Пробај со четка купи на макс фактор сеа има на попуст за 300денари. Јас ја имам и убаво се нанесува, задоволна сум. Само шо знам на почеток пудрата ми беше ок, сеа некако како да осеќам дека кожата не може да дише а не ставам многу пудра.. Оценка 1-5, 3. Пудра ако има некој да ми препорача за сува кожа. Да не е макс фактор пошо ја имам дома и ревлон колор стеј.. цена до 900-1000 максимум
Макс Фактор 300 ? ? ? Каде беее , инаку денеска добив флаер во ГТЦ ама био детокс како ли беше ... Ко да не е за мене нз ја немам користено
Зошто кога ке се гушнам со некој, оставам трага на рамото? Премногу пудра ставам? Користам само течна и тоа не е од онаа боја паштета, туку е ок и за тенот и за покриваност... Веројатно треба да се промени пудрата или е сепак до количеството кое го употребувам? Искуство слично?
Девојки, ве прочитав неколку страни назад и изборот ми се стесни на две пудри:Ревлон или Bourjois Flower Perfection. До сега користев Менхетен антибактериска, онаа во плава тубичка, perfect mat, но сега сакам да ја променам и не знам за која од горенаведените да се одлучам. Имам инаку мрсна, проблематична кожа и навистина би ви била благодарна доколку ми помогнете да ја разрешам дилемата. Прочитав дека Ревлон е потешка пудра, па некако изборот ми отпаѓа повеќе на Bourjois, но сепак би сакала да прочитам и некои ваши препораки.
После прочитани бројни рецензии (работава ја дигнав на ниво на научен труд) и јас вчера се одлучив за Flower Perfection на Bourjois. Имам светол тен и ја земав 52-ванила. Пудрата е убава, лесно се нанесува, а што е најважно ептен висока покривност има. Лицето го прави нежно и не се приметува многу. Е сега, негде после 2-3 саати откако ја нанесов, Т-зоната ми светна како никогаш до сега. Значи внимавајте ако имате масна кожа. Мојава е мешана накај сува и затоа употребувам подлога за сува кожа и најверојатно тоа допринесе така да светнам. Се надевам дека со промена на подлогата, поубаво ќе изгледа.
Видов се зборувате за течни пудри ама јас не ги сакам многу многу, па ако некоја знае камена пудра,така што убаво покрива (јас користев на колор тренд од авон мислам беше и ми се потроши) препорачајте ми
Bourjois е полесна и по непокривна,мене ми беше како да имав кремче на лицето,па ми стои веќе цела година полна.Ревлон ми е незаменлива.Може да е потешка,ама веќе се навикнав на неа,и никогаш нема да ја сменам.Само што ми е скапичка,па ја штедам И јас имам комбинирана кожа,ќе си нанесеш малку и доволно е Внимавај само при изборот на бои.Изгледаат за една нијанса потемни на лице,неголи во тубичка.Јас првиот пат се зезнав,сега ја имам најсветлата нијанса,и ми одговара
Гледам дека голем број од вас се задоволни од Буржоа и Ревлон , и се мислам дали следниот избор за мојава ПРЕ ПРОБЛЕМАТИЧНА кожа да биде некоја од нив А би сакала да прашам за пудрите на Виши, ги има некој користено ? Задоволни, незадоволни ?
^Премногу пудра ставате девојки. Ако сакате да покриете нешто, и ставате повеќе слоја, почекајте некое време измеѓу слоевите. А, ако си ставате од навика повеќе, купете си сунѓерче за нанесување пудра, и со неа истапкајте го лицето откако ќе ставите. Јас некогаш ако се занесам со пудрата, си го тапкам лицето со обична салфетка, малку да се нормализира.
Се заинтересирав за ревлонот и сеа да ми кажете..мене ми треба покривна пудра,лесна,за млада кожа,за комбинирана,накај сува кожа.Дали ревлонот е токму таква?Дали ке ми одговара?
http://3.bp.blogspot.com/_Pv_WIeW-2_A/S ... ream-s.jpg Јас ја користам оваа и сум презадоволна.520 ден е.
Епа вака девојки, ми треба ваша помош : Јас, бидејќи "ич" не сум комплицирана, сум во потрага по нова течна пудра за комбинирана/мрсна кожа, по можност да има матирачки ефект, да и дозволува на кожата да дише, но истовремено да е трајна. Пишете некој предлог, и искуства. фалаа *
Не, не, никако не е за млада кожа. Немој никако да размислуваш за Ревлон уште од сега. Добри и квалитетни пудри се, со одлична покривна моќ, но за позрела кожа. (отприлика над 25 години минимум, мислам дека имаш уште време до тогаш ) А за твојава кожа не знам, искрено.....Пребарај ја темава, сигурно ќе најдеш други девојчиња што користеле, па пробај.
Сигурно премногу пудра си ставила, или не си ја размачкала убаво. И ставаш камена врз течната пудра? И јас го имав овој проблем летово иако ставав многу малку пудра, па со камената го средив, сега не дека не оставам траги, ама незабележителни се. Јас сепак би ти ја препорачала Боржуа, Ревлон ми е за над 20 годишни да кажеме. Јес да е повеќе од одлична, ама мене ми беше ужасно тешка и не, не ставав премногу. Дури и премалку беше дозата и супер ми покриваше, ама лицето откако ќе ја извадев поарно да не ви кажувам какво ми беше, цело издехидрирано, а пазете - имам масна кожа. Не би да влијаам врз нечиј избор, ама јас сум за Боржуа. Пола година ја користам Био Дитоксот и одлична ми е, не светнувам цела (носот малку, ама си носам сунѓерче од камената пудра или интервенирам со салфетки/паломи). Имам мааала замерка околу покривноста, значи не е за некоја ептен проблематична кожа, бидејќи треба да ставите мал милион слоеви, или повеќе коректор. Јас ја користам втората варијанта, со еден слој пудра и малку повеќе коректор на критичните места. Сега во план ми е да ја земам Флауер Перфекшн, како што веќе и знаете. Ја имам пробано само од тестери и супер ми беше, ми се допадна како ми го среди лицето и покривноста ми е доволна, зашто лицето ми се исфрла периодично и само тогаш ми е проблематично, инаку е океј. Сакам да сменам, читајте - обожавам да експериментирам со пудри , а шала на страна, ништо чудно и пак да си земам Дитокс, ми се замиле пудрава, ептен ми срасна при срце, ама морам да сменам чисто интервенција да не ми се презасити лицето, па да ви кукам тука низ темава.