Не, не, ја фиксирам после со камена пудра и нема гајле Пробај ја оваа варијанта, жалосно е да ти остане пола тубичка. А ако ништо друго - прати ми ја мене таа што ти останала
За пудра што можите да ја имате ви препоралувам од AVON да си земате барем мене доста ми покриват. Исто сум користела и CHANEL пудра али е многу скапа..ја добив од странство како подарок од брачедами.Таа пудра тука ја нема ама е прекрасна..
Пред некој ден ја зедов пудрава добра е покрива убаво се впива во кожата и е ефтина околу 280 денари ја зедов.
Само да ве известам во космо и шатци ја имаат добиено новата камена пудра на буржоа хеалити баланс и само во фебруари е на попуст и чини само 450денари а со неа се добива и кабуки четка гратис позз
И јас дојдов на темава да ви кажам за камената пудра Хелти Баланс+четка за неа. Го донеле и новиот коректор исто од Хелти Микс колекцијата,со четкичка тој што е.Немав пари веќе денес,тргнав по кармини и се потрошив ама утре задутре ги купувам обавезно.
Анастасиа ,мислам дека би било добро да се посоветуваш со некој од козметички салон. не дека неможеме да ти помогнеме, но на секој пудрата не му стои исто и може да предизвикаа мастење на лицето или сушење ..
Незнам зошто ја ставив пудрава на мене над основата што ја имам од Авон. Ја ставив веднаш штом ја купив, дури не дочекав ни дома да стигнам во тоалет ја ставив.Првин ми се причини дека е совршена па прикладов. Кога си дојдов дома на нормално светло бев портокалова! Значи не ја купувајте страшнава работа освен ако не сакате да имате слоевит изглед.. Се надевам дека ќе бидам единствената што се разочара од пудрава..
баш денеска бев во космо и сакав да ја земам оваа втората во црната туба на менхетен ама немасе нијанса за мене па ја земав оваа на bourjois и баш ми се свиѓа и нај нај покривна е од сите што сум ги користела досега поздрав се надевам дека ти помогнав инаку добра е за комбинирана кожа
Bourjois flower perfection ми е следна на список, ама прво да ја дотрошам BioDetox-от. Не дека не сум задоволна, одлична е пудрата, ама сакам да сменам и да пробам нешто ново - as usual. Е сега, ме интересира дали нијансите се исти кај сите пудри од оваа фирма, на пример - дали Ванила 52-ка на БиоДитокс е иста со Ванилата 52-ка на оваа новата. И многу е потешка flower perfection? Мене ми изгледа доста течна, ама сакам да читнам мислења од некои кои веќе ја користеле и успеале да направат споредба.
Девојки јас имам комбинирана кожа, така бааги сува на образите и мрсна на т-зоната. Сум пробала многу пудри, но дефинитивно најзадоволна бев од debora Color Copy за нормална кожа, а моентално ја имам Bourjois Healty Mix, со камената од истата колекција ми даваат супер природен изглед на кожата. И е најлесна пудра што до сега сум ја користела
http://www.make-upwinkel.eu/images/Gold ... -330_1.jpg Јас откако почнав да ја користам, супер ми е лицето и воопшто не ја мрси кожата и не чувствуваш дека имаш пудра на лицето за разлика од други.
Мене па многу ми беше тешка оваа пудра на лицето едвај чекав да ја извадам и не ми одговараше мозолки ми се правеа зависи од кожата а баш добро покрива.