Revlon Color Stay combination/oily skin WELCOME TO MY LIFE! Поубаво нешто немам ставено на лице... А сум купувала доста поскапи пудри од неа. За трајноста немам зборови, дури и повеќе од очекувањата. Да имаше едно пумпиче само, али ајде, може и вака P.S некој ако ја има, нека ми пише како ја нанесува. Купив сунгерчиња од Cosmo, ама ми впиваат многу, или јас не знам како да ги користам а со четка немам пробано сеуште.
karina прошетај се до космо од денеска биодетоксот е со 50% попуст од 828 денари на 414 денари и на Bourjois BioDetox коректорот од 450денари на 225 денари! иначе за нијансите јас би ти препорачала да си пробаш на лице место како што викаш дека имаш светол тен 51 или 52 би ти одговарала се надевевам дека не закаснив со одговорот позз
Со прсти најубаво се нанесува ја користам со години и секако имам пробано,најдобра варијанта е со прсти верувај
http://merkur.com.mk/uploads/products/l ... liquid.jpg и госх... али незнам која камена одговара со овие тецни пудри??казете која би одговарала? gi koristam ovie dve najcesto....
Девојки, ја пробал ли некој пудрата на Авон со мат ефект? Ја гледам во последниов каталог, пишува дека до 62% го намалува вишокот маснотии, а и не е многу скапа, 299 ден е. Па се мислам дали да си ја порачам, или сепак да си ја купам Менхетен црната
Спојлер Откако ќе ставиш со прсти, тапкај со сунгерот таму каде што се забележуваат линии од прстите, така се постигнува поприроден изглед. А пудрава изгледа како добра за мојата комбинирана кожа, само цена ако може?
760 мислам дека беше во Cosmo, ама не ме држи за збор. Девојкиве рекоа дека во Зегин била најефтина 650 денари, ако си од Скопје побарај таму, кај нас во Зегин ја немаше. А за комбинирана кожа е мислам најдобра... Јас секакви испробав, премногу пријатно се изнаненадив.
Јас пред неколку денови ја купив пудрата со гратис четка но од Космо,многу добра пудра е ептен сум задоволна.
Ја купив од Космо во ГТЦ,четка треба да си побараш на каса кога ќе си ја платиш зашто ќе се направат на будали тие таму и нема да ти дадат.
Ја купив и се зезнав,ми прави суви делови на лицето,воопшто не се впива стои како маска.Дефинитивно нема подобра од Ревлон колорстеј
А пудра за нормална кожа? Ниту една не ми одговара. Mислев дека Хелти миксот е лесна и ќе одговара на нормална кожа, ама не. Не ми треба да е покривна, ми треба чисто за изедначување на тенов. ?
Зошто не пробаш со некој благо пигментиран крем? Т.е. би дошло како подлога за пудра која има малце боја во неа? Конкретно знам моментално само еден производ да ти посочам, а тоа е ова чим немаш ништо за прекриврање мислам дека супер ќе ти одговара, а има и доста ниска цена околу 200 денари отприлика. Инаку е производ на Oriflame
Менди, пробај ја Делине. Одлична е - минимално покривна, супер лесна и хидратантна. Мислам дека ќе ти одговара, а и ефтина е. Спојлер