Јас си ја купив сега менхетен сината, за проблематична кожа, зошто стварно имам многу црвенила, како внатрешно нешто, под кожно не знам како да објаснам...сум користела секаков вид на пудра ама ваква до сега не сум пробала никогаш и нема да ја сменам за ништо. не осеќем дека имам пудра на мене, а други што ме гледаат не приметуваат дека имам пудра и ми викаат леле ама ти се исчистило лицето...а колку би сакала да е такво ама битно задоволна сум
Мислам дека оваа пудра на Риммел ќе им биде најпогодна на оние со сува и нормална кожа, можеби комбинирана, ама не би ја препорачала - не е од оние со мат финиш.
Збор два за пудриве, некој ако ги користел?? И дали втората воопшто ја има кај нас? Мислам дека ја немам видено И сакам да прашам, камената пудра треба да е иста нијанса како кожата или нијанса потемна До сега ја користев Cathеrine Arley камената ама некако ми е шубе искрено па планирам да ја земам каменава погоре на слика затоа што таква течна користам и сум задоволна, па се надевам и за оваа ќе ми кажете по некое добро зборче
презадоволна сум од пудрава навистина трае долго а не ко некои влагаш во диско изгледаш ко човек искачас после 2 саати изгледаш ко чудовиште башка за разлика од повекето квалитетни пудри има многу попристапна цена и може секој да си ја приушти.Топло ја препорачувам на секого
Првата е одлична, јас ја користам веќе подолго време и пустата, абер нема од потрошување, ама ајде ми остана уште малце, па ќе се подновам. Инаку, мислам дека (сеуште) ја нема втората кај нас, или пак јас ја немам видено некаде низ парфимерииве кај мене. Не знам дали и колку е правилно, ама јас обично си земам пудри, така да течната ми се совпаѓа со природниот тен, а камената еден тон потемна. Моментално оваа ми е beige - 3ка, и одлична е, а и течната од истата фирма ми е иста нијанса (зашто ја утнав тогаш) и темна ми е. Мислам дека така се земаа - камената да биде нијанса потемна, ама сепак да не се заприметува нели, да делува природно.
А која е цената на камената Manhattan? Мислев дека таа е околу 400 денари, а оваа дека е поскапа бидејќи ми изгледа поубава, ама сепак мислам дека ќе ја купам камената, затоа што ми се чини оваа во прав дека многу побрзо ќе се потроши, а тоа не ми оди во прилог
450 беше кога ја земав јас мојата, сигурно уште е толку. А каде ја има онаа другата, ја користела некоја да каже ценичка, па и по некое коментарче ? Баш ме заинтересиравте и за неа.
Девојки ме интересира дали пудрава е лесна како крема или е нешто во стилот на црната менхетен,или пак се суши одма едвај се размачкува.Ај ве молам кој знае нека пише,ми треба лесна пудра за преку ден,а ако не е препорачајте некоја,имам комбинирано лице
Јас незнам ја немам користено, имам од maybeline многу лесна формула, а исто така од Лореал е многу лесна формула, посебно за во лето, земи си ако сакаш.
Многу е течна пудрава, а ако имаш проблематично лице без коректор во комбинација ич не ја ни замислувај. А и не е нешто многу покривна, слаба накај средна, а се исплаќа за цената, ич не е скапа. И само да прашам - има во Космо козметика на Риммел? Не сум била одамна,затоа прашувам.
^Не само што ja има, туку само ТАМУ и има И риммел матов јарец е добра, со малку камена е ептен супер Mатот е за мрсна кожа, лесна пудра, да убаво рече Мишел, дефинитиивно е денска пудра и не е тешка ич. Ако имаш подочњаци или бубуљице малку коректор, ако не само малку камена одозгора или во прав ама ептен малку и супер е Мене барем ми е ЗА праку ден јас несакам тешки пудри.
такалесна и барам не ми треба покривна.само да не светам.а знаете ли колку пари е?кај мене во населба е 340па ако е мала разлика да не одам до космо само за тоа