Јас штотуку ја набавив oxygen boost од oriflame и иако само неколку пати ја имам искористено сум многу задоволна, лесна е исто како крем за лице да се нанесува, а воедно и покрива многу добро и би ја препорачала на секоја девојка
Детоксот на Буржоа како што кажав не ми се погоди пудрата баш, ама ме интересира околу коректорот. Колку нијанси има, дали е покривен, нели и тој е на 50% попуст ако остана нешто. И нека ми каже некој што се уверил дали и во Шатци има попуст на Буржоа дитокс, да видам коректорите како што..
Ако си во можност да дадеш малку повисока сума, ондак Виши - подобра е и за кожата. Ако не, Ревлонот ќе ти заврши работа.
Само пофалби за каменава пудра. Ја земав минатиот месец од Космо кога даваа подарок четка (која иако е минијатурна е прекрасна) за 450 денари. Течна ја користам Stay matte на Римел и одозгора оваа. Нијансата совршено ми се вклопи во кожата, а бидејќи има обичај да ми сјае супер ми ја матира. И трајна бре, може не 10 часа ама 7-8 гајле нема. Откако ќе ја ставам лицето ми е препремазно, а плус мене многу убаво ми мириса. А да и морам да споменам. Не знам дали е до мене ама имам впечаток дека откако почнав да ја користам и кожата на лицето ми е поубава и некако почиста. Само пофалби по втор пат.
И јас забележав дека лицето ми е многу помазно. Чисто ми беше и предходно ама сега ми е некако поживо, помеко. Не верував дека е од пудрата, ама кога те прочитав се замислив. Зашто други препарати не сум сменила, се ми е исто подолго време. А зашто велиш минијатурна четка? Мојата е голема, мислам нормална големина на четка, со природни влакна. Оваа од сликата така?
Имам пишувано за пудри кои сум ги користела во последниве неколку години во темава но еве ке сумирам. Имам мешана кожа, мрсна на носот со проширени пори и екстремно сува на образите. Пудри кои НЕ ми одговараат се следниве: Estee Lauder Maximum Cover - Скапа пудра (40Еур) која и не е баш толку покривна како што ја рекламираат. Многу е кремаста и ми навлегуваше во најситните бори, ги потенцираше како да сум на 50 години а имам само 2 мимички линии на челото и под очите. Make Up For Ever - Прекрасна пудра, приближна цена како горнава која е најповеке користена во Холивуд од професионалните мејкап артисти но и таа не ми одговара. Не покрива акни и лузни од акни и на носот ми се појавува себум после 1-2 часа. Maxfactor Lasting Performance - Пудрава ми стоеше како паштета на лицето. Не сум сигурна колку е точно цената моментално мислам дека јас ја платив 780 денари. Не бев задоволна ни од квалитетот, само да се допреш ке испадне цел слој. Ја подарив на мајка ми но и нејзе не и одговараше. Bourjois Bio Detox - Среќа што ми дадоа неколку тестери во Космо па ја пробав, не сум ја купила меѓута дефинитивно најлоша пудра која ја имам ставено на лицето. Чини 810 денари во Космо. Кожата не ми ја поднесе, како да ја мачкав на пластика а не на кожа. Не ми покри апсолутно ништо. Заборавив дека еднаш купив Импала. Се намачкав еднаш дома и фрлив директ у канта. Пудри кои ми се ОК: Bourjois Healthy Mix и Loreal Infallible ми се приближно исти по квалитет и покривност. Цената е околу 780 - 800 денари на двете. Можеби би дала предност на Healthy Mix поради (наводно) поприродните состојки и убавата миризба. Покриваат, не ми стојат по цел ден, се бришат но не толку лесно и глобално сум задоволна. Vichy Aera Teint ја купив бидејки спаѓа во медицинска козметика, а повремено имам проблеми со акни. Ја платив мислам 1200 денари. Покрива за нијанса послабо од Bourjois Healthy Mix и Loreal Infallible, се брише / пренесува на алишта лесно но ми врши работа кога немам потреба од долготрајна шминка као носење и земање деца од градинка, пазарење и слично, колку да го изедначам тенот. И на крај пудрата од која сум најзадоволна и ја користам од 1999 година