За твојата млада кожа би ти препорачала Севентин тиме плус,течната,јас ја користев порано и ми се допаѓа оваа пудра како ја поднесува мојата кожа.И цената е на солидно ниво. Поздравче.
Јас ја земав од Софија не од тука.порано ја имаше,сега веќе не Предобра е,трае цел ден,има супер покривност и без чувство на куп пудра на лицето.Многу е природна.Цена,950 ден.
Коа ќе ја видам темава,одма ми оди да допунам,паштета за на леб! Туку ја купив сега на попуст дитоксот,некако бе не ми е истата. Ми го пресуши лицето и земав една нијанса посветла од претходната,пошо немаше,све купиле. Малку ко да се подразочарав,а?! Ај ќе видам при наредното ставање ама со добра подлога под неа како ќе биде.
Си ја купив пудрава онака за проба ,и искрено ептен позитивно сум изненадена преубава е ,лесна е покривна погодна е за сува и нормална кожа и ефтина е 290 ден
Ја земав оваа денес, после долго мислење дали таа на Римел Stay Matte или оваа. Добра е, добро покрива, е сеа една од Јуник ми рече дека е за сите типови на кожа, а друга ми рече дека е за нормална накај комбинирана, ама нема врска. Цената е 300 денари.
Преска си купив ваква пудра покрива ама проблемот е бидејки бргу исчезнува за неколку часа исто како да немаш пудра ај дајте ми некој дачин како да ја зацврстам пудрата да стое подолго и дајте ми некој предлог за долготрајна пудра ФАЛА !
Камена, било каква. Кога веќе прашуваш, имаш најефтина варијанта - Кетрин Арли (100ка), Менхетн (400 денари), Боржуа (500че, или над - не сум сигурна). Други, јас лично немам користено, ако некоја феминка е поинформирана нека ти препорача уште некоја.
Mоже ќе ја пробам оваа, не е многу скапа, а и ми делува густа, баш јас како што сакам. инаку од тие јас што ги имам,онаа на Aвон во стаклено шише со пумпица, мене не ми е нешто посебна, многу бледа ме прави.. и не е покривна... и една Tренди пудра, од аптека ја земав 190 денари, супер е, за денски онака, добра е...
Околу 4 години користам пудра за лице и отсекогаш Seventeen 4-ка. Ретко користам пудра за преку ден (особено последнава година) така да мислам дека за ноќно излегување ми одговара. Добро и лесно се размачкува (што особено одговара на мојата кожа која е прилично сува); не е некоја тешка пудра која создава дебели површински слоеви што исто така ми одговара бидејќи немам некое проблематично лице со акни и сл. (единствено црнки во пределот на носот, кое го решавам периодично кај козметичар); добро се впива во кожата што од една страна е добро, од друга лошо, но со правење на привремени третмани на лицето мислам дека и не би требало да претставува проблем. Имам слушнато дека и Ардеко била многу добра, така да планирам во блиска иднина да си ја купам.
Гледам во Cosmo има акција Rimmel Lasting Finish пудрата со маскара и лак за 489ден. Па да ве прашам како сте задоволни од таа пудра!?
А што се случува со Менхетен мат во црна тубичка? Во многу парфимерии ми рекоа дека немаат добиено од тие пудри уште од пред нова година. Во залиха им останале само темни нијанси, а од мојата sand ни трага ни глас... Па сега ја земав sand нијансата на таа антибактериската. Продавачката ми ја понути таа и онаа перфект мат. Антибактериската била полесна од мојава, а оваа перфект мат уште потешка. И се одлучив за првата, зошто оваа во црна тубичка и онака ми беше тешка.
јас сум крајно разочарена од пудрава незнам зошто но воопшто не ми прикрива и дење се познава дека имам ставено долго време си ја користев mаx factor и дефинитивно ке си се вратам на истата