Барај ги пудрите на Vichy. Многу се добри и за сува кожа, имаат масло кое ја навлажнува кожата. Треба да ги има само во Реплек и веројатно во Зегин.
Девојки, во Космо во ГТЦ ги има пудрите на Римел, нели? Ако не да тркнам во тоа другото, кај Тинексот... ?
Поскапи се, не знам точна цена ама имаат добра покривност. Како и да е оди побарај, пробај на себе како ти одговара прво, а и да купиш нема да зажалиш навистина.
Ги има пудрите на Rimmel во Cosmo, јас купив од таму, за цената незнам бидејќи јас земав ко пакетче пудра и римел и лак за нокти и тоа ме чинеше 522 денари. А за пудрата немам зборови, одлична е
^ Оваа е. Ја немам истестирано уште, ниту пак сум имала време да прочачкам нешто за пудрава, а ме интересира колку чини само пудрата, за каква кожа е наменета ?
Ја имам пудрава но мене лично воопшто не ми се допаѓа,иако е многу фалена можеби зависи од типот на кожата.Јас имам нормален тип на кожа но пудрата кога ќе ја ставам едноставно не се размачкува наликува на гума,сум пробала и со помрсна и со посува подлога (крем),но никако не ми успева убаво рамномерно да ја нанесам на лицето,дава многу солидна покривност но е доста тешка пудра лицето е како пластифицирано. Цената е 300-320,за секаков тип на кожа.
Да оваа пудра е, имам нормален тип на кожа не ми е ни мрсна а не ми е ни сува, незнам за други ама на мене ми одговара, првин ставам подлога (крема), па пудра, меѓутоа ете секој има различна кожа и кај секој има различен ефект
Новата на Боржуа 123 Perfect е попокривна од Хелти Миксот и од Дитоксот, нели? Мене Дитоксот ми е одлична кога лицето ми е чисто, ама кога се нафрлам е малку катаклизмично - нит акна се прикрива, нит флека. Затоа ми треба барем нијанса попокривна пудра, а се надевам дека новата е таква - не сакам да ја менувам маркава ни под точка разно.
Јас пишав дека според мене не е попокривна од flower perfection, ама од healthy mix 100% е попокривна( ги имам и двете), детокс не сум имала ама мислам дека нешто слично на неа е,можи малкуу попокривна
Ревлон ги има само во Зегин-Буњаковец,конечно потрагата е завршена 680 ден,што навистина значи,зошто во другите парфимерии е 860.Во Шатци имаа само за сува кожа,во Ким ги има сите нијанси,во Космо Гтц им фалеа нијанси,така да Зегин ви е сигурен избор . Се зачудив што различни им се бројчињата,еве сестра ми од Америка ми дон есе тогаш 3 со број 200-Nude,а кај рекоа дека такво бројче не постои Земав 180,малку потемна доаѓа,сепак не се приметува многу. Едит еве ги најдов нијансите значи има 200,ама баш чудно зошто во сите парфимерии ми рекоа дека 200 не постои
Дали некој ја има користено True cover таа што ја рекламираат на Тв? Некако ми е премногу добро за да биде вистинито Каква пудра и да ставам се вцрвенувам и нафрлам,користам Max factor ама ептен ептен ретко за на свадба,матура и сл.
Едно прашање до сите корисници на буржоа пудрите а гледам доста ве има, што се толку посебни и по што се разликуваат од другиве, што сте се опседнале со нив Сама искрено да ми кажете, јас немам ни еден производ од буржоа, па не им го знам квалитетот, а цените како што сим видела во Космо, им се онака не баш ниски па вајда и вредат. За пудрите ме интересира најмногу, не толку дали се покривни, туку нешто што најмногу ценам кај пудра е да не е како паштета да си нанел на лице Дали имааат голем избор на нијанси, посветли, и која е најпогодна за мрсна кожа? Би ви била благодарна ако некој ми ги рецензира
^ jaс добив тестери од Хелти Миксот и мора да признам за 850 денари тоа е пудра која е натинг спешл или не вреди за таа цена според мене. Туку мене друго не ми е јасно Mishela користи пудри од хелти што е за сува кожа, до детокс што е за мрсна кожа. Како така? Или имаш сува или имаш мрсна, видовите пудри се според видот на кожата. Јас не го разбирам тоа или бараш сува или хидратантна пудра. Убаво е кога ти одговараат пудри на некоја фирма ама да ти одговараат пудрите за еден вид на лице Него јас од најновава за летниве денови што ни следат е топ. 500 денари Maybelline affinitone foundation со Витамин Е. Топ за секој ден ако немате проблематично а имате суво лице. Разликата меѓу оваа и maybelline dream liquid mousse e што вторава дава сјај, па на Тзоната светите, така да не одговара за топло време многу, бар според мене.
Јас оваа ја земав вчера во Јуник, намалена на 370 ден. Случајно ја ѕирнав, тргнав со намера да купам друга. Првата нијанса што ја пробав и оп - ми се допадна, ја купив. Golden beige, дава сосем малку ко исончан тен. Инаку е малку течна, но убаво се фиксира на лицето. Ниту ептен лесна, ниту претешка и добро покривна. Не пишува дека е со мат ефект, ама еве ме, 6 часа откако ја нанесов сабајлево, се акав низ град, а намерно не ставив камена, да видам дали ќе светне лиценцето. И не, воопшто не мрдна пудрата. Супер е. Многу сум задоволна.
Мене ми треба помош исто така со избор на пудра.Мојата кожа е мрсна/комбинирана.Но на Т зоната над вегите кога да ставам пудра цела се лупам.Како лишаи.А тоа е дека кожата ми е дехидрирана.Ми треба голема помош за тоа каква пудра да ставам,некој совет.Инаку морам како подлога да ставам крем зошто целата ке се излупам и на носот ХЕЕЕЕЛП!