Која е најсветлата нијанса на пудрава? Низ темава прочитав дека nude e најсветла, ама според сликава ми се чини дека ivory е посветла Мислам дека nude ќе ми биде темна, па сега се мислам која нијанса да ја порачам. Calming effects ја немам досега пробано.
Да знаеш дека скоро кај сите марки ивори е најсветла. Во авон сто посто сум сигурна дека ивори е најсветла, и мене ми одоговарала на кожата Nude е малку потемна, многу малку. Ако не ти треба преголема покривност е океј, инаку не ја замај
^ Јас имам доста светол тен, ја користев almond и беше слична, ама буквално слична со мојот тен. Така да, ваљда и тебе ќе ти пасува. Само ете, уште еден коментар и од мене, средно ужасна е пудрава. Можеби нијансата беше светла, меѓутоа претпочитам да биде налик мојот тен, него ли една нијанса потемна, што ретко ја погодувам. Јас најново ја земав оваа: Ideal flawless/natural beige и сум многу задоволна, ептен е лесна пудрата, не се осеќа на кожа, и ми е таман, пошто мене ми треба пудра дека ми е светол тенот, а не да затскријам некои маани на лицето. Така да .. се изнапричав.
^ 140 денари за 30ml не е воопшто скапо, па се решив да ја пробам, само што не знаев која нијанса да ја земам. Покривност не ми треба којзнае каква, дури ми е малку смешно што земам calming effect кога немам проблеми со кожата. Ама од чиста љубопитност...
Аааа, ти ја земаш таа во тубичка што е, не? Епа ок, можеш да ја земеш ете. Ти викам, онака, колку да се рече дека имаш пудра на тебе, ниту трае нешто посебно ако немаш камена врз нејзе, ама во секој случај земи си една од светлите тонови. Не се ориентирај по `боите` во каталогот, нема благе везе со реалноста. Веројатно си член на Авон, бар така мислам, отиди си во Авон, имаат таму милион примероци, ама ете од мое искуство, а сме ист тен - almond ми беше исто како тенот. Ivory може да ти биде многу бледа, според мене.
Моментално ја користам оваа мајка ми ја купила, али обично денес ставам од оваа, утре од другата и така. Сакам нова да си купам сепак. Препорачајте некоја женски? Течна, подразбирам, камени имам а и само откако ќе се исуши течната благо натапкувам од нив
Преку другарка ми можам да ја земам за таа цена, ама не со ваква прскалка, туку баш таа од сликата што ја постирав до нијансите. А може па и двете нијанси да си ги земам, па која ќе ми одговара - таа
Па извини вака Росонерка, ама каде на пример прочита жити сè дека користам Хелти М. ? Јасно ми е мене дека пудра за сува кожа нема шанси да остане читава на масна кожа (и обратно) и знам на какво лице каква пудра одговара, фала богу тоа одамна јасно ми е, ама стварно ме нервира кога некој упаѓа така, а ете, очигледно не знае за што зборам - извини, морав да ти преречам, бидејќи знам дека сум во право. Никаде во темава немам пишано дека јас ја користам таа пудра, очигледно си се збунила. Како и да е. Си кажав убаво дека користам Дитокс, Хелти Миксот ја имам пробано од другарка и тоа само на рака бидејќи тоа беше периодот пред да ја земам мојава и ми требаше за да споредам нијанса - мене како прво не ми одговара, а недоволната покривност пак уште помалце. И да, фирмава ми е сосема океј, затоа што ми одговараат сите така да кажам попокривни пудри како моменталнава, флауер перфекшн и оваа новата според карактеристиките сум едно 90% сигурна дека ќе ми биде супер. Ја спомнав Хелти миксот (зошто - еве спомнав погоре) и Дитоксот затоа што едната е непокривна, другата солидна, па ако случајно таа што ми треба (123 perfect) е попокривна од двеве, да не се мислам и да ја купам. Тоа беше целата филозофија, од