Avon se zanikade Bourjois se ubavi ama site se lesni pudni od Loreal samo true match od Seventin taa od 600 e ubava i pokriva Manhattan samo taa crnata vo meko pakuvanje e ubava za MRSNA koza i pokriva Rimel lasting e najubava pokriva i trae Revlon ne se losi ali suvi se , pokrivaat i sekogas stavajte krema bilo kakva za lica pred da nanesete pudna !!!! sum gi koristela site i ne zamarajte so glupi prasanja [mod-kirilica:mdj7onpe][/mod-kirilica:mdj7onpe]
Се изначитав секакви коментари и критики. И само се изгубив во светот на пудрите. Ама бидејќи се разбирате од пудри, барам совет Имам нормална кожа и светол тен. Немам проблематична кожа. Ми треба пудра која ќе го го изедначи тенот преку цело лице (you know what I mean..). Е сега, не сакам да ми се гледа како маска да сум ставила (да се дели со бојата на вратот!). И да не е над 600 ден. Благодарам
Ако бараш таква јас би ти ја препорачала мејблајн , јас ја имам користено и беше супер...а не е скапа...мислам дека околу 550 е,ако не се лажам,можи и севентин,ма да за мене мејбилајн се подобри од нив...
Нормална кожа знам дека сите пудри на лореал се за непроблематична кожа, и убави се ама се над 600 Римел сите пудри ти се до 550,почнувајќи од 302 денари до 550 најскапата. Мејбелин јас не ги сакам баш, е баш за тоа истото што се познаваат многу на кожа а и јас имам доста светла кожа, а се по 500 денари. Макс фактор, Буржоа, Ардеко се квалитетни ама се над 600. Моја препорака да земеш некој од Римел имаш доста избор на пудри до 550 денари. Лесни се и ефтини лесно се нанесуваат. Ако ја има кај нас Rimmel wake me up foundation е стварно супер а е некои 450 денари, ама мислам дека уште не ја донеле во Космо,а е баш таква каква што сакаш. Ако не имаш и други доста солидни за тие пари.
Девојки, ми треба камена пудра и се мислам измеѓу овие 2. Која е подобра и која покрива подобро? Оваа на дебора ми е поевтина, ама јас повеќе сум за буржоа. Која да ја купам? или
Мишел (ме потсеќаш на таа песна од Жељко па затоа ) имам многу сува кожа и обично кога ставам пудра значи сум користела разни и од некои повеќе од некои помалку како да ми се рони на челото, а на другите делови од лицето не затоа сакам да пробам некоја течна, убава пудра што покрива за сува, но не и проблематична кожа како мојата, и да биде нијанса потемна од мојата боја на кожа (а јас имам бел тен) ама добро отом потом. Па? What would you say? Сега видов Трендафилка пишала дека ја зела Maybelline affinitone foundation за 370 денари. Може да ја земам и јас
Си користела некоја на Севнтин? Тајм плус е супер за таа цена, а ете таа сакав да ѝ ја препорачам и на Брајт, покривна е доволно, а не е паштетеста, не се познава така како маска. Или Велвет, онаа со пумпичка. Ја имам пробано на лице, ама мене некако не ми одговараше, а доста покривна пудра е и не е тешка. Спојлер Хелти Миксот некако не ми е за овој период - ќе фати топло, а тоа овошните киселини во нејзиниот состав сомнителни ми се за да се тестира на лето. Може да ти каже некоја која веќе ја користи. Мој предлог е да пробаш некоја од Мејбилајн, Росонерка чинам ги има испробано скоро сите, а најпокривна ми стои оваа ја пробав пред скоро (т.е. кога Марама се пофали дека пудрата била одлична, како јас покусо да останам да не пробам ), има солидна покривност, ама да не ти биде претешка бидејќи спомна имаш многу сува кожа. Ма да, би требало со некоја помрсна, похидратантна крема да ти биде добра, ама за секој случај разгледај ги оние кои ги постираше Росонерка некаде на претходните 2-3 странички. Сигурна сум дека некоја ќе ти фати око.
