Hм незнам сега сто да правам A сто не е бас кај ова пудра?? Iма некои сто кога ставас се познава како прав и малце ветер и прасина околу лицето.. Nекои не покриват само така на лице цудно се гледа. Aј некоја убава камена пудра?? Sто не е над 500ден. Pоз
Полесна пудра во живот немам ставено на лице. Како да ставам крем а не пудра. Не е нешто нај прекривна, ама па и мене не ми треба. Не ја осеќам, на мене како да немам пудра.
Па јас имам нормална кожа и супер ми прилега оваа пудра. Мислам дека конечно ја пронајдов вистинската пудра којашто одговара на мојата кожа. Ми го покрива црвенилото што ми се појавува на лицето некогаш.
Долго време барав совршена пудра за моето лице и мислам дека конечноја пронајдов. Во авон сега излезе најнова е феноменална.. се покрива а не се познава дека имаш пудра, лесна е и не го прави лицето вештачко. 500ден е.. ама навитина е преубава
И јас ја имам користено оваа пудра ,овој месец беше ланскиот период а лицето ми беше тогаш мнооогу покатастрофално и стварно е добра , покрива , а не изгледа како да имаш маска на лицето. Плус е со витамини што е добро за лицето и е безмасна. И да напоменам јас имам мрсна кожа и ми одговараше пудрава. Планирам да ја дотрошам Био Детохот и да се вратам на оваа.
Колку сте задоволни од пудриве на мис спорти-и камената и течната? Дали покриваат добро? Сакам да ја пробам каменава пудра, ама уште се мислам. Што мислите?
Што знам некако како да се познава баѓи,и така да јас ја користам само на вечер и + се само нели 2 нијанси...мислам малку глупо е....значи или бела треба да си,или потемна во кожата ако си нешто измеѓу како да кажам...ни едната ни другата....види на мејбилајн да не се до кај 500 ако се земи си мислам дека нема да погрешиш,друга до кај 500 не ми текнува....
Јас ја имав течната и ич не сум задоволна. Не покрива воопшто, се познаваат линии колку и да размачкуваш. Денес ја земав оваа ама сеуште не сум ја пробала. Сега одам да ставам па ќе споделам инпресии. Ми изгледаше ко покривна ама изгледа си ја утнав нијансата. Се мислев меѓу 53 и 54 и ја земав 54. Понекогаш мислам дека преувеличувам со тоа дека ми е многууууу темен тенот. Значи ставив, нијансата е одлична, не се двои воопшто од мојот тен, се впива во кожата. Покривна е, но не многу. Мене maybelline affinitone 24 ми е попокривна, само што се познава малку ко маска и на челото ми се прават лишаи. Ќе пробам со помрсна пудра, па се надевам ќе се среди.
^ Се сложувам со Марамка, и јас ја користам, ама ич ич не е покривна, исто ко да немаш ништо на лице.
пробав тестер од новава 123 на боржуа и не е толку тешка бе како што ми ја прикажаа,дури мислам дека flower perfection е потеска од неа каде каде...па ако купи некој друг,нека кажи искуство
за течна пудта предобра е..за секој вид на кожа..преубава е... од како ја имам не ја менувам,,презадоволна сум....пробајтеја..сите тие што се во текн на нова тешна пудра без двоумејне им ја препорацувам..поз
Јас сигурно ќе ја купам па ќе пишам тука мини-голема анализа. Инаку, има акција во Космо, пудрата е 640 денари до крајот на месецот. Да присоберам пари и пут под ноге да ја земам, и онака Дитоксот ми е при крај. Се надевам дека имаат широк избор од посветлите нијанси.
Имам 3 од Авон. Оваа не ми се допаѓа ич, ништо не покрива, како помада ми делува повеќе. Оваа покрива ама ми ја суши кожата и мирисот и е потежок. А оваа ми е совршена. Не ми ја суши кожата, покрива, мириса убаво и има мали светкички не се толку приметливи ама се на се убава е.
Морам да се пожалам од пудрата што претходното ја фалев. Имам сува (во периодов повеќе комбинирана ) и чувствителна кожа така што пудра не ставам баш многу често, ама кога ќе ја ставев стварно ми беше одлична ми го смируваше лицето ако имав црвенило. Е сега ми направи лишаи и ситни бубуљички! Може е и поради тоа што ја користев со друг крем како подлога, не знам... Но ми се чини дека составот е малце сменет.
Леле значи не е до мене, туку изгледа квалитетот паднал. Јас читајќи тука ја земав црнава за сува кожа, и ставив 2 пати неделава и ми излегоа ситни бубулички ( а јас 1 бубуличка месечно да имам), на јаболчниците, на носот, на Т-зоната се изнафрлив Па сега тортура чистење, креми и итн. Покрај бубуличкиве, ми направи и лишаи, а и не е покривна воопшто. Единствено добро е што го погодив моето бројче на тен, друго ништо.