посебно е наменет за сува кожа. Но, и тие со мрсна кожа што ја користат се задоволни. Супер е за парите. (околу 350-400ден.)
За покривање и траење, само ревлон. Никогаш поубава пудра не сум користела, лицето стакло го прави. Дури колкупати сум дошла дома и ќе сум прилегнела да поспијам пол сат-сат, и откако ќе се разбудам пудрата не е ни мрдната од на мене. Немам зборови. Скоро секој ден ставам, и ми трае по 4 месеци. Во јуник е 800 денари, но јас ја купувам од зегин аптеката таму е 690 денари. Има секакви нијанси пробај нема да згрешиш. Само пази пишува на пудрата има за сува до нормална кожа, и за мрсна до комбинирана.
Севентин Тајм Плус е дефинитивно од оние пудри кои се погодни за сите типови кожа - сува, комбинирана и мрсна. Убаво покривна и лесна, трае доволно за цената која ја има, мене ми се јавува само еден мал проблем, а исто и кај другарка ми која ја користи долги години наназад: При крајот на пакувањето, менува боја, односно се затемнува за нијанса или две и станува по малку мрсна, односно течна. Тоа сум го забележала како маана и не ми се допаѓа. Цената порано и' беше попристојна, некои 350 ден, сега веќе дојде до 420-450 ден. За тие пари има подобри пудри.
^^^ Дури порано беше околу 250, ова пред едно 5 години мислам. Сега претераа, за 450 денари 100 пати подобра пудра може да се најде. Севентин ги користев меѓу најпрвите пудри, а сега баш од кај другарка пробав, и не ми покриваше баш, дека сум навикната на ревлон. Али добра е за тие што немаат проблематични лица, дава убав тен.
Да, јас ја користам моментално. МНогу добра лесна пудра, не е како гипс, течна е и покрива онака 50-50 дека е течна ама со камена пудра над неа се добива прекрасен изглед.
Немам користено вакви пудри, само да кажам, не постои пудра што не создава комедони и што не затвора пори. Името од фирмата е единственото нешто што би ја оправдало цената на пудрата од овие Авен и Хаушка. Сум користела нивни производи, квалитетни се, ама не прават чуда, за помалку пари се наоѓаат и други исто квалитетни производи. Демек на природна база па требало поквалитетни да бидат, абе мижи да ти баам.
Mоментално ја имам оваа на Bourjours и многу ми се допага,ги пробав и другите хелфи микс и уште една друга не ми текнува како се викаше,ама не ме бендисаа,а оваа е покривна,лесна е на лице баш сега како што е лето,мене ми е супер E единствена даун сајт ми е што ми се чини дека не стои долго на лице,или мене така ми се чини Cледна ми е Kолор стеј гледам многу ја фалите,а и секогаш кога ке излезам да гледам за пудра,сите се купени од линијава,само тестери има A завршив со пудрите на Mејбилин тешки се на лице,а не покриваат ништо,барем на мене
Денес во голема потрага по пудра завршив со Young derm Сакав да испробам Seventeen Time plus, ама оти имам прилично бебшка кожа продавачката ми кажа дека ќе била тешка за моето лице, што значи задоволна сум од оваа и од тоа како го покри моето лице