Mе интересира Pевлонот колор стеј со пумпица е или така во шишенце да си земаш со прсти? Cакам да ја земам гледам ја фалите,ама ако е за земање со прсти
Нема пумпица, и јас мислев дека ке биде голем проблем, но се навикнав веднаш, си турам на надворешниот дел од раката, и полека си размачкувам зависно дали користиш прсти четка или сунѓерче, ако ти остане назад, и тоа е тоа Некои ја турале на CD, па од тука ја мачкаат, дека брзо се суши и од топлината на раката.
Погоре некој прашуваше за пудрава: Оваа пудра е наменета исклучиво за мрсна кожа. Има својство да ја собере маснотијата и го затегнува лицето. Содржи три природни состојки: екстракт од краставица, камилица и памук. После нанесувањето потемнува. Затоа задолжително кога купувате, пробајте тестер и почекајте пола минута-до минута додека потемни бојата за да ја одберете вистинската. Нежна е, кремаста, солидно покривна. (иако зависи која колкава покривност сака) Оваа пудра е водоотпорна, постојана, погодна за дневна шминка. Лесна е, лесно се нанесува, се нанесува во мала количина (ако не сакате да изгледате како да имате тешка пудра) и и` дава на кожата слободно да дише.
И јас кога ја имав, мислев дека нема да биде практична кога ќе се подиспразни,дека нема да можам да ја ЦРПАМ од шишето ама до самиот крај беше течна ко на почетокот и немаше никаков проблем со тоа,така да тоа не претставува ама баш никаков проблем :up:
Девојчулиња, ај нека се најде некоја што ја користи Bourjois - Flower Perfection и да ми каже дали пудрата оксидира по одредено време на лицето? И ме интересира дали се исти нијансите (да речеме нијанса 53) кај сите пудри од таа линија (Хелти микс, Био Дитокс и Ф.Перфекшн) ?
Па може да се рече дека не оксидира ич,а за нијансите ,барем во споредба со Хелти Микс-от(БиоДетокс не сум користела)се за нијанса посветли.На пример ако користиш 53 Хелти Микс,ондак Фловр перфекшн ќе ти треба 54.Вероватно зошто е потешка,па не се претопува на лицето,што знам
Светол тен имам јас, дури и малку повеќе од потребното , а Дитоксот ми е 52 и мааалце ми дели, а 51 ми е пресветла. Жити сè, ќе немам соодветна нијанса од перфекшн-от, ако 51-от ми е темна. Е сега се разочарав, деновиве мора да одам да испробам пак.
Не не погрешно ме сфати.или јас погрешно се изразив .Значи фловер перфекшнот се за нијанса посветли боите,не потемни.Сеа не знам нијансите на Детоксот како се,ама у споредба со Хелти микс,чим 52 ти двоела малку на потемно,ондак би требала од Ф.П. да ти биде таман.
Ma се разбравме Мисче, дури сега мислам дека сме океј. А не е тешка пудра од типот на Менхетн и Ревлон, така? Ја немам пробано на лице, на рака само чисто колку да видам, ама претемна ми беше нијансата на другарка ми. По моја логика, би му дошла нијанса потешка од Хелти Миксот?
Девојки препорачајте ми некоја течна пудра за комбинирана кожа, да е покривна? До сега ја користев перфект мат на менхетен, ама сакам да ја сменам малку. Бев заинтересирана за стеј мат на римел, ама ја пробав од тестер, некако не беше воопшто густа и покривна што ми е најважно. Ревлон колор стеј ја купувам сигурно- само не би ја користела за преку ден!
^ Зошто да не ја користиш преку ден? Не емногу тешка,Ако нанесеш малку,бидејќи убаво е покривна,цел ден ќе ти изгледа кристално и свежо лицето Барем мене за на работа ми е одлична
И јас сакав да го пишам истото,ревлонот не е воопшто тешка ако знаеш да ја нанесеш,првите неколку пати ми делуваше мн. тешка кога ја нанесував,ама сега се испраксирав и научив да ја нанесувам,а воопшто да не се познава,за разлика од Менхетенот која е претешка и стои како паштета.Не се двоумете Ревлонот е одлична.ЈАс се зезнав си реков ај да пробам некоја нова и земав Лореал,а требаше Ревлонот Сега пари за нова потешко.
И јас сум ЗА Ревлон, презадоволна сум. Ако правилно ја нанесеш не остава никакви траги и цел ден немаш гајле. Еве ви еден предлог, кога ја размачкувате со прсти потоа по лицето пројдете со сунгерче за пудра или палома (доколку немате сунгерче) и добро втапкајте ја на лицето. Ќе забележите како ќе се втопи во лицето и нема никакви траги.
ja kористам течната пудра од seventeen time + но бидејки до сега не сум користела камена пудра, а сакам да купам да пробам, ме интересира дали треба да земам од истата марка или може и некоја друга и која нијанса да барам, требали да е посветла, потемна или иста нијанса?
еве веке 9 година севентин тиме 5 и не планирам да ја менам е сега малку ја поскапеа овие 2-3 години па сега е некаде 420-450 денари инаку имам комбинирано лице не места мрсно на места суво ја користамбез подлога односно неставам крем под неаерфектна е инаку имам ставано и максфатор и лореал ама некако севентинот ми е навикната ја ставам и преку ден и преку нок
Ја користам и немам приметено такво нешто ... Важно не е тешка на лице, со малку пудра се покрива цело лице. Само многу важно да пробаш на тебе кога ќе купуваш за нијанса.
Девојки јас имам мрсна кожа и брунки ајде препорачајтеми некоја пудра сто може да го покрие целосно лицето??
Ревлон-за мрсна кожа. Таа е многу прекривна. (ако ти е скапа, поефтина варијанта ти е од Риммел пудра за мрсна кожа).
Ај предложете ми некоја добра пудра за лице имам 16 години користев нај прво јанг дерм,дебби,од орифлејм една како коректор и сега импала ај дајте ми предлог од добра пудра