е следнава: Горниве пудри сум ги купувала како за промена но според мене на Revlon Colorstay и нема рамна сеуште. Последниот пат ја купив во Космо 780 денари а утре ке ја побарам во Зегин, читам тка 670 денари била цената. Кога почнав да ја користам имаше само еден вид а од пред неколку години ја прават во две варијанти, за сува до нормална кожа и масна до комбинирана. И покрај тоа што кожата ми е сува на образите, ја користам пудрата за масна/комбинирана кожа бидејки има повеке пигмент и подобро покрива. Пудрата е потешка па секогаш ставам богати хидратантни креми и ја нанесувам со прсти бидејки е густа. Покрива максимално, се впива во кожата и не мрда 12 часа. Ја имам носено на многу ниски температури, ја имам носено Кувајт и Дубаи на 50 степени и останува како што е нанесена. Потта може да се упие со тапкање со палома а пудрата нема да се избрише. Добра е и за плачење, ама само солзи радосници Ви се молам Ке потенцирам дека не ставам камена или пудра во прав бидејки некако вештачко ми се прави лицето. Во специјални прилики користам Make Up For Ever High Definition Powder кој е проѕирен и само ја фиксира шминката. Цената е околу 40Е. Лицето го прави како кадифе. Инако со Revlon Colorstay во секој случај не е потребна камена пудра бидејки покрива одлично и не се брише... Епа толку од мене, се надевам дека некому му разрешив дилема.
Пудрата ја земав 130 денари, и да речиме дека сум задоволна, ми ги исуши мозолчињата, за то лајк најголем, ама не е ич покривна, исто ко да немаш ништо на лице.
Да, оваа од сликата ама рачка ми фалеше мене првиот пат кога ја видов Сега ме утеши не ме измамиле добра четка ми дале. И без рачка се можело А сега кога гледам на уште некој лицето му се подобрува, се ми иде накај пудрата. Која иронија е тоа сите ти викаат не ставај пудра ќе си го расипеш лицето а тебе од пудра да ти се подобри...
Тоа е ваљда доказ дека во составот на пудрата влегуваат природни состојки. Не можам на друг начин да си го објаснам овој парадокс. А искрено, приметив дека иако му ја вадам душата на лицето со долгочасовното носење пудра пак си го има тој сјај на здрава кожа кога ја вадам, што не беше случај со ниту една друга пудра (на течната мислам инаку). Можеби е случајно или потсвесно, ама еве гледам сè повеќе нè има вакви - баш ми е мило.
Јас ја користам healiti mix na bourjois е сега сакам да земам камена ме замисливте со оваа на bourjois чим е сеуште на попуст и има гратис четка сакам да ја земам е сега јас ја користам нијансата 53 дали и камена да земам 53 ај ве замолувам за помош да ми кажете исти ли се нијансите пошто неми се влегува во шатци да прашувам ( разочарана сум од нивната нељубезност) ако се исти нијансите да пратам другарка да ми ја земе
За мрсна и проблематична кожа одлични се двете,пудри кои ги покриваат недостатоците и не му даваат дополнителен сјај на лицето
Девојки преку зима кожата ми е пресува, а на лето ми е премрсна. До сега користев пудра за комбинирана/мрсна кожа ама не ми одговара повеќе. Сакам да купам деновиве пудра па што би ми препорачале? Да земам за сува, за мрсна, за комбинирана? До сега имам користено севентин, менхетен во црна туба и во сина и сега една на деби.
А да бараш за нормална, или евентуално за комбинирана? Ако земеш за сува, може да ти биде прехидратантна. Еве јас ти ги препорачувам пудрите на Дебора. Оваа ти е за нормална до комбинирана, лесна а покривна пудра е. Оваа ти е за секаков тип на кожа, јас бев презадоволна додека ја користев и можам да ти редам пофални зборови цела вечер. Чинат околу 650 денари. Ако веќе не ти се даваат толку пари, пробај некоја на Римел, гледам поефтина варијанта се. Еве можеш да пробаш со таа стеј мат - течна е доволно, мислам дека нема да ти биде тешка. Средна е по покривност инаку, средно накај слабо, ама е ок пудра.