Не ги делам јас на дневна и ноќна пудра, кај мене истата си е. Само што до сега немав проблематично лице и се и сешто за покривање ама сега ми е ужас. Значи ништо од оваа. Сега размислувам за онаа на Римел што оди во акција со маскара или на Ревлон Јарец што ми ја препорача.
Да ве прашам дали може да ми предложите некоја пудра.Имам 15 години па сакам да почнам да користам некоја пудра за вечерни излегувања ама незнам која.Имам мрсна кожа.Па ако сакате препорачајте ми некоја.
Јас за млада кожа ја прапорачувам Севентин Тајм Плус. Незнам дали оти јас почнав со неа.... не е тешка пудра, убава е, одговара на секаква кожа и е веќе испробана и докажана. На неа пишува дека е со пчелин восок кој е убав за кожата
^^ Alica памтам дека имаше сува кожа, значи ти одговара пудрата и покрај тоа? И чини околу 450 денари ако добро памтам? И дали користиш камена врс течната? Прочитав многу добри коментари за Revlon Color Stay, е сега знам дека има и за мрсна и комбинирана и за сува кожа, но пофалбите беа претежно за онаа што е за мрсна кожа. До душа мене кожава последниов месец ми е повеќе мрсна од сува, но како и да е. Е сега бидејќи користам пудра само за ислегувања и некои „побитни“ дешавки да речеме, секојдвнено за на факултет само коректор и малце камена, па ми трае долго така што 700 денари за Revlon ќе ми се исплати, ќе ми трае цела година. Но дали е добра онаа за сува, колку што е таа за мрсна кожа? П.С. дали се добри камените пудри на Seventeen и колку чинат отприлика?
Да имам сува кожа, и порано како помала во средно ја користев на Севентин и ми одговараше супер. Сега е 370 денари. Си ја имам пак дома и ми се наоѓа на пролет-лето кога сакам да ставам нешто полесно на лицето, да изгледам природно. Споредба со оваа на Ревлон нема зашто Севантин е лесна, дневна пудра, а додека Ревлонот е една од најтешките пудри што сум ја пробала, многу е попокривна и повеќе ми е ко за професионална или вечерна шминка. Денски неможам јас таква да ставам. Инаку сега ја користам Хелти миксот течната на Боржуа, во комбинација со Хелти микост камената. А за вечерни излегувања Лореал тру меч. За мојата сува кожа овие ми се перфект. А за камените на Севентин незнам, не сум ги користела ниту сум видела цена.
Може некој да ми каже за каква кожа е пудрава и дали е покривна? И колку пари е,ако може да добијам информација
Околу 500 денари е, ако не се лажам мислам дека е за комбинирана. Знам лани кога бев да си купувам пудра имаше промоција на оваа во Unique, девојката ме праша каква кожа имам и и реков комбинирана, мрсна т-зона суви образи. Ама кога ставив на лице ми направи како лишаи па ми препорача пудра за сува кожа што супер ми се погоди т.е. оваа . Ама ни едната ни другата немаат некоја голема покривност. П.С. ако се решиш да ја купиш мислам дека најевтина е во Зегин, другата ја има, би требало и оваа.
Може некој да ми каже SEVENTEEN TIME PLUS колку чини по парфимерииве или аптеки, каде и да ја има? Јас менувам пудри многу често, импала, мејбилајн и вчера кај другарка ја ставив оваа од севентин, ептен ми се допадна, ве молам ако знае некој нека каже колку е
Само да прашаш оти за членска не знам јас знам дека 400 е цената толку ја земам, може и да имаш некој процент попуст. Среќно, па кажи што си направила, поздрав!
За млада кожа - Јанг дерм (ефтина е), ако си повеќе при пари Севентин е незаменлива за млада кожа (околу 400ден. е).
Феминки последен пати кога бев во парфимерија и кога прашав за оваа пудра ми рекоа дека била за зрела кожа баш и не и верувам на продавачките зошто и тие незнаат А за цена некаде 500 и нешто е
Јас пред некое време ја користев пудрата на Авон color trend и течната и камената и бев задоволна,а сега не коритам никаква бидејќи немам потреба.