Јас ја купив негде 780 ден. И сметај дека е од тоа па нагоре. Некаде била и над 800 ден. И искрено за тие пари и не е нешто екстра.
А онаа другата Менхетн црната, околу 400 денари што читам дека е за комбинирана кожа била накај мрсна, ама читам овде и коментари многу била густа и тешко се нанесува. Не знам што да земам ќе мора нешто набрзина па се погодила или не, здравје. Се двоумам и да пробам некоја од Римел пудрите, гледам ич не се скапи. За комбинирана кожа се наоѓа нешто добро?
Имам сува кожа и сум пробала повеќе пудри но од никоја не сум задоволна. дали има некој со сличен проблем? можи ли некој да ми помогни каква пудра да земам?
Оваа ја фалеа доста, а и мене ми е во план да ја пробам. Ја користат мои познанички и богами, фрчат доста пофалби за пудрава. Не е повеќе од 250 денари, а може и поефтина беше, не ми текнува.
Лесна пудра е, би требало да одговара без проблем, ама сепак мислам дека е попогодна за комбинирана. А сигурно можеш да побараш тестерче, така ќе си бидеш најсигурна дали ти одговара или не.
При крај ми е камената пудра и се мислам дали да си купам во прав. Ако може тие што имаат пробано и камена и во прав да ми кажат која е разликата и да ми препорачате некоја добра пудра во прав ама да не биде многу скапа
Сакам да прашам дали некој има искуство со камените пудри на Дебора, оние во црвено кутивче, дали се добри? фала однапред
Пудра на училиште??? помагајте....навистина не знам што да правам имам голем (за мене) проблем. Наставниците викаат ако ставам пудра, што да правам?? Без пудра не сум жива. Имам нечисто лице и многу акни, ако немам пудра би изгледата како да имам сипаници...што да правам?? Исто така имам многу бело лице и ја купувам најбелата пудра и сепак се познава!!!
Пудра на училиште??? Наставниците ви викаат ако ставате пудра?! Господе боже мили уште ова не го бев чула Си го редактирам мислењето откако видов колку години си Па што мислиш ти бре дете уште на 12 години ако започнеш со пудра кај ке ти биде крајот?
Пудра на училиште??? Пхахаха уште ова немав слушнато. Па стави си некоја што нема да ти се познава, од кај ќе знаат тие дали си ставила или не. ЛОЛ Небаре со лупа на влез ќе те прегледуваат