Епа реков, многу е лесна а мене ми одговара зошто немам никакви проблеми со кожата и баш како за да не сум бледа, и убава е ко за на училиште Јас сум лично задоволна
Cакав да прашам и јас за таа 1,2,3 перфекшн на боржуа,ама гледам веке сте прашале,читав на фејсбук и еве што пишува за неа Пудрата се одликува со посебна, напредна технологија на користење на пигменти во повеќе бои, за да се обезбеди совршено избалансиран и беспрекорен тен. Во својот состав содржи 3 различни пигменти: 1. Жолтите корективни пигменти овозможуваат одморен и свеж тен. 2. Виолетовите пигменти обезбедуваат сјај и младешки изглед. 3. Зелените корективни пигменти го неутрализираат црвенилото. Иновативната формула е особено пријатна за кожата давајќи и 24 часа хидратација и не ги затвора порите. Aко ја користи некој,чекам рапорт
Леле ова пудриве на Буржоа ми се слабост значи .Сите (освен БиоДетоксот) ги имам пробано... Деновиве ,денес утре,ја купувам и ви давам репорт,ако некој ја проба у меѓувреме нека пише,изгледа сите не копка .
Jас не можев да редактирам,видов дека назад сите пишале за пудрава рецензија Tуку јас пред 1 недела ја купив,хелти миксот на боржуа,па добра е,скоро иста ми е со 10 hours sleep efect,само малку потешка ми е,па би ја користела на вечер повеке,убаво покрива,јас и немам проблематично лице,така да ми е супер Mногу ми се убави пудрите на боржуа,многу се лесни,и што е најважно за мене убаво мирисаат Mисс те чекам да рапортираш ок?
Јас ја имам користено оваа пудра , а имам мрсна кожа , проблематична и склона кон акни .Ми ја препорачаа затоа што содржи и витамини и бев задоволна .Многу добро прекрива недостатоци а не изгледа како да е многу тешка на лице. Сепак се зависи од кожата еве на пр.мене БиоДетохот од Буржуа и не ми е баш погодена затоа што не ми е ич покривна ама ја користам колку за на училиште а како за вечерна пудра не ја препорачувам затоа што одма може да ти ја снема од лицето Пробај си тестерче и види самата дали ќе ти одговара...
дали добро покрива оваа пудра на буржоа?? за каква кожа е?? јас имам сува и осетлица кожа склона кон акни па ме интересира дали добро покрива? и каков крем користите за хидратација на сува и осетлива кожа? ви благодарам многу
Македониста, не ја препорачуваат за сува, читав рецензии на нет - нормална со многу добра подлога можеби, ама најпогодна е за комбинирана до мрсна кожа. Мисче, ако ја пробаш обавезно, значи обавезно пиши тука све по списак за пудрава, иако мене конкретно ме интересира дали е многу тешка и дали стварно е воочлива на дневна светлина (ма да и не ми е толку важно дали се познава, нијансата ќе ја угодам сигурно). Според карактеристиките одлично се поклопува со мојот тип на кожа, а читам девојки на нет ја фалат а у, ама некако малце покрута, посува од Дитоксот и Флауер Перфекшн ми делува, па затоа питам се питам, да не случајно е и потешка. Знам дека звучи хоуплес и смешно, ама ти си ми единствена надеж. И до кога е 640? Да знам, да си го испланирам буџетот.
која според тебе е погодна за сува и осетлива кожа?? хелпп ми треба ваше мислење конечно да си ја погодам и кремата и пудрата
Росонерка тука има одлично објаснето какви сè пудри се добри за сува кожа. За подлогата што знам, пробај си од хидратантните креми како Нивеа и Дав, макар и Гарниер. Сепак мислам дека Нивеа имаат најсолидни подлоги погодни и за сува кожа, ете Дав на пример мене ми е малку крут, иако имам комбинирана кожа, а слушав пофални зборови и за некоја си крема на Гарниер која исто била убава како подлога за шминка ама ја немам пробано. Спојлер
Ова е одлицна замена за пудра во овој период, па уште и со погодена камена пудра или во прав можете да им кажете збогум на тешките пудри засекогаш. Има повеќе позитивни од негативни карактеристики, кај нас го има во сао две нијанси, но се надевам дека наскоро ке донесат и повеке бидејки пред некое време имаше само една нијанса.
340 е ми се чини у Космо, јас имам комбинирана коза и ми одговара ептен, ми ја матира кожата, покрива црвенила, има фактор...одлично е, со вистински коректор и камена го користам и навечер.
Ај ве молам препорака за течна мат пудра. Имам мрсна кожа и веќе незнам каква пудра да користам , ми треба пудра што добро прикрива флеки и црвенило. и цена од прилика.
Женски ми треба добра камена пудра а мозе и во прав,моментално користам течни пудри на римел и bourjois ептен ми се погодија но кога е топло се потам во пределот над устата,ако има некоја феминка со таков проблем нека пише што користи
И јас ја користам сега оваа новата гарниер бб и супер е толку е лесна а многу покрива некаде околу 300-400 ден и е цената јас сум презадоволна