Сум користела и на Максфактор и на Ревлон и секогаш барам попрекривна и попрекривна, не знам дали има ама секогаш си прашувам Задоволна сум била од овие, се додека не ја пробав на Буржоа. Имам проблеми со флеки и искрено се зачудив со еден слој како ги прекри. Одлична е пудрава, значи луѓе феноменална е, уопште да не се мислите ако сакате да ја купите, а + го имате тој проблем Е сега сакам да прашам за камена и пудра во прав (не знам дали нема таква тема или јас не сум видела) која за каква намена е и кои би ми ги препорачале со оглед на тоа што имам мрсна кожа на Т-зоната?
користам течна пудра на bourjois и беспрекорно ги покрива недостатоците на лицето. ви ја препорачувам 400-500 денне ми текнува точно. п.с. супер е што има четче на самата пудра.
Која е цената на пудрава моментално? Знам дека пред Нова година беше по промотивна цена, ама сега поскапена е најверојатно
Јас сакам да ја исправам грешката од пред некое време кога ја искритикував пудрава. Веројатно затоа што некако не ја простудирав добро ... Денес убаво имав ставено со сунѓерчето преубаво се нанесува ама претходно обавезно малку крема за лице. Навистина покрива. И не е тешка. Ова кажувам за Flower perfection. Кој се дума нека ја купи, нема да згреши.
Ја користи ли некој новата камена пудра на боржуа http://t2.gstatic.com/images?q=tbn:ANd9 ... sZiPDOb6Pg Задоволни ли сте? Јас немам користено досега пудри на боржуа,ама и се мислам на оваа, цената е прсистапна,ама сепак не се малку пари, па да си фозволам да ја утнам Иначе имам кажано,имам чисто лице,така да не ми треба некоја голема покривност. А како што можев да видам во космо само 2 бројки има.
Може ли да ми препорачате пудра, со слична текстура како оваа на Менхетн Никаде неможам да ја најдам нијансата beige. Имам нормална кожа, сакам лесна пудра со мат ефект, оваа совршено ми одговараше. Ако може предлог со слика и цена
Пудрава е совршена! Долго време ја користам и многу сум задоволна Природен изгледа и дава на кожата, а покрива недостатоци, исто така е хидратантна и не го суши лицето. Им ја препорачувам на сите, особено на девојките со посува кожа http://www.facebook.com/photo.php?f...11685357.36955.150318478354017&type=3&theater
Погодна е за секаков тип на кожа. Ма да, јас не би ја препорачала на некоја која има екстремно сува кожа.
Јас имам прилично чисто лице и сува кожа до сега користам само течни пудри,сакам да пробам некоја во прав дајте ми предлог?
Ја има ли некој пробано Silk touch powder, камената пудрата од Пупа? Вчера ја видов во јуник и убава ми дојде, ама немам пробано ништо од нивната козметика, па не знаев дали да ја земам.
Спојлер Сите производи од оваа марка научно е докажано дека се топ производи без штетни супстанци, а и мн пријателки ми се задоволни. До сега сум користела разни пудри ама најзадоволна сум била од тие на Виши , како свила ти ја прават кожата, ама проблемот е во тоа што се бааги солени. Поефтина ама исто мн добра варијанта ми се тие на Севентин. Лесни и достапни.
Пред неколку месеци ја купив од пазар Catherine Arley, камената пудра. Пред тоа користев една на Аура околу 160 денари беше, но ја немаше долго време само некои дупло поскапи па ја пробав оваа и ефектот е ист не правам разлика. И денес еве пак купив 110 денари од пазар, но некако ми е шубе. Мислите ли дека може многу да и штети на кожата??
Не штети на лицето воопшто јас ја користам оваа пудра веќе 3 години и стварно прилега на секаква кожа а и не предизвикува никакви штетни дејствија... корсти си ја слободно....
Пола саат читам низ темава и пак не можам да се одлучам каква пудра да земам. Шо е најжалосно во тесно сум, немам ич ја дотрошив старава целосно. Читај вака така, а кај и да е треба да одам да купам. Кажете ми дали знаете цена на оваа: Барам за комбинирана кожа пудра. ПС: До колку работат денес парфимериите ?