Fearless пробај со четка, ем да не си ги правиш рацете лом, ем да нанесеш поубаво. Инаку ја добив гага пудрава, другарка ја нарача од асос на попуст била 400 денари ама ја утнала бојата сакала потемна и ми ја поклони Рамо до рамо со макс факторот совршенството, доста поевтина е и мириса прекрасно!
Сакам утре да си го земам сетов меѓутоа незнам дали е добра пудрава ако некој ја користи нека пише каква е
оваа за нијанса потемна и бронзените од лево ...многу сум задоволна веке 2 години ја користам оваа комбинација
Сум користела многу пудри и ефтини и скапи..значи и импала и од орифлем и мах фактор и од севентин, ама ниту една пудра не ми одговара. Никако не можам да си го погодам бројчето и сите пудри ми исчезнуваат за време од 2 до 3 сати од лицето.. Па сега незнам дали тоа е до лицето мое или пудрите . Па девојки ако знаете некоја пудра што трае подолго помагајте
Пудрата е добро покривна,хидратантна но многу тешко се нанесува на кожата,ако не се размачка за неколку секунди веднаш се суши и делува неприродно.Значи според мене не е ни добра но не е ни многу лоша пудра.
Најдобрата пудра! А каде тоа се продава 680 денари? Инаку ја користам веќе 5 години и не планирам да ја сменам.Ја нанесувам со прсти!
Здраво,сакам да ве прашам дали некој има користено од пудрата на gosh и како сте задоволни? Ако може и цена..
^ За на јака денска светлина не е, се познава многу. Инаку за навечер или облачно време е одлична. Ја имам користено одамна и мислам дека беше околу 600-700 ден.
И јас ја користам истата пудра (со минерали) и истото руменило како beyonce1 веќе подолго време и сум задоволна. Revlon е исто така одлична, но престанав да ја користам од кога козметичарка ми рече дека најдобри за нашата возраст се пудрите со минерали, а revlon покрај тоа што покрива исто и му наштетува на лицето.
Мене Био детоксот на Буржоа не ми се допадна воопшто. Ќе ја подарам на сестра ми или на некоја другарка, дефинитивно не ми е ич погодена. Жал ми е 400ден што дадов за неа, не па 800. Многу брзо се суши, ептен брзо и го прави лицето како некои ситни брчки да имаш. Комбинирана кожа имам јас, океј е тоа ама оваа па ептен брзо се суши и лицево ми го суши како дехидрирано ми е. Дефинитивно големо НЕ.
Карина сакаш да се дружиме ? ! Инаку дај кажите од новиов каталог од Авон кој од овие е подобра ? Авон калминг ефект 339 Течна со мат ефект 299 или Лесна Пудра идеал шејд ли 249 Унапред благодарам ...
уф, мене пудриве од авон сите ми се исти. Значи збориш за овие две, и таа матот незнам која е, стави слика да не роварам по каталогот. И двете сум ги користела, првата мене ми се допаѓа океј е ама не е нешто WOW, а втората ми е катастрофа, мене ми го сушеше лицето многу а имам мрсно Од тогаш не ни помислив да ја купам. Само сите овие пудри се полесни, поводести и не многу покривни, барем јас таков впечаток имам Ако имаш суво лице немој матот, земи ја најевтинава Спојлер уште и поуст да ти дадат, топ и да ја утнеш да не ти биде криво многу Ама мене крш ми е со нијанси погодување, еднаш немав точна нијанса погодена...
Абе јас си ја користев Буржоа ама сега не ми се даваат 900 денари рецесија и тако то знам не се кој знае какви ама онака да гурнам до завршеток на кризава инаку во комбинација се ... Која е најдобра ? ! Бидете сериозни жртвувам многу пари ште ве молам , Озбилна сум де која има некое искуство нека поможи ...
Женски јас денес зедов пудра од Gosh И според мене е мнооооооооогу убава,мене се можно ми покри на лицето,а имам таква боја на тен што многу тешко наогам правилна нијанса,но зедов 18 и можам да кажам дека комплетно се поклопи со мојот тен.Инаку знам дека пудрите на Gosh и на Artdeco ги користат при професионално шминкање..
Вообичано ја користам Менхетен мат во црната тубичка, ама бидејќи овојпат никаде ја немаше, ја земав антибактериската. Ја земав истата sand нијанса, ама пустата на брзање бев и не ни ја отворив. Продавачката ми рече нијансите дека биде исти, само разликата била во составот. Отварам дома - гледам потемна нијанса! Ја ставам, што да видам... јас имам светол тен и ептен ми се разликуваше од вратот. Па бев денес да ја сменам, и ми даде исто антибактериска, ама нијанса beige. Sand нијансата ја направиле различна на мат и перфект мат Anyway, ја пробав, и повеќе сум за антибактериската. Не дека имам проблеми со кожата, чисто лице имам, ама ми се свиѓа тоа што не е толку тешка како црната и многу полесно се размачкува. Претходната морав со четка да ја мешам со крема, па да ја нанесувам. Тамбс ап! :up: