Влегов денес во неколку аптеки Зегин ама ја немаше Ревлонот и си земав Maybelline affinitone 24 h. Nude нијанса и совршена е за моево лице. Убаво покрива црвенила, флеки, е сега изразени бубулици не верувам дека нешто ги израмнува. Сепак деновиве планирам и Ревлонот да ја земам оти ќе ја мислам
Марамке јас пред нколку дена купив Ревлон во Зегин Буњаковец, 680 денари. Е немаат тестери ама можеш во Космо да пробаш нијанси ако не си користела до сега На мојот не многу светол жолтеникав тен одговара 180, додека 220 е малку потемна со оранж основа. За сега ми одговара 180ка но за 1-2 месеци кога ке ме фати Сонце малку и за вечерно излегување додавам од 220 за да ја затемнам малку.
Ja kупив пред ден пудрава но сеуште не сум почнала да ја користам (чекам да ја потрошам претходната ). Дали некој има некакво искуство со оваа пудра? Бидејки ја пробав еднаш и ми се чини дека суши некако...
^ Пудрава е најдобра од сите! Барем мене ми одговара, не е сува па да ти се укочи лицето, прикрива црвенило и се изедначува бојата.
Јас од Зегин ја земав 540 денари и денес во Принц ја најдов за 450 денари. На кој му е близу Принц, а ја користи нека си заштеди речиси 100че.
Јас ја користам веќе еден месец. Ја зедов најпрво затоа што е органска а мојата кожа е проблематична , па сакав некоја која нема дополнитено да ми прави проблеми . Е сега...првата недела кога ја користев ич не ми се бендиса , затоа што МНОГУ брзо се сушеше и ми го правеше лицето како излупено цело,што изгледаше многу неубаво башка ми беше тешка за наносување и поради тоа што веднаш се суши треба брзо да се нанесува оти ќе ти останат линии каде што не си стигнала да ја размачкаш убаво. Дали тоа со лупењето на лицето беше позитивен (затоа што ми го отстрани слојот на мртви клетки )или контра ефект од пудрата незнам , ама после една недела лицето ми се смири и оттогаш немам проблем со пудрава. Лесна е , кожата чувствуваш дека ти дише,немаш ефект на маска,има специфичен мирис,лесно може да ти се избрише а и ако ти треба голема покривност треба да ставиш неколку слоеви . Претходно голема количина на крем , за да се навлажни лицето и веднаш да ставиш пудра .Дури ако некогаш ми е многу сува , прстите ги навлажнувам со вода или кремче за поубаво да се нанеси. Треба малце вештина за пудрава, ама ќе се навикнеш
Влегов во темава само за истово прашање да го поставам ,денес ја купив и по 2 дена ќе почнам да ја користам и мене барем на рака ми се виде дека брзо суши па за лицето ќе видам како ќе се погоди, инаку сакав да кажам дека ја начекав на 50% попуст во Космо (413 денари)!
Едно чудо пудри пробав дур си ја погодам Скапи, ефтини, Ревлони, Макс фактори....И конечно та дааа! ИМПАЛА бр 2!!!!!!!!! Дефинитивно највеке ми одговара на мојот тип на кожа. А и бидејки сакам природноста да си се задржи на свое место, тамам си е !
Јас ја користев оваа пред да ја земам TIME PLUS на Seventeen. Супер пудра, се задржува на лицето прилично долго само јас не си ја погодив нијансата малку потемна земав тогаш, ама во секој случај е добра, во принцип на Maybelline сите им се добри, и тие со полесна структура се супер за во лето
Се согласува, и покрива и измазнува и супер нијанси имаат - не изгледаш како со малтер мачкана а сепак покрива
Немам проблематично лице мислем немам брукни, црвенило па користам од оваа пудра, и тоа многу ретко ептен ако одам некаде за да ги прекријам белегчињата од операцијата
имам користено пудра на лореал и на макс фактор и до сега најзадоволна сум од пудрата на макс фактор..скоро земав пудра на авон оваа: и мислев дека нема да биде нешто посебно,ама сум пријатно изненадена од пудрава зашто е лесна и прекрива
Многу години давав пари на скапи течни пудри, според моето искуство од најскапите сум била најнезадоволна. 2-3 години ја користев Seventeen Time Plus. Пред една година ја откирв Impala, кога ми ја препорачаа бев скептична заради цената, но кога ја видов колешката без пудра и со Impala, се изненадив и си реков ќе ја пробам и така не се многу пари за да жалам после тоа Пријатно изненадена веќе една година си ја користам и не планирам да ја сменам! Одлична покривност има.
Здраво женски, ве молам за совет, пред да ставам пудра, лицето ми е суво и цело со лишаи, после некој час целото ми се мрсно и никако не можам да си најдам пудра.Помош, ако можете, пишете.
Јас неколку месеци веке ја користам на менхетен пудрата за комбинирана кожа во црно паковање некаде околу 450 ден. Многу сум задоволна затоа што имам сува кожа на носот и целото а мрсна на образите а оваа пудра е како прав , воопшто не осекам тешкотија кога е на мене а никогаш не создава мрсен сјај. Доста е покривна имам неколку лизнички од акни и добро ги покрива. Поздрав