Па мислам дека и во Космо е тука со цената,не е нешто многу поефтина (можда некои 10-20 денари) камената е исто 300 и некој денар, јас неа ја купив и сум задоволна.
Женски да ве прашам нешто.. имам нормална кожа но мноогу мрсна на носот и брадата односно на т зоната и гледам дека за таква кожа ја препорачувате на менхетен таа црната за мрсна кожа.. не ми е многу скапа и сакам да ја пробам ама некои цленки прокоментираа дека била мнгу теска и не се размачкувала како густа многу билаа.. Што мислите вие?
Jас сакам да купам уште една,ја користам 10 hours sleep efect на боржуа,но сакам некоја повеке покривна а да не е тешка на лице? Aјде предложете некоја,само да не се пудрите на Mејбилин
Ти пред да ја нанесеш стави крем на лицето да се впие. Сестра ми има сува кожа,ама од сите пудри најпогодена и е оваа за мрсна кожа ,и упорно си ја купува Пред да ја стави става павловичева крема ,чека некоја минутка и веднаш става од пудрата,лицето и е како кристал,мазно. Инаку во Космо е 470 ден,нели беше 420,ја качиле
Јас со четка ја мешам заедно со крема за лице, па потоа ја нанесувам. Ама прво земи си тестерче и пробај ја, затоа што може да не ти одговара на кожата.
Да небидам само мрчатор за пудри од Мејблин, да кажам некој добар збор, поточно за maybelline affinitone 24h. Не е лоша,ама дефинитивно е повеќе за вечерни излегување, трае стварно доста едно 6-7-8 саати и дава некој порцеалнски ефект, што е добро за вечерно излегување. Нема потреба дури од камена или во прав одозгора. Јас ја земав на помоција 550 со карминот, инаку само пудрата колку е?
Морам да се надворзам, јас купив друга пудра на Manhattan, но разликата во цените беше скоро 70 денари, што мислам дека е претеризам малце (барем за мене). Поточно во Cosmo беше 560, во Зегин 493. Ја имаше и оваа што ја барате, сигурно е поевтина.
Може не е потребна информацијава, ама читав наназад и видов има прашања за акцијата на каменава и четка. Уште има, за 480 денари мислам беше, не е повеќе од 500 сигурно, во Еликсир (во Еликсир во Веро трговскиот). Само четкичката е помала, не е како онаа кафеавата за камена на Боржуа, туку е со сребрен дезен и е помала, а инаку е истата форма, и квалитет нели.
Јас сум на голема мака . Никаде неможам да си ја најдам пудрата што си ја користам, Артдеко, ја нема во мојот град, но има само Vichy низ аптеките. Имам екстремно сува кожа, дури ми се и лупи, ако не ми е погодена пудрата после еден час од нанесувањето на пудрата лицетот целото ми се претвара во лиши. Што да купам сега, има некој со ваков тип на кожа? Vichy добра ли е за сува кожа?
Mене прикрај ми беше 10 hours sleep efect на боржуа,и излегов да разгледам,ја видов Pевлонот,пробав тестерот и не ми се допадна како ми стоеше на лице,па и кога видов дека нема пумпица,а и не ми се даваат скоро 40$ за нешто што брзо ке го потрошам,ја видов и лореал infellible,мислам така се пишува н беше лоша,но не би ја купила,појдов и кај Pимел ја барав таа 25 hours lasting finish но немаа тестери,ај и да имаа немаа пудра,им се имаа потрошено,па така си отидов кај боржуа,ја пробав хелти микс ми се допадна и ја зедов број 53 Jас имам нормална\сува кожа се надевам ке се покаже одлична,а другава 10 hours sleep efect ми ги изразуваше сувите делови,па изгледаше неубаво,но сепак не е лоша пудра Kе беше убаво да имаше и сунгерче внатре како и другиве,но не ми е проблем,ке си го носам кабукито со мене Jа зедов и таа компактна пудра,гледам погоре ја фалите,малечка е,но ми се допага за сега,после пак ке пишам каква е,т.е какви се двете
Земи ја Виши нема да зажалиш. Затоа што пудрата соджри и масло за да се хидратира кожата, да не се пресушува од пудрата. Јас сум од Виши многу задоволна. Штета што кај нас Реплек аптеката ја затворија.
^ Тогаш ќе ја земам Виши. Туку Џули, Виши ја има и во Зегин, јас од таму планирам да ја купам. Околу 1200 денари се. А Зегин има во секој град.
Дали слушнавте за новата пудра на Буржоа 123 PERFECT, и случајно да не ја има некој купено пробано, и слично? Јас моментално ја користам таа БИО ДЕТОКС не е лоша, можам да речам сум задоволна ама сепак нешто ми фали па планирам да ги пробам и другите од Буржоа.
Јас пред некое време ја купив Deline пудрата од Илирија. Не е воопшто скапа, ама за моето лице е супер. Мешана е како пудра со хидратантен крем за лице. Ем покрива, ем го негува лицето. Ја препорачувам за сите оние кои не ја пробале. Кошта околу 150 денари. Вака изгледа.