Која цена е таа што си ја постнала? Дефинитивно сакам да си купам некоја на Мејбилајн, се повикува и росонерка да даде мислење како верен потрошувач нивни А и оваа Трендафилка што ја купила ме мами, а и евтино ја зела
Благодарение на вашата препорака ја земав Мејбилајн Афинитон и сум пресреќна бидејќи конечно ја пронајдов пудрата за која трагам 2 години Имам сува кожа, многу проблематична..сите претходни пудри ми правеа лушпички по лицето додека оваа не, туку го прави лицето преубаво,меко, ја хидратира кожата и добро покрива. Цената е сосема пристапна 350 ден. Спојлер
за комбинирана накај мрсна кожа, која од следниве пудри би ми ја препорачале? или значи ми треба покривна пудра, ама не претешка (kako revlonot на пример не сакам толку тешки). до сега сум користела од авон една со пумпица и таква цел живот ете сега TennisBabe ме збуни шо вика дека оваа афинитон е за сува кожа, а претходно некој имаше пишано за мрсна дека ја користи
или пак за мрсна е jас за оваа 24h со пумпицава ме интересира, не таа во туба, шознам можда се различни и сепак која е најпогодна за мрсна кожа ако користел некој нека ми препорача
500 и можеби некој денар плус минус, ама не сум баш сигурна дека е за толку сува кожа како што ја опиша твојата, а сепак е супер покривна нема што. Можеби со похидратантна подлога ќе ти биде добра, бидејќи и не е така крута, тешка пудра - без да си пробаш немој да се избрзаш. Мене и оваа ми фати око, а и гледам доволно е течна и кремаста ко за сува кожа. Онаа со црвеното капаче мислам дека ќе биде попогодна за комбинирана, а оваа ми е ко за сува-нормална. Е сега, Лореал е над петстотка, 600 или 700. А таа што Трендафилка си ја купила, сигурна сум дека ќе ти одговара, само треба да си провериш колку ќе ти биде покривна. Rimmel, или последната што си ја постирала. Јас имам ист тип на кожа и Велветот на Севнтин не ми беше баш по мерка.
Мишела и сите што имаат желба на паталецов да и помогнат Значи се изнакупував ѓубре не знам ни сама колку пудри џабе ми се купени . Барам совет поучите ме значи за нормална кожа . Да е покривна и лесна се мисли да не биде као глет маса . Цена небитна . Освен тоа ми треба една за вечерна потешка и една полесна за преку ден или ако има една ама вредна да е лесна ама да ТРАЕ ! Досега задоволна сум од Буржоа хелтимикс ама реков да пробам другиве зошто искрено иако е супер не ми траеше баш , баш ... Од тиа 16 часа на пудрата не беа ни 4 . Значи сите марки се добредојдени ... Данкешен
^ Еве јас да се пофалам дека конечно ја купив новата на Боржуа - 123 Perfect. И да ви кажам искрено, сомнителна ми беше на почетокот, затоа што кога пробував од тестерот некако многу лесна ми се виде и си реков - оваа нема шанси ништо да ми покрие. Сега си се смеам ко ненормална, ама ете страшливка сум си по природна за свега и свачега па нормално е до некаде. Ама ете, ставив и на лице и стварно пријатно ме изненади. По текстура е многу лесна, дури полесна и од Био Дитокс, а многу попокривна. Моментално сум малку нафрлана, имам некои црвенила по лицето и акнички по челото, а пудрава успешно ми ги покри и не ми се познаваат. Имам и проблем со подочниците, кои патем моментално ми се преизразени, башка што имам многу светол тен, па и најмалото нивно затемнување ми се познава, ама и тоа се среди, значи кога ќе ставам од пудрава нема да имам потреба од коректор, можеби ете кај некоја (недај боже) поголема акна, ама кај подочниците нема да ми треба ништо друго, што е голем плус. 51 ми беше пресветла, значи иста ко мојот тен, а 52-ката е супер, и ич не дели со природната моја нијанса. Сума сумарум, задоволна сум вака од прво пробување. Не дава ефект на маска и убаво си легнува на лицето. Ја носам веќе половина ден и масните делови уште не ми просјаеле, а немам ставено камена пудра - со малку камена како финиш типувам дека ќе трае цел ден. Лесно се размачкува и нема потреба од брзи прсти како што беше случајот со Дитоксот, не е воопшто тешка, па сигурна сум дека ќе им биде погодна на оние со нормална, комбинирана и масна кожа. За сува не знам, како што кажав лесна е по текстура и не е сува воопшто, па ете можеби со похидратантна крема би била прилично добра и за оние со сува кожа, ама сепак не им ја препорачувам. Ете, ѝ ја препорачувам и на Венди, мислам дека ќе ти биде супер, а ете кажав дека со малку камена би траела цел ден и сметам дека е погодна и како дневна и ноќна пудра. А ставаш камена над Хелти Миксот? Мислам дека и таа повеќе ќе ти трае барем со малку камена/ пудра во прав, или нема фајде?
Сакам да си земам пудра на Макс Фактор... Па предложете ми некоја да е бааајѓи покривна и за сува кожа имам акнички (барам помош од вас пошо во мојов град само една е парфимерија таква и продавачката нишо незнае да ми објасни ) ... И исто така коректор сакам да земам ама да не е мн скап коректорот.. Па ако можете предложете ми и одприлика цена