На 12 години пудра? Убаво ви прават наставниците што ви викат.Јас ако спомнев на 12 години за пудра ке добиев само еден убитачен остар поглед и едно гласно НЕ од мајка ми.
Диди мала си за пудра. Сега можеби ќе ги прекриваш бубулиците ама полошо правиш. Јас мислам дека што повеќе ставаш пудра, толку повеќе ќе ти се разранува лицето, т.е. ќе ти се прават уште повеќе бубулички. Барем мене така ми се правеше. Побарај си некоја лесна крема или нешто за чистење на лице, подобро е. И за сега а и за понатака, за тебе
http://mk.oriflame.com/catalog-images/p ... 8373_2.png Ја користам пудрава од Орифлејм, и сум презадоволна Многу брзо се изедначува со тенот, а плус прекрива. За природен и свеж изглед на кожата.
Лицето си го чистам и со тоник ,а имам и крем за акни, не ми помагаат ама сега порачав коректор од орифлејм ќе видам дали ќе ми ги прекрива акните, оти со пудрата немав добри резултати само ми се познаваше
На наставниците нема што да им е гајле што ставаш на лицето. Ако имаш проблем, твое е да го прекриеш некако. Пр. Спојлер Кај нас имаше дете со клемпави уши и затоа носеше долга коса. Сите наставници му викаа, а никој немаше разбирање и знаење зошто тој воопшто носи долга коса. Не дека сака, ама да ги прикрие ушите дека сите му се исмејуваа. Но, друга е работата. На 12год. со пудрата само ќе ги дозатвориш порите и ќе си направиш поголем проблем. Затоа не е решение за тебе. Тоа што имаш акни е нормално, во пубертет си. Најдобро е мајка ти да ти помогне во изборот за некои препарати против акни. А, за пудра, можеш да земеш ЈангДерм (под 100ден. е) и да ја користиш при посебни пригоди (родендени, итн). Таа е за младалачка кожа.
последно мајка ми ми зеде една крем за акни Keracnyl од неа се става само на вечер ефикасна е ама не до толку... сега ќе пробам со котектор па ако и тоа не ми успее ќе пробам јанг дерм бтw знам дека сум мала за пудра ама немав друг избор. Фала ви на советите...позз <3
Пудра врз акните само уште полошо изгледа. Мој совет ти е да отидеш на дерматолог. Тој ќе ти препорача соодветна исхрана,зошто се она што го гледаме на нашата кожа во најголем дел е резултат на она што го јадеме. И освен тоа ќе те посоветува која козметика е соодветна за тебе,според возраста и типот на кожа. Постојат и специјални третмани за лице што можат многу да ти помогнат. Братучед ми во периодот на пубертетот имаше многу акни и огромни , што не испроба и на крај вака се среди проблемот. Не си ја оптеретувај и стареј кожата со пудри и коректори.
Конечно! Си најдов пудра која совршено ми одговара, во нијансата и во трајноста. Без проблем ми издржува цел ден. Пишува дека е за чувствителна кожа со смирувачки ефект, јас имам комбинирана кожа и ми одговара, супер се впива и доста покрива. 7 евра ја земав што се и малце за ваква пудра.
Обично пудрите со матирачки ефект се за мрсна кожа, нели за да не ти свети кожата. Но зависи, ќе си пробаш на тестер и ќе видиш колку ти одговара
http://www.bourjois.co.uk/var/storage/i ... powder.jpg Ги гледав тестерите најсветлата нијанса е светла а другата темна па ако ја има некој користено да ми каже дали се прилагодуваат на тенот. Критики, пофалби за пудрава?
И јас ја имам оваа али после 4-5 пати откако ставив почна кожата мн да ми се лупи а и не ми покрива многу ... До кожава моја ќе да е
И кај мене ја има истата реакција. Само што се вратив од космо каде бев во потрага по пудра со тоа што денес пробувам која ќе ми одговара и како ќе се покаже по 5-6 часа носење. На чело ставив од претходно споменатата и по 3 ч. светам и ми се лупи кожата, на десниот образ ставив буржуа хелти микс и кожата ми е супер свежа ,покриени се недостатоците и не се приметува дека имам пудра .На др. образ ставив ревлон к.с. добро е покриено но не изгледа природно и здраво туку како баш пудра да имам.На брадата ставив римел 25 ч и тука поч наа лушпички да ми се познаваат па и таа отпаѓа. За сега најдобро се покажа хелти м. а зошто имам пудра за уште 1 месец најверојатно ќе пробам и од др. пудри на буржуа па ќе се одлучам.Инаку сега користа пудра на нивеа која ми е донесена надвор од Мк. и сум многу задоволна.
пудрава сварно ја бива, 5 минути од коа ќе отстои на лице па и надвор коа ќе излезеш плус се соединува и супер, ама еве два дена ми е потрошена и го одмарам лицето целото само ми се исчисти, имав ситни акнички, и ми беше исфрлено, сварно сакам да си најдам ппудра што ќе дава вако резултат ама да не ми го уништува така лицето. патем и јас сум во потрага на добра пудричка, немам некое проблематично лице само да ми се совпадне со тенот
Некоја чинам се двоумеше дали да избере Хелти Микс серум или пудра. Еве мало објаснување кое какво е, верувам дека на сите ќе им биде од помош. Спојлер http://www.sminkerica.com/2012/01/21/bourojis-healthy-mix-vs-bourojis-healthy-mix-serum/
Сепак е до кожата, да бевме сите исти само една пудра ќе постоеше Пудрава никако не ја ставам без претходно доообро да нанесам хидратантна крема и да почекам да се исуши. Лесна е, лесно се размачкува и ми дава мат финиш. По неколку минути уште поубаво изгледа.Нема голема покривност на белези и црвенила, но ги смирува. Не ве сфаќам како пудрата ви прави лушпи откако ќе ја нанесете ако претходно кожата ви е мазна И да никако не ја препорачувам за сува кожа. Инаку мене Буржоа (немам појма која беше, со црвено капаче)ми ги потенцираше темните кругови, воопшто не ми се допадна, ја подарив.
Кажете ми како идат нијансите на Буржоа Био детокс, таква ќе одам да си купам само не знам околу бројчето. Што би одговарало за нешто како мене светла, ама не премногу светла.. а далеку сум од темна. Ај нека ми помогне некој да не се мислам пола саат у парфимерија, оно секако ќе пробам ама да знам барем на што да целам.
користам пудра на Seventeen, ја купувам околу 380 денари. Презадоволна. И исто така користам пудра на Авон everlasting 24/7. Долготрајна. И од таа сум исто така задоволна
51 Light Vanilla е прилично светла нијанса, најсветла од сите. Мене ми беше потполно иста со тенот и не ја зедов бидејќи мислев нема да ми го покрение црвенилото од акните, кое неретко го имам од пречестото мрцварење на новонастанатите акни. 52 Vanilla е одлична, мааалку е потемна од мојата природна боја, значи не е ни цела нијанса, ама супер е и не се познава дека дели малце од природниот тен. Мене ми е одлична. Инаку имам многу светол тен, ама пробај си од тестерче, може ќе ти биде добра и 53-ката, ама таа нијанса е стварно темна.