која несомнено настанало недоразбирањево. Во многу наврати имам пишано дека кожата ми е преосетлива и склона кон акни, флеки, митесери и разни глупости. Боржуа е единствена марка до сега што не ми направила проблем, не ми се појавила реакција како лишички, пресушувања и сл. Значи Менхетн ми го упропасти лицето, Севнтин не ми одговара никоја, од Мејбилајн ми се појавуваат црвенила, а ете само Дебора ми беше супер, ама и најсветлата нијанса ми беше бааги темничка. Лореал, Макс Фактор имам пробано само од тестери и не бев задоволна воопшто. Затоа не сакам да ја менувам маркава, а на која не ѝ одговара, фала богу нема да ја терам да купува. Не ја фалам само јас пудрава, еве гледам колку нè има, што значи дека тоа што го зборам и држи вода до некаде, иако нели од секое правило исклучок - мора да има некоја на која нема да ѝ пасува нешто од фирмава, затоа има милион други ... Руменилата се единствени кои уште ги немам пробано, ама наскоро планирам да земам. Ако ти требаат детали oколу пудрите - тука сум. Плавуша, немаш пишано каква кожа имаш, инаку ќе ти дадев предлози. И да, тоа што понекогаш сакам да помогнам и се вмешувам во муабети за пудри наменети за сува или нормална кожа, не значи дека сите ги имам пробано, напротив, низ темава имам пишано кои и што пудри сум користела, неколку се, за сè друго највеќе имам читано рецензии по интернетов, или сум си набавувала тестери чисто онака од радозналост, или мои блиски што имаат користено. Едноставно ме интересира и си истражувам.
Мишела,да тте прашам за боржуа.Која точно ја користиш?Може да ми пратиш слика од таа што ја користиш?Благодараааам многу. А за руменилата,јас имам користено не е којзнае што не е за поафалба.
^ Извини Мишела може грубо те прашав не ми беше целта, се извинувам уште еднаш, прашањето е за пудри, не сметав дека ќе се свати пресериозно. Посебно те прашав тебе зашто си активна многу во темава и секогаш помагаш. Многу е лош форумот кога ќе поставиш прашање па не знаеш ни дал сум лута, ни дал сум сериозна, ни дал со обичен тон би те прашала. Јас само директно си го поставив прашањето. Фирмата си е според мене супер, само прескапичка некако. Барем јас со сува ми се препорачува хелти миксот а воопшто ни е покривна ни ништо, ама па од друга страна па е многи квалитетна во однос на состојките затоа вајда со цени е слична на Макс Фактор. Руменило имам јас и сум прилично задоволна. Но интересно е што некои се ептен задоволни а некои ептен незадоволни, има во темата за руменила кажуваат дека не им пуштало воопшто. За мене вредат, мало практично и убава боја даваат.
девојки препорачајте ми добро покривна пудра за мрсна/комбинирана кожа, и да не е многу скапа, до 500/600 ден. ?
Тоа е "маѓијата" на пишаното на некој начин, ма да не ми беше намерата да се направам битолски кабадаја и да се исфрцкам со моето знаење или незнаење, само ете укажав на тоа што сметав дека треба да се исправи, а за озбилноста - ич не се секирај, кај мене секогаш си доминира тој сериозниот тон, оние кои ме знаат навикнати се. Може делумно и јас сум си виновна за недоразбирањава, ама немав поим дека така детално си ме проанализирала. Ајде, нема врска, битно разјаснивме тоа што требаше. Инаку, Mermaidd јас ја користам Bio Detox - се препорачува за нормална до масна кожа, ма да јас би ја препорачала повеќе за оваа вторава. Еве ти и сликичка, ако ти треба нешто дополнително пушти ми ЛП, бидејќи тооолку многу имам зборувано за пудрата во темава, што дури веќе досадна се осеќам, а и да не трупам само информации, можеш слободно да ме прашаш.
