^Јас воопшто не сум задоволна од Делине. Кога купувам пудра сакам да личи на пудра, ако сакам крем ќе си купам крем, a оваа пудра мене ми е како обоен крем
Па добро, секој си има свои потреби. Јас имам чисто лице, и затоа ова ми е доволно, колку да ми даде свежина на лицето. Ова го користат и уште неколку жени и девојки што ги познавам, и се ептен задоволни. Затоа ја зедов и јас, и супер ми е. Јас само сакав да споделам, а секој пак ќе си го користи она што му одговара.
јас имам сува и цувствителна кожа досега немозам никако да си погодам пудра а сум пробала многу.. ве молам препорачајте некоја за ваков тип кожа ама со голема покривност не се важни парите.благодарам
Пробај ја оваа. Јас ја користев, имам сува кожа и ми одговараше многу, ама ја баталив зашто има голема покривност. Јас сакам некоја полесна, доволно ми е изедначување на тен па затоа Боржуа си ја користам сега. И најбитно пред нанесување пудра ставај добра хидратантна крема. Јас ниевеа аква си ја користам
можам во ск да ја најдам пудрава,мислев да идам во мк па да си купам од таму,овде побарав во парфимерија и цените што да ви кажам 40 евра една пудра..а мојава е на крај
Хм, обично во странство се поефтини. Ја има кај нас тука, јас од САД ја зимав и забележав дека таму беше поефтина. Ако добро се сеќавам ја земав не повеќе од 15тина долари
[/quote]Хм, обично во странство се поефтини. Ја има кај нас тука, јас од САД ја зимав и забележав дека таму беше поефтина. Ако добро се сеќавам ја земав не повеќе од 15тина долари[/quote] да бе и јас се зачудив ми вика 40 евра па дури и ме прашува дали ми одговара цената
Здраво на сите и јас сакам да се надоврзам за пудриве...моја пријателка има мрсно и доста проблематично лице, значи акни,лузни и сл...нема пудра која ја нема пробано...сега зеде една ЛР козметика....WOW no comment како изгледа како никогаш да немала проблеми со лицето, се прекрива...и нема негативни ефекти веќе 1 месец како ја користи...сега сум во план да ја земам Дали некој од вас има пробано за тоа?
сум слушнала за оваа дека ја фалат многу но некои велат била за мрсна кожа дека дава мат изглед..затоа се двоумам да ја земам..дали е точно тоа според твоето искуство?? позз
Не знам дали некој веке ја има спомнато ама овај викенд открив прејака пудра на Garnier 5 in 1, многу е нежна а покрива буквално се, мене ф крај ме бендиса таман така лесна летна пудра)
Да, девојката е во право ... фактички и може да послужи како лесна мејк ап пудра. Инаку е крема која хидратизира, која има УВ фактор заштита, која ги пополнува порите, ги прекрива недостатоците и анти ејџ ефект наводно има. Е сега колку е ефектна ...
Гарниер Миракл скин поише е крема него ли пудра.Уствари тонизирана крема му доаѓа. Нема шанса ништо да ви прикрие,како црвенило или некои други недостатоци,само убаво го тонизира и хидратизира лицето. Јас си ја користам кога не сакам да ставам пудра,ама неќам ни таква бледа да шетам,и супер ми е. Ама не би ја препорачала на оние со проблематично лице,или мрсна кожа.
Предлог некој да ми даде за тонирана пудра ? Сакам да си купам но да е квалитетна и да одговара за мојата чувствителна кожа склона кон акни Користев такво тонирано кремче беше повеќе одошто пудра од Avene, и го употребував како стартер пред да ставам пудра и супер ефект даваше .но за жал кај нас го нема.... Па ако користел некој нека ми препорача нешто
BOURJOIS - Течна пудра 1.2.3 Perfect за совршен тен! Пудрата се одликува со посебна, напредна технологија на користење на пигменти во повеќе бои, за да се обезбеди совршено избалансиран и беспрекорен тен. Во својот состав содржи 3 различни пигменти: 1. Жолтите корективни пигменти овозможуваат одморен и свеж тен. 2. Виолетовите пигменти обезбедуваат сјај и младешки изглед. 3. Зелените корективни пигменти го неутрализираат црвенилото. Иновативната формула е особено пријатна за кожата давајќи и 24 часа хидратација и не ги затвора порите. Кожата дише и е заштитена од штетните УВ зраци благодарение на СПФ 10. РЕЗУЛТАТ: ефект на втора кожа и нежен мат финиш!
На интернет прочитав многу позитивни критики за Seventeen Natural Velvet , но некои велат дека е за мрсна, некои за сува кожа и сега незнам се двоумам.Инаку имам мнооогу проблематична сува кожа.. Кога ставам пудра ми се прават како мали лушпи по лицето и многу грдо изгледа иако пред тоа ставам хидратантна крема
За сува кожа е. И не верувај многу на коментари на луѓето, секој човек има различно лице и различни мислења. Со тоа што пудрава на официјалната севентин страна пишува за нормална и сува кожа дека е. Најдобра помош имаш од добри продавачки низ парфимериите (кои се ретки) и од официјалните интернет страни на производите Инаку лицето ти се прави лушпи бидејки не користиш крема и пудра кои ти одговараат. Да, ти може користиш хидратантни креми и пудри ама не вистинските. Верувај те разбирам и јас имам сува кожа и до пред 5 години си имав проблеми. Којзнае колку креми сменив додека не ја најдов вистинската за мене. Може тие тебе нема да ти се добри, но сепак cera di cupra за мене се одлични. Додека не најдеш совршена крема која доволно ќе ти ја хидратира кожата сеедно што ќе имаш добра пудра. Инаку од оние кои сум ги користела ќе кажам дека Мејбилајн имаат одлични пудри сува кожа, а Менхетен најлоши. Ја користев Ревлон и тешка пудра е, која мноооооооогу тешко се вади од лицето, тоа ме нервира ептен. Бидејки секој ден мора со млеко, тоник, сапун и на крај од денот хлорафеникол и цело сунѓерче со пудра која претходно со 3 средства сум ја вадела. Така да сеа ми беше при крај си ја оставив за поважни настани, а за секој ден си купив Мејбилајн па ќе видиме како ќе се покаже. Сакав полесна а доста хидратантна пудра за секој ден и ми ја препорачаа со Хелти Миксот којшто ич не е покривен а и поскап 350 денари. Не ми се дава за лесна пудра толку пари. Порано ја користев maybelline dream satin liquid, лицето порцеланско, но има сјај многу за зимно време е супер пудрата, но летно време светев на челото, а сега бидејки иде лето си земав па ќе видиме