Роси а зошто не пробаш со Artdeco Rich Treatment Foundation, одлична е за сува кожа. Малку е поскапа, околу 850 денари за 20 мл, ама подобра пудра јас немам користено. За останатите сум скептична некако, оваа ми е супер, ем е покривна. Пробај.
Благодарам Мишела,ке ја пробам.Инаку воопшто не си досадна,може најактивна но досадна во никој случај.Поздраааааав
Мишела искрено од тебе и чекав рецензија ,знаеш ти си ми пудра гуру Ама не те именував, може и некој друг ќе се јави исто компетентен Јас ја земав буржоа оваа новава 123 нешто Батко ѓорѓија случајно да не испушатам некој попуст јас Ама па не е скапа сега на промоцијава за 640 денари, после кога ако биде 800 и кусур сигурно нема да ми се даваат толку пари а сакам да ја пробам ужасно, иаку ми е 7ма пудра, сите 7 ни до пола потрошени Ама неможев на нет да најдам ни една асална рецензија, ја прашав продавачата и она ми вика дека е за комбинирана до мрсна кожа, а мене ми е баш таква, мрсна само на т-зоната на образите ми е сосема океј, па ја земав. И не е лоша искрено, супер е ставив прееска ми одговара на кожата вајда е за мрсна. Ама и јас како тебе имам осетелива кожа, па ќе ми прија најверојатно Јас сум искрено најзадоволна од Макс фактор ластинг преформанс, само е претешка за преку ден па затоа и ја избегнувам пречесто да ја користам. И затоа во потрага по полесна, денска 100 пудри изнакупив за да најдам тоа што ми одговара и искрено, освен од мејбелинот од сите др сум задоволна и тоа поприлично. И оваа 123 буржоа е стварно супер,вака од едно ставање, лесна е доста не паштета лајк пудра. Супер ја погодив нијансата 52 убава не пребела ни темна.Лесно се размачкува океј мирис солидна покривност само цената ќе биде проблем.
Mене овај период ми излегоа многу акни на лицето,не знам заштo Hикогаш не сум имала толку акни,и хелти миксот не ми ги покриваше баш акните,сакав да ја земам новата на боржуа ама не ја имаа уште донесено,па го земав Pевлонот,пробав тестер и ми се допадна тоа што е многу покривна,но многу е тешка и ме нервира тоа што нема пумпица Bажно покрива,ја земав оваа 180 Sand Beige,па ке видам како ке се покаже потака и ке пишам
Ајде и јас да се умешам малце...вака....покомплицирана кожа никад не сум видела од мојава...фино лепо си имав чисто лице..си ставав само малце пудра кај грдите подочнаци..послем си купив од bourjois една со четка на нејзе...и си се уништив нормално...ајде нема везе тоа што имам ситни бубулички...сега ми се потроши грдата пудра која НЕ ПОКРИВАШЕ ништо посебно...послем си купив само коректор од гош и така...добро ви ја кажав мојава историја а заборавив да кажам дека кожата не ми е ни СУВА НИ МРСНА...т.е кога како...е сега очајно ми треба нова пудра ...каква,која,што,зашто? епа помагајте феминки едит:само да не е прескапа..
Леле Хипстер, ти и Марама сте ми нај вака што ме убедивте да се навртам кон пудрава - не дека не се заљубив во неа уште кога прочачкав нешто на нет, ама ете признавам Мисс Независна ме разубеди малце со пишаното овде во темата, ама ти и Марамката ми ја вративте надежта за дотичнава пудра. Ја отупев со тоа дека деновиве треба да ја земам, ама ете ко за инает ми излегоа некои непланирани глупости, не сум во можност да поминам да ја купам, а и пари стокмив, све по списак. Промотивната цена е до крајот на месецот, нели? После празнициве одам и мора, значи мо-ра да ја имам дома, а во меѓувреме се молам да има останато од светлите нијанси.